Нов амбициозен тим во здравството, ќе донесе ли промени?

Очекувате ли новиот тим во Министерство за здравство да воведе ред во здравството?

  • Да

    Гласови: 30 24,6%
  • Не

    Гласови: 92 75,4%

  • Вкупно гласачи
    122
Член од
20 јануари 2008
Мислења
471
Поени од реакции
462
Драстична мерка? Пациентот при следното одење плаќа 50% од тоа што би го платил за прегледот кој го пропуштил. Запознаен си со цените во јавното здравство? 30-40 денари е преглед од професор. Не можат да примаат пациенти пред време, предвидени се казни доколку докторот во времето предвидено за еден пациент прими друг. Значи тоа време е апсолутно бескорисно.
Добро се работи за следна иста интервенција, ваљда ретки се тие што би пропуштиле скапа интервенција. Како и да е, не заслужува коментирање затоа што е замачкување очи и ништо нема да реши.
А што се однесува до примањето пред време сосема сум сигурен дека е возможно и е редовна пракса.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
Според медиумите навистина голем број пациенти не се јавуваат на закажан термин, но не знаејќи ја причината, проблемот пак ќе постои. Проблем не се само откажани прегледи (воглавно луѓето се јавуваат па и чудно ми е од каде толкава бројка неостварени прегледи, дури 46000 за 1 месец), проблем е и организацијата на самата здравствена единица како и сервисот -мој термин.
Еве од друга тема како ни си поминавме со овој сервис
Последно искуство завчера преку тој речен-недоречен мој термин.
Треба да се пријавите на неколку места компјутерски плус на ливче хартија за да ве прочитаат. Ова последното :notworthy:...се изначекавме неколку часови за да на крај дознаам дека воопшто не сме на списокот пишан на хартија. Истовремено на уште еден пациент му се случува истото па викање, расправии, па ајде закани со обезбедување...Нешто несвојствено за мене ама каков што е системот, таков стануваш. Значи после повеќе од месец чекање на термин, после неколку часови во болница, добиваш едно големо ништо и часови за правдање во школо и на работа.
.
часови од работа, одбивање дневница...Отпрвин не им работеле серверите па не можеше да се закаже, потоа немаше слободен доктор (веројатно ова е индикатор да се засили бројот на дефицитарни доктори и сестри) па да на крај добиеме т.н. приоритетен упат кој значи дека треба да се почекаат сите со конкретен закажан час. И покрај тоа, требало да се пријавиме и на шалтер и кај сестрата за да не запише со хемиско пенкало, на список. Затоа што сме без никакво бројче (или од позитивно искуство со мвр, голем панел со редни броеви на пациенти) најмалку еден-двајца пациенти влегоа преку ред што ја измести работата за уште половина час.

Додека чекав, се јави и друг случај. Еден пациент не беше примен само да праша дали да ги продолжи лекарствата, затоа што немал закажано со мој термин што беше за него мат ситуација со оглед на дефицитот на конкретните специјалисти. Што со тие случаи.

Како идеја веројатно не е лошо само требаше досега некое подобрување според реакциите и на пациентите и на лекарите: подобра организираност на установите, стабилен систем, закажување без дополнително закажување на хартија, зајакнување на лекарите каде се чека по неколку месеци и уште нешто што можеби сега не ми текнува.
И најбитно ако веќе се делат казни, да се овозможи и ние самите (на пример според ембг и број на упат) да го откажуваме терминот во некој разумен рок затоа што не секој може за 24 часа да оди на матичен лекар.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom