Нов луд закон “Забрането сушење гаќи“

  • Креатор на темата Креатор на темата Vollstandig
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа решиле нас Балканците(кои уште не сме во ЕУ влезени) со сила да не прават поголеми Европјани и од самите Европјани !
Истава оваа глетка како на оваа тераса во Италија, може често да се сретне и во соседна Грција, која исто така одамна е членка на ЕУ, ама знаете ако неможе да се удри по магарето, ќе се удри по самарот, а ние сме за жал токму самарот ! :facepalm:
Забрането сушење на алишта на сопствената тераса ! :tapp:

Не „забрането сушење алишта“ Туку забрането сушење гаќи на место кое што е во видното поле на сите минувачи. Никој не сака да ти ја види гаќата кога ќе мине по улуца а богами ти си тој што најмалку терба да го сака тоа. Со сила некој култура ти дава а ти уште мислиш дека паметен излегуваш што плукаш на тоа. Не ми е јасно дали сме толку сељачка нација или едноставно има луѓе кои што имаат неопходност од дневна доза на кењање на ствари. Ама изгледа ќе да е ова второво затоа што на прсти се бројат коментарите на темава кои кажуваат зошто не би требало да се воведе законот или зошто би требало. Речиси сите што пишаа се обидуваат духовити да бидат и да испаднат познавачи на работите со тоа што ќе плукаат на нешто. Се плука на се што ќе се стаса пошто тоа кај нас е прифатливо однесување. Многу по „кул“ ќе бидеш ако мрчиш за нешто.

Ќе бидеш бунтовник!!!
 
НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! АМАН НЕМОЈТЕЕЕЕЕЕЕ! Луд сум по комшиката АМАНТЕ БРЕ! Секој месец нов пар гаѓи кои од кои поубави ееееј со чипка без чипка али со врвца, па розеви па небеско сини, па дреч црвени...

Да ви се серам у закон така знаев кога не носи гаѓи комшиката бре (n)
 
Дали ова важи само за зградите или и за поединечни куќи? Дали оние кои живеат во куќа се повластени со тоа што гордо на комшиите можат да им ги покажат соите гаќи?

Бабами живее во мала куќа и единствено место каде може да ги суши алиштата е дворчето кое има ептен ниска ограда. Позади куќата е лепенка со друга а од страните е тесно. Во дневната се готви па ке мирисаат алиштата а во спалната нема место.

Дали бабами ќе мора да ја дигне оградата, или можеби е подобро да и плаќа кирија на сосетката со поголем двор и кај неа позади куќа да ги суши своите гаќи?

Ептен ја сакам бабами и не сакам да оди во затвор или некој да и пишува казни па со извршител да и наплатат. Помогнете со совет.

А да и ова:
Сите што се против законот се комуњари и соросоиди. :pos:Повозвишен и понеопходен закон од овој не е донесен одкако Крале Марко им дозволил на коњите да пијат рујно вино.
_______________________________________

Него ми текна еден топ закон кој не само што ке го полни буџетот, туку ке е полезен за околината а и ке ја намали невработеноста.
Едноставно секој граѓанин во чмарот да му се угради мерач на испуштен метан, и да си плаќа одштета за придонесување на ефектот стаклена градина.
Нормално мерачите нема да бидат компјутерски поврзани со некој центар туку ке си доаѓа човек да го прочите броилото, граѓанинот ке се напупи, овој ке прочита состојба и на крај на месец граѓанинот ке си добие сметка.
Ем помалку прдење и со тоа загадување, ем пари во буџетот ем вработени инкасатори.........
Сега ке ме вработат во влада заради овој предлог.
 
Нека забранат не сакам јас на комшиите под мене да им ги гледам гаќите како им се сушат а плус тоа и не им се убаво испрани сеуште стое тоа кафеното и а некои и се скинати. :гомце: :icon_mrgr:
Нека си купат сушара и таму нека си ги сушат најубаво е тоа а не растргнале од чорапи до тренерки се на жица од 5 метра.
 
Во нормални и цивилизирани опшества законите се носат да го спречат девијантното однесување на поединци кои го загрозуваат нормалното живеење на заедницата, НО ДРЖАВАТА ПРЕДХОДНО ОБЕЗБЕДУВА ПРЕДУСЛОВИ ЗА НОРМАЛНО И УСПЕШНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ .

Кај нас е сосем обратно...прво се носи закон, а дури потоа се размислува како тој закон ќе се имплементира и дали воопшто ќе се имплементира.

Примери има многу

Закон за јавна чистота....но има улици и фреквентни места на кои не можете да најдете корпа.

Во центарот на метрополата немате јавно веце во 21 век и треба да се молите по кафиќите за да задоволите физиолошка потреба.

ИТН ИТН ИТН

Како и сите закони и овој закон би требало да има добри намери и да создаде некој ред....но проблемот е што е копија од некој европски закон и е донесен пред да се создадат соодвени услови за негова примена
 
Не „забрането сушење алишта“ Туку забрането сушење гаќи на место кое што е во видното поле на сите минувачи. Никој не сака да ти ја види гаќата кога ќе мине по улуца а богами ти си тој што најмалку терба да го сака тоа. Со сила некој култура ти дава а ти уште мислиш дека паметен излегуваш што плукаш на тоа. Не ми е јасно дали сме толку сељачка нација или едноставно има луѓе кои што имаат неопходност од дневна доза на кењање на ствари. Ама изгледа ќе да е ова второво затоа што на прсти се бројат коментарите на темава кои кажуваат зошто не би требало да се воведе законот или зошто би требало. Речиси сите што пишаа се обидуваат духовити да бидат и да испаднат познавачи на работите со тоа што ќе плукаат на нешто. Се плука на се што ќе се стаса пошто тоа кај нас е прифатливо однесување. Многу по „кул“ ќе бидеш ако мрчиш за нешто.

Ќе бидеш бунтовник!!!
Девојче кога ќе почнеш сама да се издржуваш во Македонија, тогаш пробај пишувај за култура.
 
Гаќите на жица се само метафора за социо-културниот мозаик на Македонија. За оние кои се плашат од мокри гаќи: ич да не ви чуе, другари, сушете си гаќи на тераса и даље (и растегнете понекој пар дебели ѕиври, да заличи терасата шо се вика). Не само тоа, катапултирајте некој `ркул на улица, измочајте се домаќински у некој хаустор, и згазете некој спор пешак на раскрсница. После седнете со некого на кафе и ламентирајте како народов е стока и како никад нема да станеме Европа. Многу работи можат да се увезат, ама култура и цивилизираност не. Тие нешта се создаваат и негуваат.
Уште ве лажат тоа комунистине! :facepalm:
Абе друже ти озбилно мислиш дека гаките се причина што ти не можеш да влезеш во Еуууууу?
:pos::pos::pos:
Абе ти ако сакаш гаките и на глава си ги закачи и така трчај по улица да се ветреат али додека не ги смениш името и идентитетот на државава во која живееш и со тоа да задоволиш некои изживувања на некои таму ти не влегуваш во таа твоја Еуууу без разлика дали си со гаки или не.
Исто така додека не се подигне стандардот на македонците ти пак не влегуваш во таа твоја посакувана Еууу, таму не сакаат голтари како нас, држава со повеке од третина невработено население. Ете затоа ти нема да влезеш во таа твоја ЕУ.
Поголема малограганштина немам видено.
Гаките биле криви. :facepalm::facepalm::facepalm:
 
Не се брукај... Човекот сакаше да каже тешко дека некогаш свеста и менталниот склоп ќе ни дојдат на европско ниво, а не дека чекаат гаќите дома да си ги сушиме па да не примат во ЕУ.

Со причина е донесен законот и немам ништо против, ама сепак треба да има некои други поприоритетни закони пред овој.
 
Си кажа убаво човекот што сакаше да каже.
Кога веке го тупиш со синдромот на пониска вредност ајде да те прашам, каква е нашата, а каква е "европската" свест? Со што е подобра европската свест од нашата? Ако не ги сушиш гаките на блакон и со тоа имаш "европска свест":cautious: што ке се подобри во твојот живот? Ќе отворат работни места? Ќе те вработат? Ќе ти се качи стандардот? Ке имаш поголем пенис? Кој ке биде бенефитот од "европската свест"?
Ми скурчи да читам мислења каде што се европско е злато, а нашето е џган.
:facepalm:
 
баш како во Италија-
или само европски закони за земји кои не се членки на ЕУ

26840-212450-da55f7d3c517997e6a2813994c2298d2.jpg

Таман си е сликата, гледаш гаќи на жицата..?;)
 
Некој треба да ги плаќа глупостите на Владата, изгледа брзо се празни касата :D.
 
Девојче кога ќе почнеш сама да се издржуваш во Македонија, тогаш пробај пишувај за култура.

