Музеј Македонска Борба - предлози и впечатоци

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
напиши писмо, барање до државниот архив- ќе добиеш копии
не знам ....- но , доколку се појават фотографии од таму - ( денес две, утре пет....) кој и зошто би отишол таму- ?
И згора на се’ тоа не е класичен музеј - пред се би рекол атракција, шоу...со делумно автентични експонати -
и крај крајева тоа е шоу за пари :)
Збориш напамет пријателе, ќе се потрудам да ти скенирам „барање“ да видиш за што станува збор. Земи во предвид дека ова е обично хоби, како патриоти ентузијасти кои сакаме да допринесеме во промовирањето на нашата историја, никој ниту не плаќа, ниту ни спонзорира “трудови“. Затоа многу подобро е да се кренат сите рампи и непречено масовно да ги шириме нашите архивски материјали.

Има разлика да видиш одреден документ со свои очи, во оригинал, да се увериш дека навистина постои и да видиш нивна копија како што е пракса насекаде низ светот.
Или можеби доволно е да ги гледаме пирамидите на слики само, колку за споредба.

Доколку шоуто е за пари, нека одредат цена, колку треба да платам за да сликам или за да добијам копии.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Makedoncki mora li muzejot da se razgleduva vo prisustvo na vodic?
Izvinete za latinicata
да само со водич, - не го слушај водичот, шепотете не е проблем.

да си има темпо кое не дозволува многу внимание на се да се посвети, затоа јас ке одам неколку пати.
--- надополнето: Sep 12, 2011 6:10 PM ---
Збориш напамет пријателе, ќе се потрудам да ти скенирам „барање“ да видиш за што станува збор. Земи во предвид дека ова е обично хоби, како патриоти ентузијасти кои сакаме да допринесеме во промовирањето на нашата историја, никој ниту не плаќа, ниту ни спонзорира “трудови“. Затоа многу подобро е да се кренат сите рампи и непречено масовно да ги шириме нашите архивски материјали.

Има разлика да видиш одреден документ со свои очи, во оригинал, да се увериш дека навистина постои и да видиш нивна копија како што е пракса насекаде низ светот.
Или можеби доволно е да ги гледаме пирамидите на слики само, колку за споредба.

Доколку шоуто е за пари, нека одредат цена, колку треба да платам за да сликам или за да добијам копии.
кога ке одам нареден пат ке се распрашам за копии или ектронски верзии и ке ти кажам
--- надополнето: Sep 12, 2011 7:37 PM ---



неможам, немам нерви за кошаркава идеме со музејот,

Востанието започнува

се искачувате по скалите во наредниот период - востанието,

подот е од трева а амбиентот како секој македонски град, низ просторот има селски камбанерии со чие ѕвонење и започнало востанието во Крушево, од десно сцена од мечкин камен(прикачена) и фигура од питу гули кој бил мало чудно човече со неговата карактеристична фризура,

пиштоли ками и манлихери по ѕидовите, паралелно се прикажани гемиџиите како мешаат експлозив.

се вртите накај главаната поставка, на балкон од староградска кука Карев држи говор, говорот е гласен и продира во вас...звуци од битки и пушки, бомби и ѕвечкотење на сабји.

потаму на бесилка обесен виси Турунџе во комитска облека, гаврани се насобрале околу него... ѕидовите се преполни со слики од востанието, последните битки, последните комити, саможртвите, ѕверставата...како малце да се Турците, прикачена е сцена на масакрот во Загоричани, Егејско... мајки и деца, млади и стари покосени од Грчките андарти, Каравнгелос плака пари за главата на Војводата на локалниот кодош...те стега грутка во грлото...
 
