Нов амбициозен тим во здравството, ќе донесе ли промени?

Очекувате ли новиот тим во Министерство за здравство да воведе ред во здравството?

  • Да

    Гласови: 30 24,6%
  • Не

    Гласови: 92 75,4%

  • Вкупно гласачи
    122

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Овој не е тој што го "среди" образованието??:tapp:
Ах, смешки..
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.132
Поени од реакции
801
Нема бре луѓе подобрување на здравството... Џабе тим, нема тренер...

Прво имаме министер технократ - кој нема ни т од технократ. За да менаџираш нешто треба да знаеш до детали како тој систем (а здравствениот систем е многу заебан систем) функционира од стетоскоп до томограф, од сестра до хирург.
Министерот веќе го знаеме дека е ултра-популист. Уште од времето кога беше во образование кога свикуваше пресконференции на кои известуваше дека во одредено училиште ќе се набават столици за децата, а новинарите се зезаа.
Немора на камера да ни ги презентира „успесите“, ние самите ќе ги почуствуваме на терен - нека не бере гајле.
Второ - отсуство на организација. Резонанците и томографите за кои се потрошија грдни пари уште неможат да профункционираат, се праќаат специјалисти на обуки, се даваат некои глупави изговори... Додека се оспособат, ќе застарат и ќе мора да се набават нови. Повторно некој менаџер ќе направи пари со зделката и повторно ќе ги имаме истите проблеми.
Сечеа ленти на новата гинекологија, па уште пола година таа стоеше нефункционална.
Направија каша попара со онаа миграција на пациенти, направија каша попара со упатите од специјалист, направија каша попара со здравствените бонови...
Ништо од ова не профункционира во корист на пациентите, напротив само уште повеќе им го скрати животот и секојдневно ги фрустрира.
Трето нема политичка волја. Тоа најнапред го гледам од дрскоста на овој гломазен левијатан да постават „голобрадо“ момче кое сеуште нема изгурано ни 2 години на едно исто работно место. Партиски човек, кој мора да биде на висока функција поради името на неговиот татко. Така не се поправа здравство. Тодоров може колку сака да „сука ракави“ и да „се препотува на пресови“ и да „дебатира со надлежните“... факт е дека неможе никого да убеди дека е способен да промени нешто во овој систем со кој имаат мака и многу поголеми, попаметни и побогати земји од нас со многу поголеми експерти од Тодоров на чело.
Немањето политичка волја и голата борба за власт во чие заложништво е и здравството се огледа и во катастрофалната рамномерност на квалитетот на здравствените услуги. Денеска ние живееме во земја каде мене за некој прост хирушки зафат ме советуваат да одам во Скопје затоа што овие од мојот град можат да ме осакатат или да ме донакажат. Здравствените установи и квалитетот на здравстените работници како се одалечувате од Скопје драстично се намалува и се претвора повеќе во импровизација отколку во професионализам.
Четврто и најпросто. Кога ќе видиме што се овој министер направи во образованието, може да се претпостави што ќе направи со ваквиот уште посложен систем.

Треба сите да се фатиме да заработуваме пари на време за на старост да имаме некаква алтернатива... ова овде нема да мрдне од мртва точка. Гарантирано!
--- надополнето: Nov 1, 2011 10:19 PM ---
Како вие уште пред време знајте кој како и шо ќе направи .....
Следиме политика, очигледно малку повеќе од тебе.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.342
Поени од реакции
26.334
Единствена компетенција на Тодоров за вршење на функцијата е црниот појас во карате.:icon_lol: Страшно амбициозен е, ама често таа амбиција му се одбива од глава. Води премногу комплициран ресор за човек кој секогаш сака да ги разложи работите на едноставни решенија. Не сум преголем оптимист, ќе видиме.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Замисли серум како против отров од змија немаат. Ќе умреше човекот додека син му трчаше како избезумен да најде во аптеките. Преживеа со трајни оштетувања на видот.
Ќе трчаат пациентите за завој низ град, срамота! Па и уште што мислиме за копуков и за фондот за здравство кој нема пари за нашите деца а има за Косоварите да се лекуваат.
има .. секој пат кога сум слушала дека некаде ќе се реновира нешто било или тетово спомињано или гостивар... не дискриминирам.. али се претерува за некои работи. Другиве градови во државава се запоставени.. коли со итни случаи се праќаат од Гевгелија дур до Скопје.. на шо личи тоа. Наместо во секој поголем град да се донесе квалитетна опрема да не мора луѓето да возат км км... а и да биде полошо.. им дадоа многу добри услови на приватниве клиники. Многу добри идеи имаат од владава.. просто им се чудам на мозоците...
шо би рекол тошо... тоа е батка .. се е со средно..
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Искрено не гледам некој страшни проблеми во здравството ,ако само ги подобруваат апаратите со тек на време другото е све во ред според мене..
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Да, се е во ред во здравството, цвета, блазеси ни:)
Во државна на гинекологија да отидеш е мераци, ќе те остават да седиш расчепена додека да се најде доктор, кој можеби и нема да дојде бидејќи е на операција, а немало друг. Ни ред се знае ни, дали има доктор ни дали нема. На торакална исто е мераци, уште да ти рече во ходник соблакај се и да видиме што е проблемот. Не за џабе сите се разбегаа по приватните, асален доктор нема да остане во државните.
Светлосни години сме далеку од асално здравство.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Аха, ако во здравствово нема проблем, не знам кај има :) Убаво рекоа на прошлава страна, ако отидеш со еден проблем таму со дваесет ќе се вратиш.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Секако дека ќе донесе промени. Мислам, све друго ни е под конец, човекот е способен и искусен, се докажа веќе како успешен, нормално дека ќе биде све добро. Веќе нема да се фрлаат луѓе од кров на болница во немоќ, сега ќе пијат апчиња што ќе ги украдат од аптека.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.163
Поени од реакции
25.862
Ќе го средат, ќе го средат-статутарно, то ест со статуи. Предлагам пред кардиологија да биде бронза со Кедев како го осваја Монт Еверест а од врвот на планината да блика вода.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.061
Поени од реакции
15.032
Министерот е тој што велеше дека ако треба ќе воведе ред со карате во образованието.
Окрш направи таму.
Сега и овде исто.....
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Драчево 2010. Беше тоа убав топол ден, цела можна Влада се собра во амбулантата за да се испофали како тоа на Драчевчани и околината ќе им се овозможи апаратура за да не мора да цепаат до Градска и Државна и да прават гужва.

Драчево 2011. Се е исто, само апаратурата ја нема. Уствари никогаш не ни ја имало, се сликале и му ја киднале сосе неа веројатно.

Он топик: Дете ќе прави промени. Од образование во здравство. Исто ко сега Меси да земе да игра баскет. Абе дајте ми мене фотеља, се колнам ќе правам се по пропис, што подразбира една прес конференција дневно и закани со казни. Милина.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Не сакам да зазема страна, ама многу често го споменувате искуството. Досега сме имале неколку Министри за здравство што имаа еден тон искуство, тука се:

Владо Димов - што направи?
Имер Селмани - што направи?
Ѓорѓи Оровчанец - што направи?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Не сакам да зазема страна, ама многу често го споменувате искуството. Досега сме имале неколку Министри за здравство што имаа еден тон искуство, тука се:

Владо Димов - што направи?
Имер Селмани - што направи?
Ѓорѓи Оровчанец - што направи?
Првиот- се напуни пари и ја здува
Вториот- се правеше невина јуца,па забега во национализам
Третиот- не се ни сеќавам,знам само дека има бела коса и бела брада
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Првиот- се напуни пари и ја здува
Вториот- се правеше невина јуца,па забега во национализам
Третиот- не се ни сеќавам,знам само дека има бела коса и бела брада
Ете што направиле искусните доктори во здравството. :( Дупка!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom