- Член од
- 7 февруари 2011
- Мислења
- 211
- Поени од реакции
- 105
Не смееш да ја подржиш зошто таа плата ќе се додели од нечија одземена плата.. и тоа не заради нестручност туку заради тоа што можеби немал толку прегледи ко што имал друг..Критериум за најдобар доктор може само да се направи кај хирурзите - од 100 интервенции - операции кои пациенти се опоравиле. Ама од операција до операција има огромна разлика.. Обична сутура до трансплантација има претерана разлика.. Значи исто проблем е тоа што може некој е постручен ама ете кај него не отишол пациент не бил дежурен хирургот на пример.. Значи не можеш да го измериш тоа кој треба да земе 100 посто плата а кој не..За да го оправат здравството потребно е покрај новите апарати да вложат и во човечките ресурси.Голем дел од тие доктори ,сестри немаат поима како се ракуваат тие апарати,постојат области во медицината каде со години нема специјализации,старите кадри одат во пензија младите немаат воља да се надградуваат.Државата мора да вложува во повеќе семинари за обука и следење на новите методи на лекување на болестите кој ги практикуваат развиените земји.Ја подржувам мерката за најдобрите доктори да им се додели дупла плата.Да не се лажеме денеска парите се голема мотивација.
И на крај таа и може да биде доделена на друг начин
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
А Eве што треба да се направи во здравството:
Да се врати стариот систем - Да нема капитации,да нема матични лекари туку како што беше порано - Сите зимаа иста плата ( и тоа каква што треба) и сите си прегледуваа кој кај ќе му дојде во ординација.Проблемот со стариот систем беше тоа дека некои многу работеа а други помалку за иста плата..Пациентите си одеа кај кој сакаа лекар.. Ако се воведе стандарна плата и број на прегледани пациенти и прегледи може да се подобри Здравството. Зошто ако е задоволен докторот ќе бидат и пациентите.. Во зависност на тоа колку прегледи и колку пациенти прегледал да му се даде надомест одреден со закон. А не вака да им се крати 30 посто од плата за некој друг да му ја земе..
Второ -
Да им се качат на сите платите
Трето -
Да се направи програм за студентите кога ќе дипломираат да кога ќе почнат да стажираат тоа да им се плаќа,да бидат ставени под менторство кое АКТИВНО ќе биде одговорно а не вака само сите волонтираат и на крај џабе волонтираат.
Откако ќе го положат државниот да бидат сега тие ментори на стажанти.
Истото и за специјализација..
Арно ама се нема пари, се нема респект за доктори, се нема автоматски респект за пациентите..
Во Словенија докторите штрајкуваа 6 месеци и сега зимаат големи плати..
А кај нас ќе им ги кратат за 30 посто
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Владата може да се задолжи за да има повеќе пари за Здравството - ама нема да го направи тоа додека не излезат на штрајк докторите..[/quote]