Музичко име на тапет : Coldplay

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Доста и е на Каролина. ЕнЏру дај некоја појака пејачка, пример Елена Ристеска :D
Дали се слагате до вечер нешто да склопам и да го ставаме на тапет Damien RIce? Ако сака некој да пиши вовед, слободно.

Ваљда не бил до сеа Рајс, а? :cautious:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Дали се слагате до вечер нешто да склопам и да го ставаме на тапет Damien RIce? Ако сака некој да пиши вовед, слободно.

Ваљда не бил до сеа Рајс, а? :cautious:
Не бил, таман е Рајс, тро геј е, ама и такви некош треба да слушаме, оти сите носиме педерски чувства со нас, кој помалку, кој појче, а кој и се треска од назад.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Тешко им е до Хрватска да стигнат, а не па подалеку. Си знаат Авалон каква е состојбата со музичките пазари, екс Ју земјите без Словенија плус Бугарија и толку е.
Ондак има и други продуциски куќи не е само таа, фала богу ако најдеш вистински луѓе ке успееш вака само на балканот не оди..
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Пошо темата која му е посветена нему е слабо атрактивна и неактивна, да го протумачиме тука, да го тапетираме. :D

На тапет Damien Rice!


Damien Rice е роден 7 декември 1973 и е ирски пејач,текстописец, музичар и продуцент, кој свири на гитара, пијано и перкусии. Обожавам како Википедија ја манијачи и дефинира музиката:D

Rice ја започна својата музичка кариера користејќи го Dodi Ma како stage name формирајќи го рок бендот Juniper заедно со Paul Noonan, Dominic Philips, David Geraghty и Brian Crosby во 1991. Следеа низа турнеи низ Ирска, за да во 1995 го издадат својот деби албум EP Manna . По постигнувањето на музичките цели со Juniper, Rice ради тоа шо му скурчи да набљудува и да се губи во компромисите со издавачките куќи во 1998 г. го напушта бендот. Се преселува во Тоскана, Италија, каде пишува, создава песни, свири и патува.

По распаѓањето на Juniper, Damien Rice направи многу како соло изведувач, додека неговите колеги од бендот го основале Bell X1, кој е фокусиран на Ирска и Велика Британија и затоа не е светски познат. Разделбата од баграва, му ја сметаат за најпаметен потег во кариерата.


Неговиот првенец "O" издаден 2003 (некои викаат дека е 0) покажа дека Rice е врвен инди фолк мајстор кој пердаши со своето гитарче , со впечатливата текстуална подршка, па затоа и не чуди фактот што овој албум ја доби Shortlist Music Prize и се продаде во повеќе милионски примероци ширум светот. "O" е прекрасен албум кој на необичен начин го издигна Rice над сите останати folk-pop изведувачи кои кокетираат со акустичен стил: остроумните, занимливи и совршено интелегентни стихови со совршено тивки, на моменти и едвај чујни гитари и гудачки инструменти, го преставија како исклучително чувствителен автор кој успева да не биде патетичен.


Damien Rice го дефинираат и како пола - Nick Drake,пола-Jeff Buckley, и уште како своеглав и карактеристичен како и неговите сонародници во сопствените митови и легенди.Во прилог на тоа, можеби не одат стиховите од Rootless Tree во која пее „Fuck you, fuck you, fuck you/ And everything we’ve been through“, колку фактот дека својот втор (долгочекуван, проблематичен, клучен) албум го започнува со гласот на Lisа Hannigan - што за последица има да во тој момент, барем, 70% од оние кои го слушаат албумот помислат дека им е продаден погрешен диск. Баш тука, она „fuck you“, је права ствар :D Од друга страна, нејзиниот глас и го затвара албумот, а скриен измеѓу, Rice прави доволно интригантен концепт. 9-ката го сметаат за проесечен албум, најмалку еден левел подолу од “ нултиот ” , дури на некои делови и исфорсиран. Но критичарите се оградуваат од одење во крајност и сметаат дека деветкава и воопшто не е толку лош албум. Албумот е фантастичен, но она што им смета и им боди во очи е тоа што: Rice со првиот албум покажа кој потенцијал го поседува, колку приказни е способен да раскаже, низ колку емотивни состојби со хармнониска прогресија ги транзицира своите слушатели, но на деветкава, ништо од наведеното.


Lisa Hannigan, ги зачинува песните на само нејзин својстен, ненаметлив, но специфично уверлив начин, независно што пее за цел еден спектар на чувства, од апатија до лутина.

Песните на 9 плачат, цимолат, исповедаат, а она што е најс или треба да биде најс е тоа шо Рајс, пати како маж, а не ко пичица:) Rice е пријатен за уво, добро друштво за истромозено (пре)контаминирано тело свесно дека алкохолот најпријатно ја гаси жедта за сите останати потреби. Со обзир на тоа дека пее за љубовта, секако дека е добредојден во сечие срце.


Сакаш да го посматраш ко млак, проѕирен, лигаичар, патетичен, све шо сакаш. И како сакаш.

Но можеш и со винце, сирење, па да имаш дегустација на емоции, па спознавање на својата екстремна ранливост, на чувства обоени со музика. Да, неговата музика дефинитивно нема да те искрши од играње на подиум, но неговите искрени стихови те тераат да ги предизвикаш своите чувства , а истовремено да ги почувствуваш и неговите емоции. Сакам да завршам со цитат од The Los Angeles Times кои напишаа дека најдобро е Damien Rice да се посматра како “nothing short of a complete package of art, personality and presence.”
Би било греота ја да смишлавам некој друг вовед, а и ме мрзе. Благодарности до @Forrest Gump.

Епа дјецо, ајде.
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Мене не ми е јасно како може на некој да не му се свиѓа.

Некако ми изгледа дека што и да пишам ќе се повторувам со тоа што го иам веќе пишано на темата.

Еден меѓу ретките изведувачи ми е чија музика ја чувствувам,баш онака,потполно и чисто. Ма плачење од емоции бре.
Секаде каде што можам ја постирам песнава, еве ви ја и тука да си ја слушате. :pipi:

Инаку да, не може да се слуша Damien Rice секојдневно. Си бара некоја си мала доза на депресија.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Ок е. Добар е, меланхоличен, го слушав порано, пред година две, малку ми е нежен за слухов, ама би го слушал пак :) Е сега омилена песна не ми текнува, оти одамна беше, али ми текнува дека ова песна имаше интересен спот.

 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.723
Поени од реакции
13.451
Меланхолик... Тро неколку коцки шеќер, ама не загрозително да прејде накај Блант.
Го слушам чат-пат у моменти на слабост. Онака....
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Често заглавувам со неговата музика. Одличен глас, пријатна музика што не напнува и искрени и емотивни текстови. Најискрено поише ми правеше мерак дури беше со Лиса, таа даваше друга димензија на песните.
Песни што ги обожавам се : Rootless Tree, Volcano, I remember, Accidental babies и секако незаменливите The Blower's Daughter и 9 crimes.
Ипак најомилена ми е оваа, пошто нели :icon_lol:

И да, Damien ми иде увек у пакет со Ray LaMontagne. Еве ви и заедно како звучат.

п.с. знам да ја свирам 9 crimes на гитара, ако некад налетате на видео кај ја изведувам да не се чудите ок? :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
СУПЕРХИКС

Суперхикс е македонска ска-панк група со реге, латино, џез, свинг и балкански музички влијанија. Формирана е во 1993 година од три средношколски другари: Петар Младеновски, Зоран Жежов - Кечо и Борис Минов. На почетокот Суперхикс свират мелодичен панк/хардкор. Денес во бендот е вклучена и тричлена дувачка секција составена од труба, тромбон и флигел хорна и моќен перкусионистички сет воден од Гоце Наумов - Индијанецот.

Во текот на оваа деценија Суперхикс ја делат сцената со големи имиња од светската музичка сцена: Ману Чаои Радио Бемба Саунд Систем, Фан Ловин Криминалс, Тито и Тарантула, Хенри Ролинс, Рико Родригез (Спешлс), Фишбоун, Фандаментал, Морчиба, Хладно пиво и многу други.

Значајни настапи
  • Hodokvas (Словачка) 2004
  • Фестивал „Таксират“ , 2003, 2008
  • EXIT Festival 2003, 2008(Нови Сад)
  • Pepsi Sziget (Будимпешта) 2002, 2003
  • Rock Otocec (Ново Место, Словенија) 2002
  • Фестивал Аларм (Љубаништа), 2002
  • Zagreb Open Air
  • Nisomnia Fest (Ниш),
  • Десет години Суперхикс (Скопски саем), 2004
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Интересни дечки, не ги ногу слушам ама скоро им бев на свирка. Имат некоја енергија, некоја позитива во нив и плус ми е интересна нивната критика за општеството.


:icon_mrgr:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Порано доста ги слушав и со другарка ми често знаевме да и одиме на свирка битно секогаш кога ќе се вратевме од таму бевме со топ расположение, бендот не е некој кој додека го слушаш да шири некоја енергија час тажна, час позитивна, барем јас додека сум бил на нивна свирка никогаш не сум заминал и да сум останал со став дека сум поминал тапа, секогаш било она еј да одлично поминав. Така да имаат доста јаки песни онака да ти го дигнат расположението и што е добро заразни се за потпевнување. :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Порано многу многу порано кога беа побрзи ги слушав онака дури ја истражував македонцкава сцена. Сега кога апла преминаа на СКА, ми накурчија, пошто и самиот правец некако ми е надживеан пошто има и многу попрофи бендови од нив и пошто мислам дека Пеце е многу многу неоправдано самобендисан, таков впечаток ми остава било по интервјуа, било по настапи и така натака.

Ок се, да ги имаме во Македонијава како застапници на правецот и то. Омилена песна ова.

 
П

Паган-др

Гостин
Ги слушав порано многу. Ги имам дома И сега што и од 2004та мислам лајв. Сега не можам да ги поднесам. Од кога излезе Африка, од кога почнаа да се форсираат секаде, да се дуваат, не ги бива ама ич.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Мора да им се одаде почит како една од македонските групи кои долго траат и на свој начин си оставија трага. Ако правам споредби со светски музичари, ме потсетуваат на Ману Чао и неговата екипа. (во поглед на критика, приказни, разни музички правци, експерименти) Интересена група, креативни дечки, добри музичари со голема километража, нетипично за оваа плагијат естрада. Не сум некој нивен фан но имаат песни кои ми се интересни.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Пошо ја пораснав со ска и скејт панк ќе мора да се поставам ептен пристрасно на темава, али шта је ту је.
Мислам дека на рандом прва песна шо им ја слушнав беше оптимиска и у тоа време немав појма кои се фаците.
Мислам дека пројде година-две, бев петто шесто мислам коа за роденден ми дадоа цеде Трумано. Ја имав забораено оптимиска али после во нет кафето кај школо сврзав два со два.
Како и да е, одамна ги сакам и увек ќе ги сакам. Пошто се феноменален ска бенд и пошто "Кога си сам" ми помогна да пребродам тапа раскинување. Јебеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom