Некаков “ТМРО’’ сератор наговестува поделба на Македонија...

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Не сакав да ги именувам САД ама кога до 1950-тите СФРЈ има земено 400 милиони помош од САД (а плата во САД била 300 долари, што значи огромна помош), до 80-тите не најдов суми на помош, но на предавања на економски факултет за тој период се потенцираше помош (не заеми) во милијарди долари...не е небитен моментот на влијание на американските планови врз политиката на Тито, Кардељ како за меѓународните, така и за внатрешните меѓунационални и меѓурепублички односи.
Улогата на Југославија, од 1945 до 1991, а посебно во времето на Тито, беше двојна, можеби и тројна.
1. По судирот со Сталин, на СССР му беше оневозможен продор на Медитеранот,односно го изгуби излезот на Јадранот, што претставува голем стратешки хендикеп.
2. Финансиската помош за Југ. (според некои теории и пресметки, изразено во денешни цифри за целиот период изнесува околу 170 милијарди долари - не мора да е точно ова, но сепак се работи за чудовишни цифри) беше праќана од две причини. Воено да зајакне Федерацијата, а земјите од социјалистичкиот блок да добијат впечаток дека СССР ги искористува, т.е. кога не би биле со СССР би живееле исто како и во СФРЈ. Таа пропаганда посебно се чувствуваше во Бугарија, Унгарија и Романија (нашите туристи аздисуваа до немајкаде во Бугарија).
3. Неврзаното движење не беше ништо друго освен успешен обид земјите од Третиот свет да се оттргнат од комунистичкото влијание (во овој период доаѓа до силни антиколонистички потреси во Африка, политички превирања во Азија и Јужна Америка. Иако некои земји станаа социјалистички, неврзаното движење го амортизира евентуалното здружување меѓу нив во некој широк воен и политички блок. Улогата на Јосип броз во креирањето на неврзувањето беше огромна, можеби и пресудна.
Во самата Југославија, беа преземени низа мерки за зацврстување на КПЈ (СКЈ) и на Тито, на кој му одговараше да нема речиси никаква опозиција.
Америкаците се потпираа исклучиво врз политиката на Тито. Се работи за взаемна соработка - Броз обезбедува стабилна држава која иако комунистичка нема да соработува тесно со Советите, а САД дозволуваат овој да прави што сака во сопствениот феуд и плус да добива пари за својата работа, се додека слуша. Косово и Војводина беа одвоени од Србија (имам пишано и порано за ова) за да се намали српското влијание, со тоа што во Косово беше поттикнуван наталитетот на Албанците (што доведе до сегашниве состојби), а Војводина, економски поразвиена од остатокот на Србија и етнички измешана, и онака природно тежнеела кон поголема независност, ако не и самостојност во однос на потесна Србија.
Слабеењето на Србија, беше добро за некои републики, посебно за Македонија и тоа од неколку причини.
Во армискиот кадар во ЈНА мнозинство беа Србите. Со УДБА исто така управуваа Срби. Централните, односно сојузните банки, а со тоа и сојузните средства беа во Белград, главен град на Федерацијата, кој освен економски беше и политички центар.
Дури во еден период, КПЈ (СКЈ) се залагаше за создавање на некаква си југословенска нација, која би била нешто како проширена Србија, ама увиделе дака нема расположение за тоа, па се пишманиле.
Оттаму тоа што се случуваше во и со СФРЈ е многунасочна релација. Тешко сега засега некој да отплетка или да пресече што било тогаш и како и на кој начин се одразува денес во Македонија (освен оние ептен очигледни работи), посебно не Шехтански или слични на него.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
САД наскоро треба да започне со големото преместување на својот воен арсенал од западна во источна Европа.
Пред тоа да се случи ќе дојде до тектонски пореметувања на балканот и до редефинирање на границите по етничка основа.
Планот беше забележлив уште од СФРЈ, од измените во уставот 1974, од пред тоа кога се кумува на 10-то дете, иредентата и демонстрациите...и така натаму. А чиј бил можеби и не е толку значајно-нит ги знам тие оски и врски, битно некој план се остварува. Едните имале желба, некој им потпомогнал.
Браво, во центарот.
За време 1948 и битките на Македонците во беломорска Македонија, воениот сојуз Југославија - Турција - Грција под менторство на САД е истото тоа ?
САД ко САД е алатка на 4 рајх, ние таму сме обележани како верници.
Не сакав да ги именувам САД ама ете, сама излегува на виделина, кога до 1950-тите СФРЈ има земено 400 милиони помош од САД (а плата во САД била 300 долари, што значи огромна помош), до 80-тите не најдов суми на помош, но на предавања на економски факултет за тој период се потенцираше помош (не заеми) во милијарди долари...не е небитен моментот на влијание на американските планови врз политиката на Тито, Кардељ како за меѓународните, така и за внатрешните меѓунационални и меѓурепублички односи.
Кога сме веќе кај сферите на влијание и плановите за поделба на Балканот, повелете специјална тема за вас господо:

http://forum.kajgana.com/showthread.php?52179-Договор-за-поделба-на-југоисточна-Европа-Балканот!

Каде точно се определени договорните страни и кој какви заслуги има во однос на Македонците.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Имаше една тема за внесувањето на сфрј во НАТО, дали е вистинита не можам да тврдам...сепак помошта која ни доаѓаше од САД беше голема и невообичаена за таков тип на помош-неповратна.
Тито веќе не внел во НАТО!?
Потпишувањето на договорот со Турција и со Грција во 1954 година било од формална природа. Во таа пригода грчките комунисти го дочекале со летоци - „Долу Тито предавникот“.
Во следните три години Америка и Англија на Југословенската армија и дале 569 авиони, 1.835 топови, 918 тенкови и стотици илјади најразлично оружје, а покрај тоа, ЈНА добила десетици илјади тони храна. Американската воена мисија во Белград, како што вели Перо Симиќ, имала картотека, податоци за околу 6.500 офицери на ЈНА. - Кон крајот на 80-тите години на минатиот век мешовитата југословенско-американска комисија утврдила дека се работело за помош од вкупно 102 милијарди долари, според вредноста на валутата од 1988 година. Во извештајот е заведено дека - „сето тоа се исплатело“ - вели Симиќ.
Некое време по Титовото НЕ на Сталин 1948, СФРЈ влегува во преговори и добива помош од САД и така застануе на ноги. во спротивно „исток не’ отпиша, Запад не не’ упишуе“. СФРЈ има потпишано Балкански пакт со Грција и Турција (фактички со НАТО Пактот) 1954 г. за одбрана од евентуален напад на СССР.
 
Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
Народе, народе

темава и сите коментари, комплет, е доказ како еден сомнителен тип како Шехтански може да “возбуди“ 100-200 души по пат на вести и изјави во заседа на дезинформација.

Пратам колку е активен типот и гледам дека неговите изјави се дадени во нишка која зазема препознатлив облик: кратка изјава која секогаш набуцкува на лошо сценарио за Македонија.

Мојот апел беше не да се навлегува во метафизички теми за како ќе се крои Балканот или каква улога играла титова Југославија, туку да се ДЕМАНТИРА Шехтански за да се изолира народот од неговите штетни гомносерки. Овде на форумов ќе се разбереме некако, ќе се согласиме. Замислете како се одразуваат такви вести на стари и неуки луѓе што зјапаат во телевизор по цели денови.

Значи, нема делење на Македонија и нема да има војни затоа што политичката реалност не го дозволува тоа, барем не сега. Во моментов сите дипломатски и геополитички (експлоататроски) очи се усмерени кон Централна Азија!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Мојот апел беше не да се навлегува во метафизички теми за како ќе се крои Балканот или каква улога играла титова Југославија, туку да се ДЕМАНТИРА Шехтански за да се изолира народот од неговите штетни гомносерки. . .

Aпсолутно се сложувам, во таа насока ќе оди и темава.

Уште еден пример каква социјална-политичка штета може
да предизвика некаков дунстер.


P.S. Браво за постот на Сабазиј.

 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Овде на форумов ќе се разбереме некако, ќе се согласиме. Замислете како се одразуваат такви вести на стари и неуки луѓе што зјапаат во телевизор по цели денови.
Дефинитивно делува, неколкупати повторена информација...посебно што велиш кај луѓе кои постојано седат пред тв и тоа е едина врата кон светот.
Искрено, самиот наслов делуваше малку нелагодно и на мене...сепак емоции се у прашање :) И најверојатно со спорење околу југословенското минато (какво и да било, кој и да одлучувал) не би помогнало многу во намерата на вакви луѓе да даваат такви повремено темпирани вознемирувачки изјави.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Оваа изјава е сврзана со дневно- политичките настани од изминатава седмица кога власта и опозицијата се „тепаат“ на секој чекор. Ова е само обид да му се помогне на сонцето и да се вжешти атмосферата за да се осетат топлите летни денови. По нестабилното време кое ни зема дел од пролетта, некој вештачки ни го подргева летото, на тој начи предизвикувајќи зголемен број на туристи кон македонските летувалишта. Поинакво објаснување оваа изјава сега засега нема. Впрочем оваа изјава ја дава во купаќи или...
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Шехтански е македонскиот Мендух Тачи.
Касапанааааа...
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Овие предвидувањата за црни сценарија во Македонија почнаа да наликуваат се повеќе на пророштвата за крај на светот. Секоја година или ќе се делела Македонија или ќе се распаѓа или ќе имало војна... :tapp:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Искрено, самиот наслов делуваше малку нелагодно и на мене...сепак емоции се у прашање :)
Насловот е адаптиран да го одрази ликот кој што ја има дадено “изјавата’’.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
192
Поени од реакции
22
се моли Пикасо да даде демант на ова соопштение-НИЈЕ тачно То:pos2:
EDEN E PICASO AMA VE VRTI KO NA K...., Sposoben e dechkoto sekoja mu chest , radi nego go posetuvam forumot zadovolstvo e da se chitat negovite komentari :)
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Не се работи за црно или бело, туку да бидеш спремен за сите сценарија а поготово за тоа кое и слепец може да го види.
Што мислите зошто САД толку се заложи за новата територијална поделба да помине ?
Зошто го саботираше референдумот против таа поделба ?
Не се работи за дефитизам, туку исклучиво да менаџираш со реални факти и состојби за да го спремиш народот соодветно да одговори на истите.
Ние 2001 каков одговор имавме.
Татко ми уште како дете го памтам во бивша ју на пазар не купуваше ништо од албанците, стално викаше, не им го финансирам покретот.
И ?
Дефитист бил ?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.963
Поени од реакции
83.292
Татко ми уште како дете го памтам во бивша ју на пазар не купуваше ништо од албанците, стално викаше, не им го финансирам покретот.
И ?
Дефитист бил ?
Не, туку бил некој кој бил во допир со реалноста, за разлика од повеќемината кои стојат со главите во песок збрцани и газот натртен.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
се моли Пикасо да даде демант на ова соопштение-НИЈЕ тачно То:pos2:
Маќедонац тоа го вика, не Аљбанац. Аљбанац не сака да ја дели Маќедонија, оти после на кој ќе му се жали дека не му даваат работа и дека го дискриминираат...

Кој ќе го дискриминира тогај... Ама ова е виша логика за тебе, со повеќе од две непознати...

--- надополнето ---

Татко ми уште како дете го памтам во бивша ју на пазар не купуваше ништо од албанците, стално викаше, не им го финансирам покретот.
И ?
Дефитист бил ?
Сигурно и таткоти пиле бил од контингентот суруци од Источна Македонија, носени како полицајци (демек редари), за време на студентските демонстрации во Косово. Никола Младенов, убаво и јасно си кажа. Некој го спремал тоа, офците паднале и крај.

Патем не ме ни чуди зошто ти овака размислуваш. Каков татко, таков син.

--- надополнето ---

Не, туку бил некој кој бил во допир со реалноста, за разлика од повеќемината кои стојат со главите во песок збрцани и газот натртен.
Да де, реалноста, во 1990 година, Милошевиќ на Македонските "државници", им кажа дека заеднички проблем и на Србите и на Македонците, биле "Албанците".

Кога бе!? :) за жал сте бе, да ве жали некој сте
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Сигурно и таткоти пиле бил од контингентот суруци од Источна Македонија, носени како полицајци (демек редари), за време на студентските демонстрации во Косово. Никола Младенов, убаво и јасно си кажа. Некој го спремал тоа, офците паднале и крај.

Патем не ме ни чуди зошто ти овака размислуваш. Каков татко, таков син.

Да, горд сум на својот татко кој го прочитал нашиот мил кутар сирот сожител аљбанацот со меко љ.
Не сум горд на својот народ кој дозволи таква сорта да ни уринира по државата, што немаше повеќе како него.
Во 2001 многу од тие кои му се смееа и го правеа националист го прифатија неговото правило.
Можда следниот пат ќе има повеќе освестени кога кутриот аљбанац ќе проба да си го доживее сонот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom