Харден не е ниту на ниво на Реџи Милер, а со Коби грев е во иста реченица да се става не па да се споредуваат... Со должно извинување кон Реџи Милер, што го ставам во негативен контекст.
едит:
Инаку да појасниме за што зборуваме, можеби на некој отстрана не му е јасно... Зборуваме за можноста на играчот да влијае врз исходот на успехот на клубот, победување во плејоф и освојување титули. За „гризење“. За давање СЀ од себе и во напад и во одбрана. За инат, пркос, за желба да се успее, да се победи секогаш и секаде... Не за поединечни статистики.
Јас знам само за еден човек со споредлив (ако не и поголем) натпреварувачки дух и желба. Човекот се вика Мајкл Џордан.
Нема други такви мајка родено.