- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Улогата на Југославија, од 1945 до 1991, а посебно во времето на Тито, беше двојна, можеби и тројна.Не сакав да ги именувам САД ама кога до 1950-тите СФРЈ има земено 400 милиони помош од САД (а плата во САД била 300 долари, што значи огромна помош), до 80-тите не најдов суми на помош, но на предавања на економски факултет за тој период се потенцираше помош (не заеми) во милијарди долари...не е небитен моментот на влијание на американските планови врз политиката на Тито, Кардељ како за меѓународните, така и за внатрешните меѓунационални и меѓурепублички односи.
1. По судирот со Сталин, на СССР му беше оневозможен продор на Медитеранот,односно го изгуби излезот на Јадранот, што претставува голем стратешки хендикеп.
2. Финансиската помош за Југ. (според некои теории и пресметки, изразено во денешни цифри за целиот период изнесува околу 170 милијарди долари - не мора да е точно ова, но сепак се работи за чудовишни цифри) беше праќана од две причини. Воено да зајакне Федерацијата, а земјите од социјалистичкиот блок да добијат впечаток дека СССР ги искористува, т.е. кога не би биле со СССР би живееле исто како и во СФРЈ. Таа пропаганда посебно се чувствуваше во Бугарија, Унгарија и Романија (нашите туристи аздисуваа до немајкаде во Бугарија).
3. Неврзаното движење не беше ништо друго освен успешен обид земјите од Третиот свет да се оттргнат од комунистичкото влијание (во овој период доаѓа до силни антиколонистички потреси во Африка, политички превирања во Азија и Јужна Америка. Иако некои земји станаа социјалистички, неврзаното движење го амортизира евентуалното здружување меѓу нив во некој широк воен и политички блок. Улогата на Јосип броз во креирањето на неврзувањето беше огромна, можеби и пресудна.
Во самата Југославија, беа преземени низа мерки за зацврстување на КПЈ (СКЈ) и на Тито, на кој му одговараше да нема речиси никаква опозиција.
Америкаците се потпираа исклучиво врз политиката на Тито. Се работи за взаемна соработка - Броз обезбедува стабилна држава која иако комунистичка нема да соработува тесно со Советите, а САД дозволуваат овој да прави што сака во сопствениот феуд и плус да добива пари за својата работа, се додека слуша. Косово и Војводина беа одвоени од Србија (имам пишано и порано за ова) за да се намали српското влијание, со тоа што во Косово беше поттикнуван наталитетот на Албанците (што доведе до сегашниве состојби), а Војводина, економски поразвиена од остатокот на Србија и етнички измешана, и онака природно тежнеела кон поголема независност, ако не и самостојност во однос на потесна Србија.
Слабеењето на Србија, беше добро за некои републики, посебно за Македонија и тоа од неколку причини.
Во армискиот кадар во ЈНА мнозинство беа Србите. Со УДБА исто така управуваа Срби. Централните, односно сојузните банки, а со тоа и сојузните средства беа во Белград, главен град на Федерацијата, кој освен економски беше и политички центар.
Дури во еден период, КПЈ (СКЈ) се залагаше за создавање на некаква си југословенска нација, која би била нешто како проширена Србија, ама увиделе дака нема расположение за тоа, па се пишманиле.
Оттаму тоа што се случуваше во и со СФРЈ е многунасочна релација. Тешко сега засега некој да отплетка или да пресече што било тогаш и како и на кој начин се одразува денес во Македонија (освен оние ептен очигледни работи), посебно не Шехтански или слични на него.