Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.618
Damien Rice е роден 7 декември 1973 и е ирски пејач,текстописец, музичар и продуцент, кој свири на гитара, пијано и перкусии. Обожавам како Википедија ја манијачи и дефинира музиката
Rice ја започна својата музичка кариера користејќи го Dodi Ma како stage name формирајќи го рок бендот Juniper заедно со Paul Noonan, Dominic Philips, David Geraghty и Brian Crosby во 1991. Следеа низа турнеи низ Ирска, за да во 1995 го издадат својот деби албум EP Manna . По постигнувањето на музичките цели со Juniper, Rice ради тоа шо му скурчи да набљудува и да се губи во компромисите со издавачките куќи во 1998 г. го напушта бендот. Се преселува во Тоскана, Италија, каде пишува, создава песни, свири и патува.
По распаѓањето на Juniper, Damien Rice направи многу како соло изведувач, додека неговите колеги од бендот го основале Bell X1, кој е фокусиран на Ирска и Велика Британија и затоа не е светски познат. Разделбата од баграва, му ја сметаат за најпаметен потег во кариерата.
Неговиот првенец "O" издаден 2003 (некои викаат дека е 0) покажа дека Rice е врвен инди фолк мајстор кој пердаши со своето гитарче , со впечатливата текстуална подршка, па затоа и не чуди фактот што овој албум ја доби Shortlist Music Prize и се продаде во повеќе милионски примероци ширум светот. "O" е прекрасен албум кој на необичен начин го издигна Rice над сите останати folk-pop изведувачи кои кокетираат со акустичен стил: остроумните, занимливи и совршено интелегентни стихови со совршено тивки, на моменти и едвај чујни гитари и гудачки инструменти, го преставија како исклучително чувствителен автор кој успева да не биде патетичен.
Damien Rice го дефинираат и како пола - Nick Drake,пола-Jeff Buckley, и уште како своеглав и карактеристичен како и неговите сонародници во сопствените митови и легенди.Во прилог на тоа, можеби не одат стиховите од Rootless Tree во која пее „Fuck you, fuck you, fuck you/ And everything we’ve been through“, колку фактот дека својот втор (долгочекуван, проблематичен, клучен) албум го започнува со гласот на Lisа Hannigan - што за последица има да во тој момент, барем, 70% од оние кои го слушаат албумот помислат дека им е продаден погрешен диск. Баш тука, она „fuck you“, је права ствар Од друга страна, нејзиниот глас и го затвара албумот, а скриен измеѓу, Rice прави доволно интригантен концепт. 9-ката го сметаат за проесечен албум, најмалку еден левел подолу од “ нултиот ” , дури на некои делови и исфорсиран. Но критичарите се оградуваат од одење во крајност и сметаат дека деветкава и воопшто не е толку лош албум. Албумот е фантастичен, но она што им смета и им боди во очи е тоа што: Rice со првиот албум покажа кој потенцијал го поседува, колку приказни е способен да раскаже, низ колку емотивни состојби со хармнониска прогресија ги транзицира своите слушатели, но на деветкава, ништо од наведеното.
Lisa Hannigan, ги зачинува песните на само нејзин својстен, ненаметлив, но специфично уверлив начин, независно што пее за цел еден спектар на чувства, од апатија до лутина.
Песните на 9 плачат, цимолат, исповедаат, а она што е најс или треба да биде најс е тоа шо Рајс, пати како маж, а не ко пичица Rice е пријатен за уво, добро друштво за истромозено (пре)контаминирано тело свесно дека алкохолот најпријатно ја гаси жедта за сите останати потреби. Со обзир на тоа дека пее за љубовта, секако дека е добредојден во сечие срце.
Сакаш да го посматраш ко млак, проѕирен, лигаичар, патетичен, све шо сакаш. И како сакаш.
Но можеш и со винце, сирење, па да имаш дегустација на емоции, па спознавање на својата екстремна ранливост, на чувства обоени со музика. Да, неговата музика дефинитивно нема да те искрши од играње на подиум, но неговите искрени стихови те тераат да ги предизвикаш своите чувства , а истовремено да ги почувствуваш и неговите емоции. Сакам да завршам со цитат од The Los Angeles Times кои напишаа дека најдобро е Damien Rice да се посматра како “nothing short of a complete package of art, personality and presence.”