Ееее... дури мука ми е кога ќе се сетам...
За овој 18-тиов роденден од две најдобри другарки и другар добив торта со свеќички (понеоригиналниот дел од поклонот
), и добар дел од тортата го добив по лице
А другиот, поважниот дел од поклонот беше едно мало кутивче. Кога го отворив така набрзинка (пошто го славев роденденот во кафич со пуно луѓе) успеав да видам само многу свеќички и затворени ливченца. Отворив само едно од ливчињата и видов дека на него напишале една од нашите песни и многу се израдував. Ми кажаа дека на сите ливчиња има напишано некоја песна што многу ја сакаме, или некоја наша заебанција, или нешто трето што ни значи на сите. Цела вечер во мисла ми беше кутијата и што пишува на ливчињата. Ама толку беше. Тоа беше прв и последен пат што ја видов таа кутија. Ја оставив кај што беа оставени и сите други поклони ама после ја снема. Врска неам на кој би му биле вредни некои ливиња и свеќички па за да ги земе. Сите други (вредни!) поклони беа таму, само највредниот никогаш не го најдов. Многу ми е криво, ептен, ептен...