Член од
7 март 2011
Мислења
93
Поени од реакции
125
Не водете глупави и беспредметни дебати од типот зошто се Ванчо Михајлов или Лазар Колишевски во музејот. Сите тие т.н. контроверзни личности се дел од поновата историја на Македонија и треба да се прикажат објективно, мора веќе да престане трендот на бришење личности или делови од историјата. Ако беше така немаше да направат восочна фигура на Хитлер во Мадам Тисо во Лондон и во Берлин и немаше да учиме за Хитлер и нацизмот по историја. Во секој музеј на НОБ има слики од Германците и германско оружје, во воениот музеј во Белград еден до друг се претставени усташки, четнички и партизански ножеви, има слики и од Дража и од Павелич и од Тито... сум бил лично и сум видел. Па уште поголема гордост (особено во руските музеи) е претставување на запленето нацистичко знаме или оружје.
Веќе се појавија слики од две фигури (едната во неделникот Форум од минатиот понеделник и една во вчерашниот Дневник).

 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Македонија и македонскиот народ во царско писмо од 1689 година

"Време е да се дигне глава, ние Македонците имаме право на своја држава" се слуша гласот на Даме Груев во просторијата со импресивна глетка на восочни фигури од шесттемина кои во Солун ја формираа Македонската ревулуционерна организација

Музејот на македонската борба за државност и самостојност врие од посетители. По околу 300 гости дневно, колку што е и капацитетот на Музејот, ги гледаат восочните фигури и импресивните слики високи и до 5-6 метри. Токму при посетата на ВЕЧЕР, кој ја доби ексклузивната можност да ја пренесе поставката на Музејот и со каталогизираните фотографии од внатрешноста, на ред чекаа група моторџии од Велика Британија. Додека разговаравме со директорот на Музејот, Бранислав Светозаревиќ, се вршеа договори за посета на ученици, а пред вратата чекаа десетина љубопитни гости.

"Во изминатите пет работни денови имавме околу 1.500 посетители. Нивните впечатоци се дека Музејот и поставката се импресивни, и дека вакво нешто не виделе на балканските простори", ни вели директорот Светозаревиќ во фоајето на Музејот, каде централно место зазема Декларацијата за независност на Република Македонија. Од приземјето до катовите на модерно
опремениот Музеј водат впечатливи мермерни скали. Низ времето не водат приказните на одлично информираните водачи. Стартот е резервиран за Карпошовото востание. Водичот го потенцира писмото на австрискиот цар Леополд до македонскиот народ. Уште во далечната 1689 година Леополд во Карпош гледа иден цар на Македонија, а во писмото Македонија јасно е спомената повеќе пати. Во првата соба не дочекуваат звуци од кавал, и фигурите на Румена војвода која била три години ајдутин по што ја убиле нејзините луѓе, а "друштво" и прават Дедо Иљо Малешевски и Толе Паша, и тој убиен од своите луѓе во 1904 г. Во следната соба се гледа вреден експонат - кубура којашто е функционална и денес. Од слика на турските реформатори Абдул Меџид и Абдул Азис таму може да се дознае и дека во 19 век во Македонија интензивно почнале да се градат и обновуваат цркви и манастири, кои дотогаш не смееле да се градат.
Следи 19 век, во просторија каде што се гледа англискиот државник Вилијам Гледстон, кој уште тогаш кажал "Македонија на Македонците". Водачите на Разловечкото и Македонското (познато како Кресненско) востание, Поп Стојан Разловечки и Димитар Поп Георгиев-Беровски ги гледаме во просторија на чиј под се живо претставени вештачка кал и вода. До сликата од Македонското востание во селото Кресна (1878 г.) е ставен оригиналниот печат, каде пишува Македонско востание. Живо претставени на слики и како фигури се и Крсте Петков Мисирков, Миладиновци, Прличев, Наим Фершери, Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев... Започнува 20 век. Ја гледаме камата и револверот во кои се колнеле ревулуционерите. Понатаму не чека импресивна глетка - седнати во соба со автентичен мебел од тоа време, ги гледаме шесттемина кои во Солун ја формираа Македонската револуционерна организација. Тука е и Уставот напишан од Гоце Делчев и Даме Груев, а во позадина се слуша македонски актер како ги чита зборовите на Груев: "Време е да се дигне глава, ние Македонците имаме право на своја држава". Додека на монитор течат архивски снимки од историјата на Македонија, влегуваме во просторија, исто со под "од кал", каде ги гледаме Мис Стон и Јане Сандански.
Полека го напуштаме првиот кат, и по скали се качуваме до "Битката кај Мечкин Камен". Сега "од кал" одиме "по трева". Не дочекуваат Питу Гули и Борис Сарафов, кој, како што вели водичот, добро котирал кај странските жени, а парите што ги извлекувал од нив ги давал за организацијата. Гледаме манлихерки, маузери, берданки...
Во следната огромна просторија има слики големи и до 5-6 метри. Претставено е убиството на Гоце Делчев, а впечатлива е и восочната фигура на обесениот Александар Турунџе.
"Го обесиле ноќта, околу 3-4 часот, за утрото луѓето да видат како не требало да се однесуваат", вели водичот.
По импресивните фотографии на убиениот Даме Груев и Крушевскиот манифест, со исечени и крвави стапала ја гледаме измачената Наца Пинџурова, баба на Страшо Пинџур.
Влегуваме во соседната просторија, а во позадина се слушаат звуци на зурли и истрели. Со митролезот кој го нарекле Максим започнува Првата светска војна, а до периодот на Втората светска војна ги гледаме Ѓорче Петров, Тодор Александров, Владо Черноземски...
Се продолжува со поновиот период, се слуша Интернационалата, гледаме восочна фигура од мртвиот Коста Солев Рацин, потресни слики од македонски маченици на Голи Оток, па Методија Андонов-Ченто, фотографии од осудените и репресирани за Македонија, струмичките студенти убиени со по еден куршум во главата и еден во срцето...
Музејот не остава простор за рамнодушност. Историјата е насликана живо и верно. Од победи до најголеми порази. Македонци, Албанци, Власи..., сите позначајни борци и страдалници за Македонија се вечно сместени во зградата покрај Вардар, а ги чуваат реплики на црешовото топче. А сето тоа нема да остане само на оваа фаза, вели директорот Бранислав Светозаревиќ најавувајќи дека ова е само почеток на она што Музејот треба да го направи со својата улога, во државата и регионот. Музејот ги отвора своите врати од вторник до сабота од 12 до 20 часот, во недела од 12 до 16 ч., а во понеделник не се работи. Билетот чини 100 денари, а групни посети - 50 денари.


Фрапирани од висината на Гоце Делчев
Сите восочни фигури ги претставуваат личностите во оригиналната височина и тежина. Можеби најинтересна е појавата на Гоце Делчев, кој е висок околу 165 сантиметри. "Да, повеќе од луѓето се изненадени од неговата висина. Но бил човек со големо срце", објаснува водичот по коментарот околу големината на Делчев.

Се чекаат фигури на Киро Глигоров и Тито

Во Музејот ќе бидат поставени уште восочни фигури, а ќе се зголемува и квадратурата на музејската поставка. Засега меѓу фигурите што треба да пристигнат се и оние на Киро Глигоров и Јосип Броз Тито.

Јованка Орлеанка од Македонија
За историјата сведочат и исечоци од француски весници кои пишуваат за македонското востание. Една од сликите на текстовите, која датира од 1903 година, е насловена "Јованка Орлеанка од Македонија".
Околу 15.000 евра за восочна фигура
Дел од восочните фигурите чинат по околу 15.000 евра. Директорот на Музејот вели дека министерот за култура на Хрватска при неодамнешната посета кажал дека за восочните фигури во Хрватска платиле неколку пати повеќе.
(Де.Т.)
 
Член од
7 март 2011
Мислења
93
Поени од реакции
125
Долг и интересен текс од Дневник. Го прочитав и воочив неколку грешки:
1. Оригиналното знаме од Разловечкото востание не се чува во Македонија, туку во Националниот военоисториски музеј во Софија. По смртта на Димитар Поп Георгиев Беровски во 1907 година, знамето го чувал син му Станимир Поп Георгиев, а во 1959 година било предадено во софискиот музеј.
2.Во битката на Ножот на 14 јули 1907 година учествувале околу 200 комити, а не 2000. Загинале вкупно 77 комити, од кои 54 на Ножот (планински врв меѓу Прилеп и Кавадарци, кај селото Ракле).
3. Охридската архиепископија не е укината во 1686, туку во 1767 година.
4. Тихомир Милошевски не е татко на Нада Глигорова (првата дама на независна Македонија, 1920-2009). Нејзин татко е Стојан Мишев, член на ВМРО, кој се ставил на страната на Србите (ренегат) и бил убиен од Кирил Глигоров Ќелешов во декември 1924 година.
5. За петте струмички студенти јавноста во Струмица знае од моментот на нивното убиство во 1951 година... а не од 1995 година.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
сликиве по веснициве со квалитет немаат врска со тоа што ке го видите во живо- ко други слики да гледам, ке мора да си одите
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.762
како може и мара бунева и ванчо михајлов , да бидат во ист музеј со нашите херои , па тие двајцата се бугарофили душмани на македонскиот народ .
Душмани на србоманите и на српските окупатори, да.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Душмани на србоманите и на српските окупатори, да.
А дали признавала македонски народ и нација? И со чија цел и во чие име го направила тоа? Сто пати сум кажал ако се бориш против срби а си заедно со бугари не те прави патриот ниту Македонец. Исто и во обратен случај. Така да се знае кои се вистинските патриоти на Македонија од тоа време.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.762
А дали признавала македонски народ и нација? И со чија цел и во чие име го направила тоа? Сто пати сум кажал ако се бориш против срби а си заедно со бугари не те прави патриот ниту Македонец. Исто и во обратен случај. Така да се знае кои се вистинските патриоти на Македонија од тоа време.
Зоте, иди лади се на вентилаторон.

Има таму компетентни кои се назначени да одредат кој е, а кој не е за у музејот.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тема за Мара Бунева и било кој друг кој е ваков или онаков веќе постојат на форумов, овде нема да дискутираме за никого конкретно од историски аспект, туку ќе ги презентираме содржините на Музејот, со коментари, критики, пофалби, слики и останати информации.

Ова се однесува на последните двајца дискутанти, нека биде само опомена засега.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Зоте, иди лади се на вентилаторон.

Има таму компетентни кои се назначени да одредат кој е, а кој не е за у музејот.
Е сега не знам дали се компететни зашто една изјава на Гоце Делчев не ја испочитувале.

"Македонија има свои интереси и своја политика, таа им припаѓа на сите Македонци. Кој копнее, кој работи да ја присоедини неа кон Бугарија, Грција или Србија,тој може да се мисли за добар Бугарин, Грк или Србин но не е добар Македонец!"
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Бев, видов. Не е лошо. Само, фигурата на Гоце Делчев не ми се допадна, на фотографиите изгледа доста поинаку. Не морале да прават фигура на Прелиќ, кој никако не заслужил место во Музејот.
Не се сеќавам дека видов фигура на Блаже Конески или на Круме Кепески, но веројатно и тоа ќе биде.
Чуден мирис, можеби од восокот. Не е пријатен. Табличките на кои се наведени имињата на оние што се претставени, нејчесто се долу, некаде настрана, со ситни букви и тешко се читаат. Тоа е исто така пропуст.
Како и да е, добра идеја која е солидно реализирана. Маните не се нешто што не може да се поправи.
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Е сега не знам дали се компететни зашто една изјава на Гоце Делчев не ја испочитувале.

"Македонија има свои интереси и своја политика, таа им припаѓа на сите Македонци. Кој копнее, кој работи да ја присоедини неа кон Бугарија, Грција или Србија,тој може да се мисли за добар Бугарин, Грк или Србин но не е добар Македонец!"
´´Makedonija ima svoi interesi i samostoiatelna politika, taa im pripaga na site Makedonci. Koj kopnee i raboti da ja prisoedini kon Bugarija ili Grcija , toia moze da se misli za dobar Bugarin ili Grk no ne i dobar Makedonec´´ Toa ne e izjva na Goce ,a citat od romanot " Zeleznija svetinlnik" na Dimitar Talev, setovnoizvesten pisatel od Prilep. Srbija vo citatot ne se spomenuva.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не е цитат од романот туку од писмата на Гоце, кои Талев може ги употребил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom