Музичко име на тапет : Coldplay

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Да, точно. Тоа е исто така кога ќе кажеш дека баба Рада е фармацевт. (Секоја чест за баба Рада)
Не ти држи вода ова од причина што најголемите светски музичари кои оставиле трага во музиката, создале музички правци и дела кои ќе траат со години немаат никакви музичко образование. Најчесто се ликови кои кариерата ја почнуваат во локално клубче, мало градче, улични музичари кои случајно се видени, откриени. Брус Спрингстин настапувал на улица, Чет Бејкер на игранки на војнички забави, Муди Ватерс по клубови и тоа само кога ќе добиел 10-15 мин па случајно го открил некој продуцент.
 
Член од
25 април 2011
Мислења
24
Поени од реакции
45
Тешки глупости збориш, па повеќето што оставиле тежок белег во музиката и општо во уметноста немаат факултет. Музиката е осет и доаѓа од внатре, факултетот нема да ти ја подобри креативноста. Ако го немаш тоа во тебе на каков сакаш факултет заврши ќе бидеш само просечен и ништо посебно како музичар.
Да не искачам многу ОФ ТОПИК ,но само да кажам дали мислиш дека доволно си слушал музика? Јас мислам не. Има многу добри музичари, композитори низ сите овие години како Моцарт, Хајдн , Бах и ред други кои што компонирале музика за 100 и нешто луге да ја свират (цели оркестри) исто така има и многу џезери кои што искомпонирале прекрасни стандарди кои што ден денес се свират. Тоа што те задоволува песна со само 3 до 6 акорда е дека не си доволно наслушан музика и воопшто не ја разбираш музиката. За да може да направиш нешто во музиката не е доволно само да бидеш креативен, треба да си образован за да можеш да го создадеш тоа. Викаат 2% талент, се друго е вежба и едукација. И на Факултет за музичка уметност не примаат некреативни и некои од улица земени, затоа има приемни испити.[DOUBLEPOST=1417475637][/DOUBLEPOST]
Не ти држи вода ова од причина што најголемите светски музичари кои оставиле трага во музиката, создале музички правци и дела кои ќе траат со години немаат никакви музичко образование. Најчесто се ликови кои кариерата ја почнуваат во локално клубче, мало градче, улични музичари кои случајно се видени, откриени. Брус Спрингстин настапувал на улица, Чет Бејкер на игранки на војнички забави, Муди Ватерс по клубови и тоа само кога ќе добиел 10-15 мин па случајно го открил некој продуцент.
Ти кажувам вистински, тоа се луге кои што ги буткаат големи продукции кои што му прават шоу на народот повеќе од музика и тебе ти прави илузија дека тие се едни од најдобрите музичари. Некои од нив сами се продуценти на своите песни, на некои им ги правеле песните продуценти музичари. Во тој свет, се се работи за бизнис, за шоу, за трачеви. И ете кога ќе искочи некој таков славен и познат, одма прва работа ќе каже во интервју како он бил обичен човек и кога еден ден пред огледало си запеал и дознал дека знае за себе и го виделе продуцентите.
 
Последно уредено:

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.966
Пред неколку години читав некое интервју со Влатко Стефановски каде наведе дека тоа лето планира да земе да научи да чита ноти, дотогаш сеуште не знаел, а веќе 30 и кусур години врвен музичар речиси во светски рамки.
Дали тој факт дека не знаел ноти може да го одземе епитетот музичар на еден Влатко Стефановски? Прв на него ми текна де, иначе има милијарда случаи.
Секако и нормално дека музичкото образование е многу важно и ќе те збогати со знаење и слично, но главна е идејата, креативноста, тие работи се отпорни на куршуми, ако ги немаш многу работи се бадијала.

На темата, Игор е ОК, текстуално и музички имаат направено кул музика со Харе и дружината. Тоа што во моментот е актуелно, неговите цитати по фб распослани сегде, што слично како и оние на Балашевич па и на било кој друг кога ќе се форсираат постојано, наидуваат на одбивност и хејт.
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Да не искачам многу ОФ ТОПИК ,но само да кажам дали мислиш дека доволно си слушал музика? Јас мислам не. Има многу добри музичари, композитори низ сите овие години како Моцарт, Хајдн , Бах и ред други кои што компонирале музика за 100 и нешто луге да ја свират (цели оркестри) исто така има и многу џезери кои што искомпонирале прекрасни стандарди кои што ден денес се свират. Тоа што те задоволува песна со само 3 до 6 акорда е дека не си доволно наслушан музика и воопшто не ја разбираш музиката. За да може да направиш нешто во музиката не е доволно само да бидеш креативен, треба да си образован за да можеш да го создадеш тоа. Викаат 2% талент, се друго е вежба и едукација. И на Факултет за музичка уметност не примаат некреативни и некои од улица земени, затоа има приемни испити.

Ти кажувам вистински, тоа се луге кои што ги буткаат големи продукции кои што му прават шоу на народот повеќе од музика и тебе ти прави илузија дека тие се едни од најдобрите музичари. Некои од нив сами се продуценти на своите песни, на некои им ги правеле песните продуценти музичари. Во тој свет, се се работи за бизнис, за шоу, за трачеви. И ете кога ќе искочи некој таков славен и познат, одма прва работа ќе каже во интервју како он бил обичен човек и кога еден ден пред огледало си запеал и дознал дека знае за себе и го виделе продуцентите.
Моцарт на 7-8 години пишувал симфонии кој биле ремек дела во епски размери, кога успеал да заврши факултет?
Не знаеш што збориш, треба да прочиташ нешто биографија за музичарите што ги слушаш, па џезот е измислен од црнњи во гето, каков црн факултет завршиле тие ?:facepalm:
 
Член од
25 април 2011
Мислења
24
Поени од реакции
45
Врска си немаш што збориш, треба да прочиташ нешто биографија за музичарите кој ги слушаш.

Моцарт на 7-8 години пишувал симфонии кој биле ремек дела во епски размери, кога успеал да заврши факултет?
Не знаеш што збориш, треба да прочиташ нешто биографија за музичарите што ги слушаш, па џезот е измислен од црнњи во гето, каков црн факултет завршиле тие ?:facepalm:
Татко му го образувал за ноти, и сите останати работи кои што биле потребни за да биде едуциран дури и на таа возраст. Не мора да значи и факулет дека треба да имаш, но мора да ги знаеш тие работи кои што те доведуваат да искомпонирааш една таква композиција. Кога некој ќе реши џез да свири ни самиот не е свесен што го очекува, дека мора сите тие работи да ги научи теоретски со книги со семинари и пренесување на знаењето во школи па да свири џез. Не значи дека ако се црнци им дошло од ништо џез да знаат да свират.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Секако, кај нас Игор Џамбазов важеше за еден од најдобрите, ако не и најдобриот водител во државава. Јас, пак, никогаш не сум имал некое големо мислење за него. Да бидеме начисто: Игор е О.К. не е лош водител, не е очаен глумец и можеби, ама само можеби не е лош музичар. Имам впечаток дека тој со својот талент почна да се расфрла на сите страни, па можеби неговиот потенцијал и никогаш не дојде потполно до израз (освен, во водителскиот излет, каде што, на времето, од емисија за игра на среќа направи нешто интересно за многумина, но не и за мене). Можеби и крупните животни одлуки кои не/среќно ги донесе му ја помрачија ѕвездата. За тоа си е самиот виновен. Од друга страна, неговата стартна позиција беше одлична, феноменална - внук на (за тоа време) легендарен македонски глумец, син на познат музичар и на колку/толку позната и мошне добра актерка, дете кое се прослави со Волшебното самарче - ретки се кај нас таквите, на кои се им било дадено на тацна - и талент и каков/таков физички изглед и солидна основа. Но, во музиката како и во актерството има претежно епизодни излети, одвреме-навреме ќе излезеше со нешто. Не е се лошо, но недоволно е, според мене, да се зборува за некоја музичка кариера и творештво, премалку е и недоволно добро за споредба со Балашевиќ, со кого прочитав дека го споредуваат...

Можеби и неговата преголема присутност во медиумите на времето и целиот циркус во кој тој беше главниот кловн направија да ми биде помалку омилен и да го ценам помалку отколку што заслужува (па и како музичар), но што е тука е.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.966
Не е се лошо, но недоволно е, според мене, да се зборува за некоја музичка кариера и творештво, премалку е и недоволно добро за споредба со Балашевиќ, со кого прочитав дека го споредуваат...
Не не, нема никаква споредба со Балашевич од музички аспект, за хејтерскиот аспект ми беше споредбата. Во последно време прилично популарно е хејт кон Џамбазов ради тие причини погоре што ги наведов. Пример, тоа не беше присутно во минатото каде горе-долу сите го сакаа.
Тоа што тој не е најдобар животен пример за многу работи е друга тема на муабет.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Не не, нема никаква споредба со Балашевич од музички аспект, за хејтерскиот аспект ми беше споредбата. Во последно време прилично популарно е хејт кон Џамбазов ради тие причини погоре што ги наведов. Пример, тоа не беше присутно во минатото каде горе-долу сите го сакаа.
Тоа што тој не е најдобар животен пример за многу работи е друга тема на муабет.
Во ред, разбрав. И така е, друга тема на муабет е неговиот живот. Но, и покрај тоа, за мене останува прилично неискористен потенцијалот кој веројатно го поседуваше. Ми се чини дека се „вадеше“ на спонтаноста, на умешноста да импровизира, а тоа најмногу дојде до израз во водителството. Најпрвин би ја одредил неговата кариера како водителска, па актерска, најсетне како музичка, иако, искрено, во последно време и не следам со што се занимава и што прави Џамбазов. Како и да е, една од поинтересните личности на македонскиве простори.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Да, точно. Тоа е исто така кога ќе кажеш дека баба Рада е фармацевт. (Секоја чест за баба Рада)
А личност што има завршено музичка академија и пее по кафани, ама апла певаљски биртии, што е? Може ли таа личност да се нарече музичар?
Леле прашањево од кога сакам да му го поставам на некој.:icon_mrgr:
 
Член од
25 април 2011
Мислења
24
Поени од реакции
45
А личност што има завршено музичка академија и пее по кафани, ама апла певаљски биртии, што е? Може ли таа личност да се нарече музичар?
Леле прашањево од кога сакам да му го поставам на некој.:icon_mrgr:
Ги има многу што се музичари(со факултет) и свират по кафани од што ни е таков народот што не слуша класична музика и при тоа они да заработуваат мора да го вадат лебот од таквите свирки кои што се одржуваат у некоја си шупа на автобуска станица.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Татко му го образувал за ноти, и сите останати работи кои што биле потребни за да биде едуциран дури и на таа возраст. Не мора да значи и факулет дека треба да имаш, но мора да ги знаеш тие работи кои што те доведуваат да искомпонирааш една таква композиција. Кога некој ќе реши џез да свири ни самиот не е свесен што го очекува, дека мора сите тие работи да ги научи теоретски со книги со семинари и пренесување на знаењето во школи па да свири џез. Не значи дека ако се црнци им дошло од ништо џез да знаат да свират.
Да не била креативнста на Моцарт, Моцарт ќе бил далеку од таква легенда каква што е денес без разлика на неговата едукација. А иначе многу јасно дека мора да имаш некое знаење односно некоја основа, неможе од ведро небо да ти дојде. Но ти претера со тоа што кажа дека ако немаш факултет неможеш да бидеш музичар.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Ти кажувам вистински, тоа се луге кои што ги буткаат големи продукции кои што му прават шоу на народот повеќе од музика и тебе ти прави илузија дека тие се едни од најдобрите музичари. Некои од нив сами се продуценти на своите песни, на некои им ги правеле песните продуценти музичари. Во тој свет, се се работи за бизнис, за шоу, за трачеви. И ете кога ќе искочи некој таков славен и познат, одма прва работа ќе каже во интервју како он бил обичен човек и кога еден ден пред огледало си запеал и дознал дека знае за себе и го виделе продуцентите.
Ниту една продукциска куќа нема да те бутка ако немаш квалитет и талент во тебе.
Не ме зезај не можеш еден Боб Дилан да го наречеш илузија или пак еден Џим Морисон. Еден генијалец како Марио Ланца благодарение на гласот и талентот успеал да добие образование.
Секој од нив го имал талентот. А повеќето од нив имаат ниско образование односно никакво музичко.
Оние композитори во класичната музика се родени со талент со таква специфична ѕвезда. Џабе ти се сите форми на образование во музиката, теорија, компонирање и аранжирање ако немаш глас, не си доволно креативен од лична приказна или случка да напишеш текст.
Најкреативните во светот на класичната музика денеска се дечиња кои на 9-10 год имаат талент и занемуваат цел оркестар свирејќи фасцинантно на виолина или пијано, а немаат никакво музичко образование.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Леб и сол е македонскаџез/рок група, формирана на 1 јануари1976, од нејзините основачи Влатко Стефановски и Бодан Арсовски, претходни членови на групата Брег со Мики Петковски, како и Никола Димушевски и Димитар Чочоровски .

Првите снимки Етида бр. 3, Деветка и Песна за нас, Леб и сол ги работеле во студиото на Радио Скопје, каде што успеале да ги реализираат за само два часа. Првиот настап надвор од СР Македонија им се случил во април1977, во Нови Сад (тогашна СФРЈ), каде што настапиле како предгрупа на Драго Млинарец, по што добиле покана за учество на Младинскиот фестивал во Суботица. По освоената прва награда добиле можност за реализација на деби-албум, според договорот со продуцентската куќа ПГП РТБ. Тогаш со нив настапувал иГарабет Тавитјан (кој неколку месеци претходно, по враќањето од војска ѝ се приклучил на групата), кој својата огнена крштевка ја имал кон крајот на август истата година кога Леб и сол настапиле како предгрупа на Бијело Дугме на концерт кај Хајдучка чешма.

Под продуцентската палка на Јосип Бочек, некогашниот гитарист на групата Корни, во студиото на РТВ Нови Сад, септември 1977, Леб и сол го снимиле своето самонасловено деби-издание „Леб и сол“. На плочата во џез-рокстил се нашле девет песни, од кои дури шест биле инструменталки. Во нивната реализација учествувале сите членови на групата, но Стефановски бил најплодниот автор. Кон крајот на таа година зеле учество на седмиотBoom фестивал во Нови Сад, од каде што живите верзии на песните: У сенци и Под водом се нашле на фестивалската плоча „Boom 77“. Во пролетта 1978, на фестивалот во Опатија, во рамките на вечерта на обработки на етно-теми, тие ја извеле Абер дојде, Донке, по што добиле награда за најдобар уметнички впечаток и најуспешна примена на фолклорниот израз.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.248
Поени од реакции
5.218
Да не искачам многу ОФ ТОПИК ,но само да кажам дали мислиш дека доволно си слушал музика? Јас мислам не. Има многу добри музичари, композитори низ сите овие години како Моцарт, Хајдн , Бах и ред други кои што компонирале музика за 100 и нешто луге да ја свират (цели оркестри) исто така има и многу џезери кои што искомпонирале прекрасни стандарди кои што ден денес се свират. Тоа што те задоволува песна со само 3 до 6 акорда е дека не си доволно наслушан музика и воопшто не ја разбираш музиката. За да може да направиш нешто во музиката не е доволно само да бидеш креативен, треба да си образован за да можеш да го создадеш тоа. Викаат 2% талент, се друго е вежба и едукација. И на Факултет за музичка уметност не примаат некреативни и некои од улица земени, затоа има приемни испити.[DOUBLEPOST=1417475637][/DOUBLEPOST]
Ти кажувам вистински, тоа се луге кои што ги буткаат големи продукции кои што му прават шоу на народот повеќе од музика и тебе ти прави илузија дека тие се едни од најдобрите музичари. Некои од нив сами се продуценти на своите песни, на некои им ги правеле песните продуценти музичари. Во тој свет, се се работи за бизнис, за шоу, за трачеви. И ете кога ќе искочи некој таков славен и познат, одма прва работа ќе каже во интервју како он бил обичен човек и кога еден ден пред огледало си запеал и дознал дека знае за себе и го виделе продуцентите.
:facepalm:

Making the simple complicated is commonplace; making the complicated simple, awesomely simple, that's creativity - Charles Mingus

Што има врска дали е три акорда или четири ако е добро, ако е нешто ново? Еве и ја можам да зеам 3 акорда да ги исецкам да ги напраам у триста ритмови варијаци и курци палци и што сум постигнал? Секој што свири инструмент може да го направи тоа. Не е тоа поентата на музиката.

Музичко образование помага не викам не, теорија на музика и све тоа помага многу али тоа не го дефинира музичарот. Има безброј необразовани музичари во историја што тоа што го постигнале ти ако сакаш имај 10 академии па нема ни блиску да стигнеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom