Најубавото место кое го имате посетено

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Кое е вашето најубаво место кое сте го посетиле?
Напишете нешто за тоа место.

Најубаво место кое јас сум го посетил е Венеција. Единствениот град во светот на вода. Главно превозно средство е гондола (во стариот град). Вреди да се посети.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
јас би рекол Мариово....
села без гугучки......

***
убава природа....мир, тишина....
Единствениот град во светот на вода.
демек Амстердам и Санкт Петерсбург немаат вода?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
јас би рекол Мариово....
села без гугучки......

***
убава природа....мир, тишина....

демек Амстердам и Санкт Петерсбург немаат вода?
Но не се такви како Венеција. Има едно село близу до Амстердам што е исто како Венеција. Венеција е изградена во вода (изграден е на вода за да се заштитат од болест која не можела во тоа време да премине преку водата и да се заразат).
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Но не се такви како Венеција. Има едно село близу до Амстердам што е исто како Венеција. Венеција е изградена во вода (изграден е на вода за да се заштитат од болест која не можела во тоа време да премине преку водата и да се заразат).
бриж е доста сличен на венеција ...
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Кое е вашето најубаво место кое сте го посетиле?
Напишете нешто за тоа место.

Најубаво место кое јас сум го посетил е Венеција. Единствениот град во светот на вода. Главно превозно средство е гондола (во стариот град). Вреди да се посети.
го посетив пред 5 дена и дефинивно е прекрасен,не само градот туку и атмосферата кои ја прават луѓето е прекрасна
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
го посетив пред 5 дена и дефинивно е прекрасен,не само градот туку и атмосферата кои ја прават луѓето е прекрасна
Повеќе пати го имам посетено и е преубав, со исклучок на чекањето ред за влез во музеи/кули/цркви и сл.. :) Како турист - да, вреди да се фрли по некое евро, но никогаш не би живеел таму (за стално).
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Само што се вратив од прошетка низ Виена, Прага и Будимпешта. Поубави места во животов не сум видел. (Ок, Рим и Венеција беа подобри од Будимпешта), но сепак, презадоволен сум,се глеа како се они изживеани, колку се светлосни години пред нас во секој поглед, едноставно атмосферата во градовите прави да се осеќаш милиони километри далеку од дома, незнам што го предизвикува ова, незнам да опишам. Каков менталитет имаат (Ни едно хартивче или пикавец во Виена и Прага не видов). Едноставно моментот кога се шеташ низ најголемиот мост во Прага и ја гледаш како на дланка додека некој сиромашен музичар свири некаква композиција на мостот за 5 парички а околу тебе се шетаат туристи и зборат на нивниот јазик, како одма се добива шмекот на Европа, не се опишува, мора да се доживее. Нажалост нашево никакво Скопје никогаш нема да го има тоа.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
морам да кажам дека и Опатија е прекрасна,како местото така и луѓето
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Незнам дали е најубаво, но Кратово е место кое на мене оставило најсилен впечаток. Градчето едноставно има нешто многу посебно во него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom