ИГОР ЏАМБАЗОВ
Игор Џамбазов е македонски актер, шоумен, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови итекстописец. Роден е на 15 јули 1963 во Скопје.
На само 12 години, во
1975
ја формирал својата прва група ПОП и со неа активно ординирал по скопските гаражи и атомски скривници. Уметничката атмосфера која владела во семејството Џамбазови мошне рано го внела во светот на музиката. Петнаесет години подоцна д-р Васил Тупурковски ја промовирал летната култна скопска атракција Хавана Бенд во кој настапувале: Игор, Горан Атанасов - Зеко и Сашо Пижевски - Пиже и за неколку месеци од своето постоење реализирале три снимки: „Дај ми, жити све...“, „Нема спас“ и „Шток ми, бејби“, кои никогаш, во интегрална, студиска верзија не биле официјално објавени на некаков носач на звук. Освен на касетата Поп-рок хит '91 (на МКПМРТВ), каде во друштво со најголемите македонски хитови се најде и Шток ми, бејби, една од подобрите песни во таа 1991 година. Песните, чиј комплетен автор бил Џамбазов биле снимени во студиото на Тоше Поп Симонов.
Годината 1992 Игор ја одбележал со хит-претставите Чија си и Грев или шприцер (продукција на Драмски театар - Скопје), со водителството во скопското КМР Скај радио (каде и го направи рекордот од 24 часа непрекинато водење програма) и со летната мини-турнеја со Бора Чорба, што се одвиваше по дискотеките во Македонија.
Домашните музички фестивали во почетокот на деведесетите биле предизвик за Џамбазов. „Љубов запеј ни“, била композицијата со која настапил на фестивалот Макфест, а која ја снимил заедно со сестрите Тања и Лидија Кочовски, како и со Џон Илија Апелгрин.
После дебитанскиот настап на фестивалот, во 1992 година ја исполнил носталгичната Време за плачење, која добила втора награда од публиката, а во еуфоричното расположение, статуетката (во облик на прстен) му ја предал на македонскиот претседател Киро Глигоров, кој бил еден од најредовните посетители на фестивалот во Штип.
Во конкуренција со 20 битолски изведувачи во финалето Игор Џамбазов со настап на битолскиот Интерфест 1994 година го освоил шесттото место, за да истата година го издал својот прв соло албум, претенциозно наречен Грејтист хитс.
Случувањата продолжија во студио РОСС, во продукција на Роберт Саздов, а програмите и коаранжманските работи ги направил Дарко Мијалковски. Комплетен автор на осумте теми бил Игор (освен за темата Играј, народе која всушност е обработка на хитот Dancing in the street од репертоарот на Мик Џегер и Дејвид Боуви). Од песните се издвојуваат: Абе, Марија, Колку си секси, Тие, Тогаш и повторно Дај ми, жити све, за оваа пригода повторно снимена, но без старите пријатели Зеко и Пиже. Некаде во тоа време датира и познатството со Раде Шербеџија, од кој произлегол дуетот со Игор и прекрасната анти-воена песна Зошто ние да не се дружиме, вметната на четвртиот албум на Шербеџија - Заборави, кој официјално бил објавен во САД, а чиј приход е наменет за раселените деца од просторот на СФРЈ.
Во дискографската кариера на Игор Џамбазов останал забележан и заедничкиот проект со Владо Јаневски. Имено, тие, за битолската дискографска фирма Сенатор објавиле сингл-касета Домашна работа, со четири теми: две на Владо, две на Игор. Од песните на Игор се светлината на денот ја здогледале: Данке, мајне либе и Кољо шо го викаат Поп, а песните на Владо... во приказната за Владо.
Периодот во 1995 и 1996 година за Игор била запаметена по апстиненција од музиката, иако од тој период ќе остане запаметена соработката со Венко Серафимов, од која произлегла песната Скопје, Сарај, Матка... и обратно. Тогаш тој успешно ја водел емисијата Дневна соба на телевизија Сител, како и ТВ-квизот Џандар збира.