Ч Е Н Т О
Методија Андонов
- Член од
- 3 јули 2008
- Мислења
- 1.698
- Поени од реакции
- 1.612
Жежов малку замајува тука. Петокраката не подразбира дека секој што ја носел во Втората Светска Војна бил комунист....
Никола Жежов, еден од авторите на одделот за жртвите на комунизмот и продекан на катедрата по историја, вели дека македонската историја има доволно аргументи што ќе дадат живописна слика за она што се случувало во Македонија по Втората светска војна.
- Во овој оддел ги претставивме најеклатантните примери на репресија во некогашната држава. Тоа не значи дека ги бришеме заслугите на сите македонски комунисти во тој период. Имало чесни патриоти што ја прифатиле комунистичката идеологија, но ја задржале и националната кауза. Таков пример е Методија Андонов Ченто, кој бил и патриот и носел петокрака како претседател на АСНОМ. Ист е случајот и со Методија Шаторов Шарло, кој на крајот завршил мистериозно. Тука е и Венко Марковски, кој бил испратен на Голи оток. Или Кочо Рацин. Личностите како Панко Брашнаров, Ченто, Павел Шатев, струмичките студенти се веќе историски расветлени. Располагаме со голем број документи, пресуди. Работите се јасни - вели Жежов...
Ченто никогаш не бил и не станал член на комунистичката партија, и во поглед на тоа како треба да се гради општеството имал т.н. "граѓанско-либерален" став иако не инсистирал на тоа. Позицијата на прв претседател на Македонија ја добил зашто сите патриоти знаеле за неговото дело без разлика дали биле комунисти или не, тој беше затваран и од Србите и од Бугарите заради своите МАКЕДОНСКИ ставови.
Значи може да се прифати дека во глобала немал против левата идеологија, ама никогаш официјалнио не станал комунист.
За разлика од него, другиот македонски патриот Методија Шаторов-Шарло бил првокласен комунист со силни врски со СССР и Коминтерната под чија палка има доста "прошетано" пред војната. Откако со еден издржан симпозиум за неговата личност и дело во подготовките и за време на НОБ се симна стигмата што неправедно му ја залепија Колишевски и компанија (на коишто за се лошо во НОБ крив им беше Шарло), сега треба да се поработи малку на целосно разоткривање на неговата дејност, патувања, средби, личности, кој, зошто, како, итн. токму во периодот кога е во тесна соработка со СССР. Идеолошката стигма против комунизмот што е на сила сега треба да се остави настрана кога се третира историјата, за да не се доведеме во ситуација слична на онаа предходно само во обратна насока, па да се бришат и не се спомнуваат важни личности од нашата историја само зашто од денешен аспект не ни се допаѓа нивната идеолошка определба.