На кајгана има тема поврзана со овој човек, почната на 05-09-08. Еве и
линк .
Темата е почната од некој си Христо, кој трупа на купови тврдења со дубиозна позадина, а сума сумарум на сето тоа е дека дел од Македонија ќе се припои кон косово.
Денес го прочитав следново:
Политичката реалност е дека на Балканот нема место за дестабилизација. Европа и НАТО имаат истакната агенда дека нема да се дозволи такво нешто. Покрај тоа, границите на Европа се проточни а за многу балкански земји границите станаа пониски. Со која логика некој може да наведе дека ќе има толку радикално прекројување на границите, со што Македонија ќе има што да изгуби, како што замислува Шехтански.
Дали наведува на делба на Македонија или евентуална опасност, тој човек многу проѕирно се обидува да внесе каков-таков страв и недоумица. А во земјава зборот патува брзо и има тенденција лесно да го растревожува народот. Приметете дека човеков тотална дубиоза. Водач е на ТМРО кои никогаш не заземале конкретнна политичка активност туку служат за “брзи интервенции“.
Според начинот на кој е дотеран текстот од првата тема во линкот, се гледа дека обидите на Шехтански се нечесни и подли а мотивите му илузорни. Одозгора на се, човекот е претседател на ФК Вардар!!!!! Дали на некого не му е очигледно зошто ФК Вардар ја има најлошата сезона во својата историја и зошто не успеаа да го опорават клубот. Некој треба да го провери Ванчо Шехтански.