Volkswagen напиша:
Се согласувам со тоа дека музиката не е мерило за интелегенција, ама неможам да не го исплукам турбо-фолкот! Тоа не е музика!
Составено е од ноти, има ритам, текст, аранжман, мелодија и изведувач. Музика е.
Шала на страна... Се согласувам со она на Trilobite, дека нормално е да ти треба малку повеќе кликер за да разбереш покомлексен жанр на музика, каде спаѓа и металот. Тоа во никој случај не значи дека
секој што слуша метал е автоматски интелигентен, нали.
Втора работа, и Скул беше во право до некаде; стварно е банална таа глупава поделба-од една страна метал, од друга турбо-фолк. Глупаво е да се каже дека човек што слуша турбо-фолк автоматски е понеинтелигентен од некој што слуша хеви-метал. Па милиони турбофолкери има на нашево поднебје; дали тоа значи дека цел Балкан е глупав, побогу?
Има многу поважни фактори кои го одредуваат коефициентот на интелигенција кај поединката. Музиката дефинитивно не е еден од нив. :wink:
Четврта работа, стварно ме нервира фактот што “интелигентните„ металци се ставаат себеси на пиедесталот, и плукаат по секој друг жанр на музика, величејќи го својот. Тоа е само музика, луѓе, секој нека си слуша што сака, тоа е до карактерот, со вкусот, до средината кај што израснал, до влијанието, до квалитетот. Нема потреба да се диференцираат луѓето според тоа каква музика слушаат.
Петта работа, истражувањево, исто како и повеќето, е гола вода.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Не може да се земе здраво за готово.
И последна работа, Гижо колега, ти, насмеан секогаш?!
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)