Непознато што вреди да се слушнe

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Цурава е од Тузла. До скоро немав слушнато за неа. Растура, немам видено подобар женски рапер на Балканов. (y)
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.825
Поени од реакции
7.159
Деновиве трујам другари со полска музика, па зошто да не потрујам малку и тука. Општо музика од Полска е непозната кај нас, ама ќе се обидам да издвојам поинтересни групи/изведувачи кои според мене вредат да се слушнат без разлика на јазичната бариера и што сметам дека нивниот израз треба да се запази.

Првин, ќе почнам со проектите на Wojciech Bąkowski. Војчех е сестран уметник и може да се каже, доста битна фаца во новата позњанска авангарда. Режира анимирани филмови, сликар, има неколку музички проекти, поет е и тн. Оформува круг на сличномислечки уметници кои секој на свој начин ги поместуваат границите на нормалното. Неговите музички проекти се граничат со обскурни текстови, прљави звуци, кои барем мене ми звучат хипнотизирачки и луди спотови кои најчесто или, пред се` самиот ги прави. Ќе поставам неколку линкови од негови различни проекти, да се има некаква слика за што станува збор.


WOJCIECH BĄKOWSKI - "KSZTAŁT": NAJAZDY PODŁOGOWE

Grupa KOT - Mam naganne

Niwea - Tańcz (oficjalny teledysk)

CZYKITA - SZACUNEK
https://www.youtube.com/watch?v=xTrdnnFrLOU
wojciech bąkowski / czykita / "gwiazdy dymią" / 2005

Следно ќе ја претставам екипата околу SYNY и самите нив. Најпрвин, ќе го претставам првиот бенд на Роберт Пјерниковски (веројатно првиот, не сум сигурен) Napszyklat. Имаат солидна кариера од почетокот на 2000, последниот албум им е 2011. Имаат соработувано со Dalek, хип хоп групата што издава на издавачката на Мајк Патон. Секој што ги знае Dalek, може да очекува нешто по сензибилитет слично. Генерално текстуално Роберт Пјерниковски илустрира разни параноични ситуации, интересни игри со зборови, но и со самиот јазик како таков. Неговите текстови се предмет на лингвистички истражувања тука во Полска, мрачни и поетски.
https://www.youtube.com/watch?v=aRugHKGURk0
Napszyklat "Jestem 1 Jestem 0"

Ова е неговиот соло проект со кој има издадено еден албум - No Fun.
Мене ми звучи малку industrial, сјебано и меланхолично.
На јутјуб линкот има и превод на англиски, кој го интересира.

Piernikowski - No Fun - 09 Martwie sie

Групата која ја сочинуваат Piernikowski и 1988. Ги гледав пред две недели во Краков, феноменален концерт. Имаат два албума засега: Orient и Sen. Пјерниковски не го користи јазикот пуритански, си игра вметнувајќи англиски зборови полонизирајќи ги во еден доста конзервативен јазик, прави кованици и така натаму.

SYNY - Hitykamienie (Orient, Latarnia Rec. 2015)

Syny - Nie Testuj Białasa feat. Anika (Sen, Latarnia Rec. 2018)


Ова е соло албумот на продуцентот 1988. Мрачно, меланхолично и сиво. Препорачувам.

1988 - Gruda - (Full Album, Latarnia Rec. 2017)

Ќе ставам и два џез албума од релативно современи полски џез групи, не сум доволно компетентен да коментирам за нив, но ми звучат интересно.

Niechęć - Niechęć (2016) Full Album

Skalpel - Transit (2014) [FULL ALBUM]

Тоа е се` за сега. Се надевам нешто ќе ви се допадне.











 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
На darkwood dub ме потсетија малку :)
Imaat nesto ama ovie nemaat tolku elektronika. I ne svirea dolgo vreme i op sega pesna nova imaat :D moze i darkwood pak ke pocnat :noze:
I mravive se super :D :D

P. S. Super se vo zivo
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.341
Поени од реакции
16.503
денес го гледав на ТВ Телма документарецот за непознатиот пеач и кантаутор https://en.wikipedia.org/wiki/Sixto_Rodriguez
кој почнал во УСА но НЕ УСПЕАЛ па наместо со музика во животот се занимавал со адаптација на куќи ама и самиот работел амалски...
но негови демо плочи доспеваат во Јужна Африка и таму имаат голем тираж, воглавном пиратски. Тој станува таму најпознат пеач, но никој ништо не знае за него, но благодарение на музички детективи ентузијасти е откриен во Детроит... во 1998 доваѓа во ЈАР каде бива пречекан во стилот на Елвис и Џонс, ( жените му фрлаат на сцената долна облека) , а по тоа и одржува 300 концерти само таму...
Но останува скромен и ден денес , а парите кој ги заработи ги подели на семејството и пријателите

 

Kajgana Shop

На врв Bottom