Why?
Самострел да зеам, да истепам тоа племе
- Член од
- 3 мај 2009
- Мислења
- 2.726
- Поени од реакции
- 2.940
Споредуваш неспоредливо.Верувај, ги знам добро економските услови во државава и ги имам осетено иако не се издржувам сама. Ако не сакаш да те репнат по џеб, едноставно не го прави тоа што е забрането. А добар дел од законите што се донесени би требало да бидат само формалност. Тебе не треба да ти забрани некој со закон да не плукаш по улица или да не ги развееш гаќите на тераса за сите да ги гледаат. И ги има секаде во светот и на никој тоа не му е ненормално туку го прифаќаат како такво.
Пред 7-8 години, уште кога го немаше законот за забрана за фрлање отпадоци имав една случка која сама за себе си зборуваше колку сме далеку ние од културата на цивилизираниот свет.
Шетав со братучетка ми и застанавме на мост да и објаснам нешто за градот. Таа јадеше некое чоколадо и како што беше потпрена на оградата од мостот несакајки ја испушти опаковката од чоколадата. Девојчето ќе се превртеше од мостот надоле за да ја фати опаковката да не падне долу. Кога јас и реков дека нема за што да се грижи и дека сите тоа го прават, таа прво ме погледна малку бледо и со неверување а пото ми одговори дека тоа не е правилно и дека би било многу нечисто ако сите го прават тоа. И така и беше. Беше нечисто. Одиш по главна улица и гледаш како си леткаат кесиња, етикети, се тркалаат шишиња... Зошто? Затоа што некој не можел да чека до најблиската корпа па го фрлил на патот.
Со гаќиве е уште по трагично. Некој треба да ни каже всушност дека не треба цел град да ни ги гледа гаќите. И ние згора на тоа го правиме ненормален.
Само ние овде најпаметни се најдовме па ќе мрчиме а како изговор си го земаме нискиот стандард.
Тебе треба пари да ти дадат за да имаш култура? Треба да имаш поголема плата за да имаш достоинство?
Стоката се учи со стап а човек очигледно се учи кога ќе го удриш по џеб.
Каква врска имаат гаките со отпадоците? Ти не ги фрлаш гаките на улица, ниту му ги закачуваш на комшијата на уше туку ги сушиш во твоето место.
Отпадоците ја загадуваат околината, почвата, воздухот, смрдат...
А гаките какво зло прават? Не можел комшијата да ги гледа... Која малограганштина еј, жалниот синдром, "козата на комшијата".