Верувај, ги знам добро економските услови во државава и ги имам осетено иако не се издржувам сама. Ако не сакаш да те репнат по џеб, едноставно не го прави тоа што е забрането. А добар дел од законите што се донесени би требало да бидат само формалност. Тебе не треба да ти забрани некој со закон да не плукаш по улица или да не ги развееш гаќите на тераса за сите да ги гледаат. И ги има секаде во светот и на никој тоа не му е ненормално туку го прифаќаат како такво.

Пред 7-8 години, уште кога го немаше законот за забрана за фрлање отпадоци имав една случка која сама за себе си зборуваше колку сме далеку ние од културата на цивилизираниот свет.
Шетав со братучетка ми и застанавме на мост да и објаснам нешто за градот. Таа јадеше некое чоколадо и како што беше потпрена на оградата од мостот несакајки ја испушти опаковката од чоколадата. Девојчето ќе се превртеше од мостот надоле за да ја фати опаковката да не падне долу. Кога јас и реков дека нема за што да се грижи и дека сите тоа го прават, таа прво ме погледна малку бледо и со неверување а пото ми одговори дека тоа не е правилно и дека би било многу нечисто ако сите го прават тоа. И така и беше. Беше нечисто. Одиш по главна улица и гледаш како си леткаат кесиња, етикети, се тркалаат шишиња... Зошто? Затоа што некој не можел да чека до најблиската корпа па го фрлил на патот.
Со гаќиве е уште по трагично. Некој треба да ни каже всушност дека не треба цел град да ни ги гледа гаќите. И ние згора на тоа го правиме ненормален.
Само ние овде најпаметни се најдовме па ќе мрчиме а како изговор си го земаме нискиот стандард.
Тебе треба пари да ти дадат за да имаш култура? Треба да имаш поголема плата за да имаш достоинство?

Стоката се учи со стап а човек очигледно се учи кога ќе го удриш по џеб.
 
Таман си е сликата, гледаш гаќи на жицата..?;)
аааааа неее, си се излажал ако мислиш дека нема гаќи
ја стаив оваа слика како “по прибрана“ но има , има и нив ги има
одам да ручам - па подоцна ќе ти ги приложам „доказните материјали“ ;) да не бидеме во заблуда:pos:
 
Верувај, ги знам добро економските услови во државава и ги имам осетено иако не се издржувам сама. Ако не сакаш да те репнат по џеб, едноставно не го прави тоа што е забрането. А добар дел од законите што се донесени би требало да бидат само формалност. Тебе не треба да ти забрани некој со закон да не плукаш по улица или да не ги развееш гаќите на тераса за сите да ги гледаат. И ги има секаде во светот и на никој тоа не му е ненормално туку го прифаќаат како такво.

Пред 7-8 години, уште кога го немаше законот за забрана за фрлање отпадоци имав една случка која сама за себе си зборуваше колку сме далеку ние од културата на цивилизираниот свет.
Шетав со братучетка ми и застанавме на мост да и објаснам нешто за градот. Таа јадеше некое чоколадо и како што беше потпрена на оградата од мостот несакајки ја испушти опаковката од чоколадата. Девојчето ќе се превртеше од мостот надоле за да ја фати опаковката да не падне долу. Кога јас и реков дека нема за што да се грижи и дека сите тоа го прават, таа прво ме погледна малку бледо и со неверување а пото ми одговори дека тоа не е правилно и дека би било многу нечисто ако сите го прават тоа. И така и беше. Беше нечисто. Одиш по главна улица и гледаш како си леткаат кесиња, етикети, се тркалаат шишиња... Зошто? Затоа што некој не можел да чека до најблиската корпа па го фрлил на патот.
Со гаќиве е уште по трагично. Некој треба да ни каже всушност дека не треба цел град да ни ги гледа гаќите. И ние згора на тоа го правиме ненормален.
Само ние овде најпаметни се најдовме па ќе мрчиме а како изговор си го земаме нискиот стандард.
Тебе треба пари да ти дадат за да имаш култура? Треба да имаш поголема плата за да имаш достоинство?

Стоката се учи со стап а човек очигледно се учи кога ќе го удриш по џеб.
И не мислиш дека треба да профункционира прво тој закон фрлање ѓубре и плукање, отколку да гласаат вакви безвезни глупости од типот на даноци за опасни миленици и гаќи? Има толку многу реформи кои што треба да бидат изготвени и кои пред се би биле насочени кон намалување на буџетските трошоци, невработеноста, дефицитот и кои и се неопходни на оваа држава, а нив изгледа досадно им е на работа па со вакви работи се занимаваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom