Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 22.353
- Поени од реакции
- 29.828
Toa e само еден хајлајт.Реџи Милер е првиот вистински снајпер во НБА. Играч според кого играта ја развиваа Реј Ален, Стеф Кари...
Поважно е дека Реџи беше коплетен играч (two-way што велат Америте). Играше и одбрана, и тоа добро... А најважно од сѐ, исклучително позитивно влијаеше на исходот од утакмците и успесите на неговиот клуб... Единственото вистинско мерило за квалитетот на еден играч.
Тоа што нема титули е последица на фактот дека играше во ерата на Џордан, и не се летеше по супертимови за сметка на заработката. Не е само тој, тука се и Баркли, Јуинг, Мелоун, Стоктон, и други кои да не постоеше Џордан повеќе од извесно ќе лапнеа по титула-две.