C
cige
Гостин
Оние што ја пишале Венеција најверојатно немаат отидено подалеку. Азурниот брег, пред се Ница, тоа не може да се опише, таа сина небесна боја........рај за душата и очите. Виена и Минхен како да застанале во времето векови наназад, прекрасна архитектура, хигиена на завидно ниво итн. Потоа Париз, за да го истражиш цел град (најбитните работи) ти треба најмалку 1 месец, само за Версај ти требаат 10 денови, потоа Лувр, Монмартерот, Шанселизе, катедралата итн итн...........
Преку барата Њу Јорк. Мојот омилен град одсекогаш ми бил, ми е, и ќе ми биде. Стигнав на аеродромот во Бруклин вечерта во 9 часот и заминав веднаш да го шетам Менхетен. Шта да ти причам, се движам во Бродвеј и ми течат солзи од возбуда, така ми немаа течено од како мал кога јадев ќотек дома (е сеа не до толку де), се движам по улица и во глава ми врти песната од Френк Синатра. Се движам батка и се тресам целиот, околу мене високи облакодери, светлечки реклами на сите страни, врвца од жолти такси возила со отворени прозори од каде што се слуша индиска музика, возачите сите Пакистанци со густи бркови и по некој Индиец со чалма на главата. На секој ќош мексиканци продаваат хот-дог за еден долар, пици, буритос. Одиш по улица и ја осеќаш топлината од пареата од метрото, кое што има вентилација на секои неколку метра. Пишете на јутуб

Tom & Jerry - Mouse In Manhattan (1945) и гледајте, таа вечер јас бев Џери.