„Osjećam da lutam kroz terase svijesti...“
Долги години се на top of the bill кај мене. И секогаш ќе тврдам дека АЗРА е тоа штo got me through.
Сеуште важат за мој омилен бенд од неанглиско говорно подрачје, иако по квалитет и по она што го барам, АЗРА ги ставам на исто место со Забрањено Пушење. Но добро, темата не е за тоа како котираат кај мене.
А што има да се каже за АЗРА а веќе не е кажано. Со единствена разлика во тоа што постојат поинакви писанија за АЗРА/Џони додека тој беше тука, и поинакви писанија откако одлута во Утрехт (онаму кај што нема многу наши, ко што вели). ЈАс сакам да ги сумирам и двете работи. Ко Сумерите што сумирале.
АЗРА е тотално unusual бенд. Можеби еден и единствен наоколу. Иако потпаѓа во класата на novi val, во најсилната абразивна рамка на бранот. Веројатно енергијата на истиот, ширејќи се од подрачја со повисок воздушен притисок на исток кон Урал (Булдожер - Ново Вријеме) му се погоди на Џонија за да ја искаже својата “мака“. Е, тука е интересното. Што Џони успеа да ги дијагностицира болестите на модерното време. Инспириран од истите, а мотивиран од Страмер, Џони направи проект кој и ден денес изгледа свежо. Онај општествен мистицизам во текстовите негови.
Мене ми се свиѓа убавината во тоа, да направиш конгломерат на песни со тематики од типот на „Као ти и ја“ со песна која се замара со проблемите на Исламската Револуција во Иран 1979 година и војната со Ирак. И ред други поетски трискоци, лутајќи низ неговите тераси на свеста.
Прилично исфрустриран од се и сешто, се познава. Ама, јако е што не му продираш во душата, него тој тоа го прави кај тебе. Те пронаоѓа, дали во „Одлазак у ноч“, дали во „Странкиња са плавих eyes“, дали во „Далеко од истине“. Или, ако си Другарот Тито (а знаеме дека само еден беше), ќе се пронајдеш во “Тко то тамо пјева“. Класика, жими се.
ЛЕсно се погодува. Главниот момент на музиката на Азра (т.е. Џони) е неговата поезија. За мене, врвното остварување на овие простори (добро, се разбира, после феноменалниот Ристо Вртев, кој е леб и вода за Сусаро).
Она што може да се извади како негативна критика за АЗРА и музиката на Џони е можеби едноставноќата и избрзаноста во музиката негова. Стилот “кур ме боли - сакам музиката да е наменска и да пренесам порака“ е сосема во ред. Меѓутоа, јас тврдам дека на музички план, Џони може повеќе. Иако, не би менувал ништо ако веќе муабетот е за тоа. А и самиот тој вели дека првото што ке го направиш во поглед на музиката, тоа е добро. Понатаму, се губи на енергија. Вадиш гирата, го свириш и тоа е тоа. Нема назад.
Веројатно тоа е компатибилно на панк циклонот кој ординира над тогашните простори. Битна е пораката, нели.
Можеби едниствен бенд каде што хиперпродукцијата не смета, туку е добар момент. Полната торба текстови на Џони веројатно беше со поголем капацитет него времето, и прекршувањето на епохата на старата Југа, која го направи Џони уште потажен, понеразбран, откажан. Неговиот мистицизам и култната верзија се поклопува со неговото откажување од музиката и од овие простори, тогаш кога сите глупости кои тој претходно ги акцентираше, натежнаа на цела колективна несвесност.
АКо имате забележано, неговата тематска насоченост оди во градација, аналогно на натежнувањето на глупостите во тогашното општество. Од енергичното “Уради нешто“ во стартот, па се до “мала је земја сада за све што мрзе рата“ од крајот, кон Blase, се слуија многу работи на овие простори. А во меѓувреме, неговото дело го одбележа неговата љубов - за изворни, народни. И ко што вели, тоа што го научил од снеговите од Аеродром (кај касарната Гоце Делчев) Скопје. Ко го викале Чупко.
Oна што многу ми се svidja oд творештвото на АЗРА се Орвеловите референци. Од Сестра Ловел 1984, па до мнооогу добрата Last man in Europe кај што пее тој низоземацот Кип (басистот).
Инаку, за живи свирки, мајстори. М а ј с т о р и! Онака, Равно до Дна е за мене еден од најдобрите живи албуми svih vremena. И пак, енергијата и пораката најдобро испаѓаат во живо, нели?
Иако мојов пост заминува во тривијалности и биографски карактеристики на Бранимир Штулиќ, сепак е во корелација со АЗРА. Оти, иако тој напати беше лабелиран како арогантен и тежок човек, сепак, вистината дека тој е АЗРА е ... прилично јасна, ако се навраќаме и дробно ја разгледаме Азрината историја.
А кога би бирал, која ми е омилена негова/нивна песна, тоа би бил најголем проблем за мене. И, истото се менува. Често ми е 3N, многу често Voljela me nije, nijedna. Многупати тврдам дека најдоброто нешто е Balkan, иако пролиферацијата на таа порака во вид на песна која постана хит низ лоботомираната младина која го потпевнува рефренот исто ко Американците што го потпевнуваат Born in the USA од Спрингстин без да скопчаат што е моментот. и Оdlazak u noc не ми е лоша, во поглед на Najbolje najbolji.
А најдобар албум? Шознам. АКо не го сметаме Ravno do dna живиот, тогаш нека биде Filigranski plocnici.
Кога се става ваков бенд на тапет се става и душата наша на истиот. Така испаѓа.
Oh, Pavel...
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)