Вака сега, најдобар шутер не значи да шутира само тројки или да има најдобар процент на шут. Некој го спомна Џејсон Кид, човекот е специјалист за асистенции а за најдобар шут тој неможе да биде во конкуренција. Не значи ако има над 50% реализација дека е којзнае каков шутер, бидејќи играчите како Џордан и Коби не шутираат само кога имаат перфектна позиција, тие се тие кај кои е топката и кои ги шутираат решавачките шутеви кога никој друг не сака да преземе одговорност. Значи иако Мајкл и Коби немаат којзнае каков процент на шут, тоа е затоа што најмалку 50% од шутевите им се од невозможни позиции.
Е сега тука би го ставил и Реј Ален затоа што најчесто шутира кога е во дебаланс што е многу тешко, решава натпревари и е еден од најдобрите изведувачи на слободни во историјата. Исто важи и за Р.Милер.
За некој играчи како Д.Петровиќ или Лери Брд не коментирам бидејќи не сум ги гледал многу.