Нов луд закон “Забрането сушење гаќи“

  • Креатор на темата Vollstandig
  • Време на започнување

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
треба да ги фати некој, ама на џандарите не им е интересно да се шеткаат низ паркот. подобро им е во некој кафич или кола.
а од друга страна пак ако почнат да казнуваат одма ке спискаат душегрижниците за полициска држава , де за буџетот ке го полнеле, па тие демек решиле незнам што па сега за дрвата ке се фаќале и за клупите. од една страна полн буџет значи многу други работи, а од друга страна кукаат како ништо не било средено. е па сите убајни небива. се е тука испомешано ама полека полека се средува.
Една работа се казни за реална штета како на пр. оштетување
на јавни површини паркови кршење на дрва љуљашки клупи канделабри истурање/бутање на контејнери, фрлање на смет по улици, загадување на воздухот со опасни хемиски материи, возење во алкохолизирана состојба и сл. но сосема друга работа се казни за ненаправена штета на пр. сушење на алишта ......... тоа ти е исто како да ти пишат казна само затоа што некого си погледнал попреку или пак си одел надвор намуртен, а требало насмеан !
Треба да се направат разлики во работите, а не се да се става на куп и тоа што треба и тоа што нетреба, причинување на реална материјална штета или опасност е едно, а естетиката на објектот(конкретно терасата) си е сосема друга работа !
Ама ај нема везе, законот е веќе донесен и тоа е тоа !
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.765
Поени од реакции
21.166

па погоре ти објансив зошто теоретски тој закон ( за гаќите) од материјална гледна точка е многу добар. дали ти ке му ја исчкрташ фасадата на комшијата и со тоа ке му ја падниш цената на имотот или пак твојата ке ја уништиш се со цел целата зграда да биде грда мислам дека е едно те исто. неговиот имот ке вреди помалце од реалната цена и со тоа материјално ке го оштетиш. истото важи и за фрлање ѓубре од 5 ти или таму незнам што. се се сведува на исто и пак е естески проблем со кој паѓа вредноста на имотот. замисли само ситуација дека ти го продаваш станот , доаѓа купец а комшијата фрла ѓубре од 5 и се дере како ненормален или ете ајде испружил и тоа што треба и тоа што не треба на балкон. што викаш ке го пордадеш???
сепак ако становите се приватни зградата е колективна. ако ти ја паѓаш цената на имотот со твоите постапки ја паѓаш и на комшиите.
јас пак ке речам уште ни е чудно и не сме уште стигнати на тоа ниво, но со време тоа ке стане нормално како што е нормално да не ждригаш на цел глас во кафана.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Пффф ... и онака неам место за гаќи на тераса, таму ми е бурето со кисел купус , теглите со пинџур, лутеница и ајвар, везени пиперки, а и казанот за варење ракија ми е на тераса...башка земав пред некој ден неколку кокошки од еден пријател од Трубарево, Велигден иде, ќе ми се најдат домашни јајца, изгор се у продавница...
Али чисто за инает, може да опнам некоја гаќа, да ја развеам како бајрак, како симбол на нашиот нескротлив бунтовнички дух...мојата тераса ќе биде последниот бастион на македонскиот непокор.

Излези момче на тераса и поздрави ја Гоцевата гаќа!!!
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544

Те подржавам 102.3% Ја у зграда чувам две кози и печеснаесе голуби гаќури. Али на приземје, у средено трло и голубарник, културно, човечански. Никад комшија се нема пожалено на мекање, гукање, или било какво друго реметење на ред и мир у зграда. А гаќи и ја ќе развеам, да се знае кој не ебаа закон у државава.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Те подржавам 102.3% Ја у зграда чувам две кози и печеснаесе голуби гаќури. Али на приземје, у средено трло и голубарник, културно, човечански. Никад комшија се нема пожалено на мекање, гукање, или било какво друго реметење на ред и мир у зграда. А гаќи и ја ќе развеам, да се знае кој не ебаа закон у државава.
Петар и плукни некој пат од тераса по џандарите да се знај која куќа мрсно јади, кога веќе по улици плукање те казнуваат со пеесет евра. :D
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Ако се закачат бели гашти на тераса, тоа ќе значи предавање/капитулација ! :D
Но јас ќе закачам вакви, во знак на бунтовништво и непокор ! :LOL:

А за женските:
:pos::pos:
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574

All hail the glorious домаќински гаќи и синдикалки! Традиција си е традиција!
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495

All hail the glorious домаќински гаќи и синдикалки! Традиција си е традиција!
Ако се сушат гаќи на тераса, но само да немаат кафеави флеки ! :D
Инаку традиција си е традиција, еве на пр. мојава тераса има да биде последен бастион на Македонското бунтовништво и непокор, има да се знае ху ис д бос ! :LOL:
Мој совет е да не се предавате толку лесно, немојте толку лесно да се откажувате од традицијата и од повеќе-вековниот Македонски непокор, сетете се накратко на нашите Гоце, Даме, Карев, Питу, Сандански и.т.н. :P

NEVER GIVE UP ! (n)(n)(n)(n)
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
163
Поени од реакции
323
Лично сметам дека овој закон е апсурд. Навистина нема потреба од вакви закони. Прво нека ги решат суштинските проблеми во државава, па после тоа нека носат "украсни" закони за да се уредат вакви банални работи.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
....како и секој закон и овој има дупка....пишува дека забрането е сушење на тараса...но не и меѓу тараси

така да едно јаже од кај вас до комшијата од спротива и гордо гаќите на сонце
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
ОД цела Европа само кај нас може да се сушат гаќи на тераса. :pos: Вчера даваа на вести како не се почитува законов и луѓето си тераат пак по свое. Ќе им лупнат казни па ќе се чешаат.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.791
Поени од реакции
8.371
Победа на љубителите на гаќи, УРАААААА
http://tocka.com.mk/1/64016/transport-demantira-deka-ke-ima-kazni-za-susenje-alista-na-balkon
“За неисполнување на овие препораки не се предвидени казни и санкции за граѓаните, туку истите се дадени исклучиво со цел да претставуваат упатство во одржувањето на станбената зграда и нејзиното подобро функционирање. Заедницата на сопственици на посебните делови или управителот на една станбена, односно нејзините жители можат да ги прифатат овие препораки и да ги применуваат или пак да не ги прифатат што е во зависност од самите нив“, наведува Министерството.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Се изборивте за правото на сушење гаќи на тераса, ова по неколку години како 8 Март ќе се слави.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Се изборивте за правото на сушење гаќи на тераса, ова по неколку години како 8 Март ќе се слави.
Супер, на дело се покажа Македонскиот повеќе-вековен непокор, сме издржале со векови, па ќе издржиме и сега, никој нема и неможе да не спречи да си ги закачуваме гаштите на тераса !
Само напред во нови победи, со гаштите на чело, секако !
УУРРРРРРААААААААА !
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Ете, има демант од Минситерство за транспорт дека тоа било само советодавна норма не и обврзувачка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom