Нов амбициозен тим во здравството, ќе донесе ли промени?

Очекувате ли новиот тим во Министерство за здравство да воведе ред во здравството?

  • Да

    Гласови: 30 24,6%
  • Не

    Гласови: 92 75,4%

  • Вкупно гласачи
    122

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.257
Абе викам јас најдобро е да си пензионер во денешни услови...
За 10 дена месечно, 15.000 хонорар.А другите хонорарци по 4.000 месечно :tapp:Место да добијат поголема бројка употреблив персонал 30 дена месечно, тие ова.

Пет пензионирани доктори се враќаат на работа
Првата петорка на доктори се Вера Спировска кардиолог, Љупчо Каровски ортопед, Ордан Нојков анестезиолог, Нада Марина ревматолог, Миодраг Врчаковски радиолог.​


Пензионирани доктори десет дена во месецот ќе бидат ангажирани во болници да прегледуваат и да вршат обука од областа која им е специјалност.

Месечно ќе земаат хонорар од 15 илјади денари. Првата петорка на доктори се Вера Спировска кардиолог, Љупчо Каровски ортопед, Ордан Нојков анестезиолог, Нада Марина ревматолог, Миодраг Врчаковски, радиолог.

„Не станува збор за дефицитарност на кадар, туку постарите професори да им помагаат на помладите колеги. Сепак станува збор за реномирани професори“, вели Никола Тодоров, министер за здравство.
Овие доктори освен на клиничкиот центар ќе бидат ангажирани и во болниците во Охрид, Тетово, Куманово и Велес.

Мирјана Мирчевска Јовановиќ​
24.10.2012, 15:02

 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.257
ПРОДОЛЖУВА ШТРАЈКОТ НА ЛЕКАРИТЕ

НАПИШАНО ОД МАЛЕНКОВА ТАТЈАНА НА 15 НОЕМВРИ 2012. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД
Штрајкот на лекарите продолжува и денес. На клиниките како што соопшти самостојниот синдикат се примаат само итните пациенти. Од вчера се штрајкува и во Заводот за нефрологија – Струга. Поддршка на колегите од клиничкиот центар им даваат сите доктори од
оваа регионална здравствена установа.
„Учеството во штрајкот од нашата установа е од сите колеги без разлика од партиска поделеност. Поддршка имаме и од гранковиот синдикат. Итните случаи ги примаме, а ма другите им укажуваме или имаме разбирање“, вели д-р Асид Муса – координатор на штајкувачки одбор.

д-р Муса открива дека штрајкот во Заводот за нефрологија се одвива според постапките и упатствата добиени од штрајкувачкиот одбор од Клинички центар. Тој откива дека штрајкувачите нема да се откажат од своите права и покрај тоа што кон нив се упатуваат и закани со цел да се откажат од штрајкот, поточно јасно им било кажано дека за деновите кога штрајкуваат нема да добијат дневници.

„Нас не ни е битна дневницата, многу побитна е нашата долготрајна ситуација како се чувствувате, отколку една дневница. Ние не се противиме за други, при Управа за јавни приходи што земаат со средно повеќе
отколку ние специјалистите. Или во ЕЛЕМ земаат плата поголема отколку општ лекар, но ние го сакаме тоа што ни следи“
, вели координаторот на штајкувачкиот одбор.

Штрајкувачите се категорични дека она што го заслужуваат ќе го бараат до крај. Тие додаваат дека за нив не се важни неколку дневници или една плата, туку нивните права.
Штрајкот на докторите го подржуваат и пациентите. Дел од пацинетите кои ги затекнавме во заводот, а беа дојдени од други градови кажаа дека здрвствена услуга од медицинскиот тим им била укажана.

Штрајкот на лекарите започна вчера. Лекарите специјалисти кои втор ден штрајкуваат на своите работни места, бараат укинување на проектот за плаќање по учинок. Министерот и министерството за здрвство не го прифаќа штрајкот бидејќи не била прекината работата со пациентите и дека ќе преговара само со гранковиот синдикат.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.257
Moментално на штрајк :
- КЦ Скопје,КБ Штип, КБ Битола;
- Кочани, Струмица, Радовиш, Ресен, Кичево, Гостивар, Гевгелија, Куманово;
- ОБ Струга и Нефролошки завод - Струга;
од вчера и лекарите во Охрид (освен итни случаи во Свети Еразмо и Кардиолошки центар).
Охридските лекари се солидаризираат со колегите и ги поддржуваат барањата на штрајкот
Докторите и здравствените работници од Јавната здравствена установа општа болница Охрид, се солидаризираат со колегите од другите градови во земјава. Како што изјави претседателот на Самостојниот синдикат при општата болница во Охрид д-р Никола Симоноски, поради реконструкцијата на установата нема услови класично да се оддржи штрајкот, но се изразува поддршка на барањата на синдикатите.


-За жал во општата болница во Охрид не може целосно да се спроведе штрајк бидејќи не работиме стопроцентно, односно чекаме вселување во новиот објект. Немаме листи на чекање, а операциите и потешките случаи ги презема болницата во Струга која го поддржува штрајкот, рече д-р Симоноски, кој изјавата за медиумите ја даде надвор од кругот на болницата, бидејќи, управата на болницата не била известена дека ќе има протест на медиционскиот персонал.

Симоноски посочи дека се води сметка да бидат примени и третирани сите итни пациенти и дека редовно се вршат прегледи, но во помал обем.

-Дали штрајкот ќе се интензивира зависи од одлуката која утре треба да ја донесат двата синдикати на лекарите. Доколку тие одлучат здравството да стапи во генерален штрајк вработените од охридската општа болница ќе го поддржат, додаде д-р Симоноски.

Симоноски изрази надеж дека Министерот за здравство и владата ќе најдат разбирање за барањата на лекарите, кои според него се оправдани.

- Нашиот труд не треба да биде девалвиран и не треба да се третираме како криминалци и граѓани од втор ред. Плаќањето по учинок не треба да се одвива со казнување, туку треба да се воведе систем на награди, односно буџетирање на основната загарантирана плата со уставот и додатоците што докторите ги добиваат за дежурства и покривање на викенди и празници.- додава Симоноски.

Инаку, во ЈЗУ Општа болница работата на сите одделенија денеска се одвиваше тековно без прекини, а пациентите уредно добиваа здравствени услуги.



Со штрајкот се солидаризираат и вработени во Заводот за кардиологија во Охрид каде поради специфичноста на болестите кои се третираат нема прекин во работата и сите пациенти се третираат.

Прекин во работата нема ниту во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, исто така поради специфичноста на дејноста. Менаџментот на болницата не информираше дека операционите сали работат со полн капацитет, и дека се примаат сите пациенти. Во однос на проблемите во здравството, од Коснозглобна со став дека сите отворени прашања треба да се решаваат во рамки на институциите.

Од Здружението на лекарите на Охрид, информираат дека мнозинството лекари ги поддржуваат барањата на синдикатите поради кои започна штрајкот на здравствените работници. Претседателот на лекарското здружение во Охрид, д-р Илија Прангоски истакна дека на состаноците на УО и на средбите со лекарите во градот на неколку пати се разговарало за измените во законот здравство во делот на вреднувањето на трудот, и бил заземен негативен став за што здружението писмено се изјаснило.

-И тогаш и сега сметаме дека вреднувањето на трудот на здравствените работници по учинок нема да ги подобри здравствените услуги, туку напротив ќе ја зголеми нервозата и кај лекарите и кај пациентите, изјави за OhridNews претседателот на Здружението на лекари на град Охрид, д-р Илија Прангоски.

И тој истакна дека поради специфичноста на работата која ја извршуваат здравствените установи во Охрид нема прекин во работата, но како што рече, тоа не значи дека лекарите не се солидаризираат со штрајкот

OhridNews

20.11.2012 14:15

Прочитана е : 317 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.

Ептен јак тој новиот тим во здравството, ептен УЧИНКОВИТ (y)
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
Moментално на штрајк :
- КЦ Скопје,КБ Штип, КБ Битола;
- Кочани, Струмица, Радовиш, Ресен, Кичево, Гостивар, Гевгелија, Куманово;
- ОБ Струга и Нефролошки завод - Струга;
од вчера и лекарите во Охрид (освен итни случаи во Свети Еразмо и Кардиолошки центар).
Охридските лекари се солидаризираат со колегите и ги поддржуваат барањата на штрајкот
Докторите и здравствените работници од Јавната здравствена установа општа болница Охрид, се солидаризираат со колегите од другите градови во земјава. Како што изјави претседателот на Самостојниот синдикат при општата болница во Охрид д-р Никола Симоноски, поради реконструкцијата на установата нема услови класично да се оддржи штрајкот, но се изразува поддршка на барањата на синдикатите.


-За жал во општата болница во Охрид не може целосно да се спроведе штрајк бидејќи не работиме стопроцентно, односно чекаме вселување во новиот објект. Немаме листи на чекање, а операциите и потешките случаи ги презема болницата во Струга која го поддржува штрајкот, рече д-р Симоноски, кој изјавата за медиумите ја даде надвор од кругот на болницата, бидејќи, управата на болницата не била известена дека ќе има протест на медиционскиот персонал.

Симоноски посочи дека се води сметка да бидат примени и третирани сите итни пациенти и дека редовно се вршат прегледи, но во помал обем.

-Дали штрајкот ќе се интензивира зависи од одлуката која утре треба да ја донесат двата синдикати на лекарите. Доколку тие одлучат здравството да стапи во генерален штрајк вработените од охридската општа болница ќе го поддржат, додаде д-р Симоноски.

Симоноски изрази надеж дека Министерот за здравство и владата ќе најдат разбирање за барањата на лекарите, кои според него се оправдани.

- Нашиот труд не треба да биде девалвиран и не треба да се третираме како криминалци и граѓани од втор ред. Плаќањето по учинок не треба да се одвива со казнување, туку треба да се воведе систем на награди, односно буџетирање на основната загарантирана плата со уставот и додатоците што докторите ги добиваат за дежурства и покривање на викенди и празници.- додава Симоноски.

Инаку, во ЈЗУ Општа болница работата на сите одделенија денеска се одвиваше тековно без прекини, а пациентите уредно добиваа здравствени услуги.



Со штрајкот се солидаризираат и вработени во Заводот за кардиологија во Охрид каде поради специфичноста на болестите кои се третираат нема прекин во работата и сите пациенти се третираат.

Прекин во работата нема ниту во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, исто така поради специфичноста на дејноста. Менаџментот на болницата не информираше дека операционите сали работат со полн капацитет, и дека се примаат сите пациенти. Во однос на проблемите во здравството, од Коснозглобна со став дека сите отворени прашања треба да се решаваат во рамки на институциите.

Од Здружението на лекарите на Охрид, информираат дека мнозинството лекари ги поддржуваат барањата на синдикатите поради кои започна штрајкот на здравствените работници. Претседателот на лекарското здружение во Охрид, д-р Илија Прангоски истакна дека на состаноците на УО и на средбите со лекарите во градот на неколку пати се разговарало за измените во законот здравство во делот на вреднувањето на трудот, и бил заземен негативен став за што здружението писмено се изјаснило.

-И тогаш и сега сметаме дека вреднувањето на трудот на здравствените работници по учинок нема да ги подобри здравствените услуги, туку напротив ќе ја зголеми нервозата и кај лекарите и кај пациентите, изјави за OhridNews претседателот на Здружението на лекари на град Охрид, д-р Илија Прангоски.

И тој истакна дека поради специфичноста на работата која ја извршуваат здравствените установи во Охрид нема прекин во работата, но како што рече, тоа не значи дека лекарите не се солидаризираат со штрајкот

OhridNews

20.11.2012 14:15

Прочитана е : 317 пати

© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.

Ептен јак тој новиот тим во здравството, ептен УЧИНКОВИТ (y)
Zaboravi GOB 8mi Septemvri Skopje (bivsa vojna bolnica)

Vo Skopje ne strajkuva samo gradska vo centar....usrani se od Kamilovski!!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако сакате плата мора да потпишете дека не штрајкувате – нов притисок врз лекарите? (Фото)


Ако сакаат да земат плата, лекарите од скопските клиники ќе мора да потпишат изјави дека не штрајкуваат, објави телевизијата „24 Вести“.
телевизијата тврди дека до клиниките била доставена наредба од директорите и бланко изјава која мораат да ја потпишат.
Лекарите реагираат дека станува збор за најтешка форма на притисок и обид да се намали бројот на штрајкувачите.
Од Самостојниот синдикат на клинички денеска најавија дека ќе го тужат државниот здравствен инспекторат поради испрашувањето на лекарите кои штрајкуваат.



inShare
http://mkd-news.com/ako-sakate-plata-mora-da-potpishete-deka-ne-shtrajkuvate-nov-pritisok-vrz-lekarite-foto/
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Поголем кловн од овој амин
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.419
За вакво понашање треба да се има IQ :vozbud:

Министре, на инсулин не се штеди
На инсулин не се штеди, велат докторите за указот од Министерството за здравство според кој треба да се намали инсулинската терапија за минимум 15 проценти. Со други зборови им кажува вие треба да умртвите толку луѓе за да имаме таква заштеда, поинаку не е можно, вели поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец.

Како се штеди на инсулин? Прашањето се поставува откако во медиумите се објави копија од указот од Министерството за здравство во кој, меѓу другото, е наведено и следново:
„Целта на Вашата установа е намалување на трошоците за инсулинска терапија за минимум 15 проценти во 2013 во однос на 2012 година“, со подточка дека во случај на неуспех ќе има и казни. Според министерството, дел од докторите давале поскапа инсулинска терапија кога тоа не било потребно, со што го оптоварувале буџетот.
Екс-министерот за здравство, доктор Ѓорѓи Оровчанец вели дека не е возможно да се дава вишок инсулин.
Ако дадете вишок тој пациент ќе влезе во хипогликемија и ќе отиде, ако ме разбирате, значи дозирањето на инсулинот и потребите, количеството се јасно прецизирани, во строги односи, значи не можете, не смеете помалку, не можете повеќе, многу е егзактна работата.“
Препораката е догодина да се заштедат најмалку 15 отсто на трошоците за оваа терапија, а се шпекулира дека најголемата заштеда би била 30 проценти.
Тоа значи дека минимум 10 проценти од популацијата која го употребува инсулинот треба да си оди едноставно, со други зборови им кажува вие треба да умртвите толку души за да имаме таква заштеда, поинаку не е можно“, вели доктор Оровчанец.
Според доктор Милчо Пановски станува збор за лицемерие.
„Указот за кој јас не можам да кажам затоа што сум хирург, меѓутоа е доказ за лицемерие. Тој цело време тврди пред јавноста дека се грижи за пациентите, а сега се покажува дека преку докторите треба да им го ремети спокојството и мирот на пациентите што се покажува со самата изјава.“
Еден куп лекови и цитостатици кои се во прва линија на третман упорно не се ставаат на позитивната листа и покрај тоа што тоа се бара, вели доктор Пановски.
„Има тежок селективен приод за заштита на пациентите. Пациентите треба да сфатат со кого имаат работа и да се борат со своите права, како што сега и ние се бориме за своите права.“
На информациите во медиумите дека ќе се штеди на инсулин Министерството за здравство претходно реагираше со соопштение во кое е наведено дека поради непочитувањето на упатството од страна на лекарите „неколкупати поскапата инсулинска терапија масовно се користи онаму каде што можат да се користат и други хумани инсулини“ што доаѓа до извесно оптеретување на буџетот.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Оваа жена на сите ќе им го збибери. И така треба.

Се разбира дека ставањето ред при вака фино уредено и профитабилно мало стопанство ќе ги вознемири господата што се откажале од Хипократ уште како студенти. Особено оние што денес не умеат да ракуваат со новите апарати, кои губат концентрација ако знаат дека ги снимаат камери додека ги лекуваат пациентите, кои не сакаат да се дознае дека лекарските дипломи ги добиле со кеширање или врски, кои, наместо крајник, ќе ви отфикарат бубрег и кои не знаат ни латински, а камоли англиски јазик. Ќе кренат ако треба и лекарска револуција.


Лекарите од јавното здравство штрајкуваат повеќе од 20 дена. Причината што ги предизвикала на таков чекор е намерата на министерот за здравство да воведе плаќање по учинок. Објаснувањето на штрајкувачите во почетокот беше дека со тоа нивната професија и нивното место во општеството се потценети, обезвредени или, со други зборови, лекарите во јавното здравство од една ваква реформа се навредени. Дали во текот на штрајкот нешто смениле во објаснувањето на своето незадоволство, не знам. А и не ме интересира ни под разно. Она што сигурно го знам е дека се згрозувам и жестам од информациите дека македонските лекари што ги плаќа народот преку буџетот не ја исполнуваат основната обврска на која се обврзале со Хипократовата заклетва. Како пациент и како новинар што извесно време професионално се занимавал со здравството, си земам за право да дадам свој коментар за ваквото неетичко поведение. Како прво, лекар што во име на штрајкот го ризикува здравјето на кој било човек не е лекар. И не треба да зема плата ни по учинок ни како било поинаку. На таквиот местото му е на столбот на срамот, што посебно како „опција“ ги разлути лекарите. Јас немам добро мислење ни за луѓе што, кога пред нивни очи би паднал човек, би избрале сеирџиски да го гледаат или едноставно бесчувствително и незаинтересирано би го прескокнале како да е партал. Во сеќавањето ми е врежан споменот на првото соочување со манифестацијата на отчовеченост во големите мегаполиси како Лондон, Њујорк, каде што на тротоарите можете да се сопнете од некој паднат несреќник кого забрзаните луѓе го третираат како парче отпадок и го заобиколуваат незаинтересирано. Ни тогаш ни сега не можам да ги поимам ваквите поведенија. Затоа се гневам. Се гневам и кога сум морала да фаќам врски за лекарски преглед и сум умирала од срам од луѓето што чекале ред зашто немале врски. Никогаш не сум можела да разберам зошто оној што го плаќам треба и да го молам дополнително за да ми ја одработи работата за која се обучил доброволно и се обврзал да ја врши. Не помнам ниту еден лекар кога било да се побуни или да се навреди, а камоли да иницира промена на општествената „традиција“ лекарската врата да се отвора со заби, оти во рацете, нели, носиш дарови за докторот што те излекувал. Како да ти направил услуга на која не е обврзан.

Еден проминентен македонски лекар, едно време и шеф на една од скопските клиники, колумнист, политички ангажиран човек и мој пријател од гимназија, во една од своите колумни во „Утрински весник“, којзнае од кои причини, напиша дека Хипократовата заклетва била старомодна и повеќе не важела.
Демек, поентата му беше дека во денешното време со поинаков вредносен систем не важело она дека лекарот е должен да пружа помош секогаш, во секакви услови, без оглед на општествени, лични или други околности. Тој излезе со став дека кој има пари ќе може да добие здравје. Еве и сега, кога се потсетувам, чувствувам како ми се крева адреналинот. Како и да е, на мојот пријател (инаку левоцентрист) му возвратив со жесток јавен одговор. Значи, нема и не може да има оправдување за вакво размислување! Но она што еднаш беше колумна, еве, денес е реалност. Стигнавме до парите и лекарите.

Интересно е дека македонските лекари во јавното здравство традиционално немаат пари, малку се платени, ама за тие малку пари, машала, како добри домаќини, со квалитетен менаџмент, успеале да си ги стокмат своите приватни домаќинства како кукли. Нели ние постојано се прашуваме на што се трошат „народните“ пари? Молам! Истражувајте и ќе дојдете до одговорот. На пример, зошто во скопските клиники никогаш нема ни лекови, ни помагала, ни чаршафи, ни варосани ѕидови, ни сапун, ни тоалетна хартија, а во исто време, безмалку секој јавен лекар, во „слободно“ време ординира и во некоја приватна клиника или ординација? Зошто за услугата што еднаш сте ја платиле низ буџетот, ве тераат да платите и вторпат кога јавниот лекар во доверба ќе ве извести дека е подобро да му дојдете на преглед попладне, на неговото алтернативно работно место, каде што за услугата ќе треба, нормално, дополнително да платите?
За учинокот оти ви ,,учинил“ хумана услуга. А не морал! Таму, во тие ординации ќе ги добиете сите одговори на вашите „навредливи“ прашања. Тие ординации се стокмени со вашите народни пари и во нив има сѐ што нема во јавните клиники. Друго прашање е како од скромната лекарска плата успеал да скоцка модерна ординација и да вработи помошно особље.

Професор д-р Владо Димов, лекар и политичар што како криминалец кидна од Македонија, беше познат по тоа дека својот учинок го остваруваше со т.н. викенд-ординирање. Во Македонија има 33 болнички центри и господинот доктор уредно ем редовно си вршеше прегледи и операции во секоја од нив со помош на своите колеги од „внатрешноста“. Можеби учинокот во матичната клиника му беше мал, ама оној што го вршеше лично за себе му беше десетпати поголем. Нормално, за фазла пари. Колку пари заработуваше? Господ и тој знаат. Владо Димов не е исклучок. Правило е.

Па се разбира дека ставањето ред при вака фино уредено и профитабилно мало стопанство ќе ги вознемири господата што се откажале од Хипократ уште како студенти. Особено оние што денес не умеат да ракуваат со новите апарати, кои губат концентрација ако знаат дека ги снимаат камери додека ги лекуваат пациентите, кои не сакаат да се дознае дека лекарските дипломи ги добиле со кеширање или врски, кои наместо крајник ќе ви отфикарат бубрег, кои не знаат ни латински а камоли англиски јазик. Ќе кренат ако треба и лекарска револуција. Кои сме ние да бараме отчет преку учинок или евалуација на нивното знаење и вештини. Ние за нив сме отпад, а тие за нас Господ бог. Оти, нема побеспомошен човек од болниот. Затоа, оние што таа беспомошност ја манипулираат или ја претвораат во сува пара мора да бидат контролирани, набљудувани, проверувани. Тоа е тоа, и д-р Ставриќ и сите негови колеги и истомисленици ќе мора да го прифатат тоа. Ако не сега, утре. Едноставно во новиот амбиент, кога-тогаш, ќе мора да го исполниме и тој услов - учинокот, мерењето и оценувањето на нашата лична стручност и способност - за да станеме полноправна европска држава.

Никола Тодоров е еден од оние ретки политичари што помеѓу удобниот опортунизам, фразерство, лакирани чевли и борбата за промени го избрал второво. Доказ е неговата побелена коса по првите судири со елитните универзитетски професори и лекари. Дури и да нема никакви други особености, оваа докажана склоност заслужува широка јавна поддршка. Оти таквите имаат улога на прва борбена линија, која најлесно гине во наше име и за виши цели. Тодоров како министер се фати во костец со македонскиот општествен крем во здравството и образованието. Реакциите на неговите обиди за реформирање на правилата на игра, и на универзитетите и во јавното здравство, се еднакво жестоки.
Дури и да не сум следела редовно што се случува, сега ќе ми беше јасно каде се сконцентрирани силите на антиреформистичкото движење во Македонија. А повеќе од сѐ ќе ги имав одговорите на најважните прашања: На пример, зошто Македонија, крај толку многу умни и учени луѓе, не е добро место за живот? Пардон! Таа е одлично место за живот само на една сорта луѓе. А тоа недвосмислено го загрозува опстанокот на нацијата и на државата.


Автор: Мирка Велиновска за Нова Македонија
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Денес бев во една приватна ординација. Сестрата нешто јадеше бубрези а и предходно се имаше скарано со менаџерот правела некои проблеми. И си отиде. Менаџерот за 2 часа најде друга сестра и од понеделник почнува пробно да работи новата сестра. Кога ова ќе се случи во Јавно здравство нека ми се јават. :)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Де де де не сум доктор по професија но познавам доктори и мислам дека оваа погоре Мирка ептен јаде бурек(всушност тоа и е и работа-бурекојадачка) ........ по која логика некоја владина платеничка ака бурекојадачка си зела за право да трола лица кои се 1000 пати попаметни и поспособни во секој поглед од неа, мислам ептен ги изгенерализира работите и навредува и дискредитира цела една фела/професија, не секој доктор работи и приватно, не секој доктор е лопов, не секој доктор има приватна ординација и не секој доктор е милионер ............ повеќето доктори кои ги познавам(од различни области) се средна класа, а милиони можат само да сањаат додека спијат !
Б.Т.В. Докторите барем си имаат своја професија и си ја работат својата работа, некој повеќе, некој помалку, има и забушанти и преваранти и помеѓу нив, но има и навистина стручни лица(особено оние од постарите генерации), а од друга страна лицата(читајте бурекојадачите) ко Мирка на пр. и остала про-владина платеничка ’’новинарска‘‘ хорда(да не ги набројувам) немаат никаква професија и заработуваат народни пари со јадење бурек по медиуми и весници и плукање кон сите оние кои се попаметни и повредни од нив, арно ама кога ќе се разболат(а секој се разболува) одма ќе отрчаат кај чичкото доктор да им помогне !
П.С. Иако ова не ме засега лично мене сепак приметувам дека оваа влада целиот нејзин мандат се обидува да плука кон интелектуалата во државава ..... доктори, професори, хирурзи, судии и.т.н. и.т.н.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Па што ако штрајкуваат докторите? Во право се луѓето. Завршиле после 100 години учење, се добиле со некое си звање доктор, специјалист и слично после 300 маки и на крај не знаат колку и дали воопшто ќе земат плата. И јас сум за плаќање по учинок меѓутоа нека им даде една сигурна плата, па кој работи повеќе нека го награди, а не вака земи од едниот дај на другиот.
Плус тоа нека седне овој Тодоров нека разговара, ако воопшто и знае како се прави тоа. Нека штрајкуваат луѓето, имаат право на тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom