Музеј Македонска Борба - предлози и впечатоци

Ги има тие писма на некоја од темиве, претходно го отворивме ова прашања, одамна беше. Имав постирано и делови од книгата, не го паметам авторот.
 
Цитатот е во согласност со целокупната животна дејност на македонскиот великан Гоце Делчев.

Инаку Талев направил своевиден спој на мислите на Гоце Делчев и Никола Карев од две нивни писма со слична содржина.

Гоце во неговото писмо до Ефрем Каранов од октомври 1895 г. вели:
"Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите."

Никола Карев пак во едно писмо од 1902 г. му пишува директно на Гоце Делчев и го моли да се дигне востание во Македонија, при што вели:
"Да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние Македонците да се бориме за наша Македонија..."

Истите мисли ги има и кај други помалку познати македонски војводи и Илинденци, како Блаже Крстев - Биринчето

Blaze_Krstev_Birinceto-1.png
 
Нема да дозволам дефокусирање на темава, нека биде ова само опомена.
 
Баш по темата си сборим. За Гоце и неговите писма - што има во Музеjот на Македонската борба. Има много интересни писма на Гоце, кои изгледа ги нема во музетот.
 
Зоте дај бе првин иди во музејот па после коментирај и не тролај на темава, конкретно за повиканите има засебни нишки, тука го обработуваме музејот како целина конкретно иљо малешевски се борел и со Србите ПА ШТО? проучи го неговиот лик и не замарај.
што е со воие фази што ги поминуваш, пред една година беше прогрчки настроен сега просрбски аман веке ко повекекратна личност си мајката

има фигури и на Колишевски, Ранкович, Фрашери и портрети на руски и австриски цареви - ама нив некако никој не ги спомнува
Незнам зошто одма со она тролање и замарање.Човекот си праша.Музејот го носи името Музеј на македонската борба и зошто има ликови на македонски крвници?Дали има фигура на Јован Бабунски или Василие Трбиќ?Или прво беше замислено фигурата на Михајлов да стои одма до фигурите на македонски револуционери но по бурните реакции на народот излезе премиерот со оправдување дека во македонската историја треба да се прикажат и негативните личности како Михајлов.Ако и требало по тој терк да се прави музејот тогаш би имало повеќе крвници отколку оние кои стварно се бореле за Македонија.Размисли:Зошто само В.Михајлов?
 
Не е само Михајлов, туто комплето се, сосе колишевски ранкович, и остала црвена багра.

Бабунски не е дел од МК организација туку е од надвор уфрлена четничка група, налик андртите, и налик нив има портрет од тиквешкото востание, а не фигура.

Ќе мораш да го посетиш музејот за да ја доловиш сликата.
 
не е само Михајлов, туто комплето се, сосе колишевски ранкович, и остала црвена багра.

Бабунски не е дел од МК организација туку е од надвор уфрлена четничка група, налик андртите, и налик нив има портрет од тиквешкото востание а не фигура.

ке мораш да го посетиш музејот за да ја доловиш сликата
Да јас не сум го посетил музејот и можеби си во право.Но дали знаеш каква погрешна слика се создава во соседството да речеме.Србите ни се смеат веќе и велат дека нема потреба да се лутиме кога не нарекуваат бугари.Хрватите исто.Бугарите се пресреќни.Сепак и јас мислам дека ги испомешавме работите.А и премиерот ми изгледаше неискрено кога на крај мораше да излезе и да каже дека во музејот има и негативни личности од македонската историја.А сосем друго се фигурите на Колишевски или Ранковиќ кои и денес имаат свои следбеници и обожаватели.
 
Во музејот “Мадам Тисо“ во Лондон постои восочна фигура на Хитлер. И тоа во достоинствена поза... И никој од тоа не прави прашање. Мислам дека во Македонскиот музеј треба да бидат и оние личности (и Македонци и туѓинци) кои биле негативни личности во Македонија. Но со исправно и коректно појаснување за нивната историска улога, како од водичите, така и во пишана форма....
 
Сабајлево го посетив, ремек дело, искрено се почуствував како да сум негде далеку далеку од нашата земја, одлична изработка сплет од старо културно,традиционално и ново, модернистичко
Единствена мана плочките со имињата се некако премали и тешко воочливи
 
Ме интересира дали во музејот има оригинални статии од странски весници посветени на Илинденското востание, ВМРО, Македонија, Македонците? Доколку нема еве предлог кој не чини многу. Со парите за една восочна фигура или слика можат да се купат илјадници весници со статии за Македонија.
Сабајлево го посетив, ремек дело, искрено се почуствував како да сум негде далеку далеку од нашата земја, одлична изработка сплет од старо културно,традиционално и ново, модернистичко
Дали многу чекаше за да влезеш?
 
Ме интересира дали во музејот има оригинални статии од странски весници посветени на Илинденското востание, ВМРО, Македонија, Македонците? Доколку нема еве предлог кој не чини многу. Со парите за една восочна фигура или слика можат да се купат илјадници весници со статии за Македонија.

Дали многу чекаше за да влезеш?
Оф ако ти кажам дека имаше група од штип, за влез ние каревци влеговме внатре не однесоа десно во тоа конгресната сала еден дебелко објаснуваше што како има во музејот и после почнаа по групи од по 20-30 ученици, едно 250 души, така да се изначекав едно 40 минути со оглед на тоа дека отидов последен :)
 
Поглавјето за жртвите на комунистичкиот режим што до неодамна отсуствуваше во официјалната историја е особено интересно за посетителите на Музејот на македонската борба. Непознатите детали што во претходниот систем биле запоставувани, како политички неподобни, сега се откриваат во сосема ново светло. Но има и забелешки зошто подеднакво не се истретирани жртвите од НОБ

scan3.jpg

transparent.gif


Специјалниот затвор „Петрова дупка“ во Голи Оток (масло на Т.с. Иванович, Руска Федерација)

КОМУНИСТИ И(ИЛИ) ПАТРИОТИ?!
Посетителите на Музејот на македонската борба, кој работи со полна пареа, меѓу другото, се соочуваат и со некои замаглени или премолчени поглавја од официјалната македонската историја. Особено интересно и впечатливо за посетителите е поглавјето за жртвите на комунистичкиот режим, за кое во изминативе децении беа пласирани многу невистини и шпекулации.

- До пред петнаесет години, 90 отсто од овој период не беше соодветно обработен. Жртвите на комунистичкиот режим ги немаше во официјалната историја туку за нив само наслушнувавме. Откако се отворија досиејата пред неколку години, историчарите имаат можност да ги обработат и овие личности и етапи од македонската историја. Тие сознанија ги искористивме за поставката на Музејот. На овој начин уште повеќе ќе ги приближиме до народот, бидејќи фотомеморијата е многу силна работа - вели директорот на Музејот на македонската борба, Бранислав Светозаревиќ.

Тој подвлекува дека Музејот како институција не се занимава со откривање на нештата, туку со потврдување преку експонати на тоа што македонската историографија веќе го верификувала.
- Има непознати детали од периоди што можеби во претходниот систем биле запоставувани затоа што политички или идеолошки се сметало дека е добро да се избегнат. Но тие работи не може да се заобиколат бидејќи се дел од нас. Убеден сум дека има и други содржини што не се внесени во поставката, а треба да бидат - вели Светозаревиќ.

Според Наташа Котлар-Трајкова, историчарка и претседателка на Здружението на историчарите, граѓаните може да добијат реална слика за нашата историја од поставката во Музејот. Во најмала рака, поставката може да ги испровоцира луѓето да читаат и дополнително да се образоваат. Котлар-Трајкова единствено забележува на немањето баланс во претставувањето на жртвите на комунизмот и на жртвите од периодот на НОБ, како и на фактот што во една иста сцена може да се видат припадници на различни политички и идејни концепти.

- Тоа може да го збуни посетителот-лаик. Сигурно е дека има пропусти, но првите мачиња, како што велат, се фрлаат во вода. Со текот на времето ќе се зголеми искуството на музејските работници, но и сознанијата на граѓаните што ќе можат квалитетно да го акцептираат своето историско наследство.
Историјата во основа е движење или процес. Таа не може да биде догма - вели Котлар-Трајкова.

Според неа, непознавањето битни факти од нашата историја се должи на тоа што историјата од 1945 година до скоро не била имуна на политички влијанија. Тоа се одразило и на историските учебници.
- Од 2001 година македонската историја веќе фаќа чекор со еден посовремен метод на едукација на граѓаните - вели историчарката.

Никола Жежов, еден од авторите на одделот за жртвите на комунизмот и продекан на катедрата по историја, вели дека македонската историја има доволно аргументи што ќе дадат живописна слика за она што се случувало во Македонија по Втората светска војна.

- Во овој оддел ги претставивме најеклатантните примери на репресија во некогашната држава. Тоа не значи дека ги бришеме заслугите на сите македонски комунисти во тој период. Имало чесни патриоти што ја прифатиле комунистичката идеологија, но ја задржале и националната кауза. Таков пример е Методија Андонов Ченто, кој бил и патриот и носел петокрака како претседател на АСНОМ. Ист е случајот и со Методија Шаторов Шарло, кој на крајот завршил мистериозно. Тука е и Венко Марковски, кој бил испратен на Голи оток. Или Кочо Рацин. Личностите како Панко Брашнаров, Ченто, Павел Шатев, струмичките студенти се веќе историски расветлени. Располагаме со голем број документи, пресуди. Работите се јасни - вели Жежов.

Од Музејот велат во текот на обиколката посетителите покажуваат особен интерес за драматичните секвенци од историјата за кои немале можност да прочитаат во историските читанки и за кои главно наслушнувале од постарите.

- Досега во музејот поминале околу 3.000 луѓе и тие се главно тивки, ретко поставуваат прашања. Доколку го направат тоа, станува збор за „ситни“ прашања, кога имаат некое лично сознание што сакаат да го проверат или да го прокоментираат. Повеќето од нив се внимателни, бидејќи може да видат една нова историја што не ја учеле. Особено во смисла на тоа кои биле позитивни, а кои негативни, кои леви, а кои десни струи - вели Светозаревиќ.

Според него, најважно е кога луѓето ќе излезат од зградата да добијат појасна слика за македонската историја, која воопшто не одела право, по нагорна линија, туку имала многу замрсени и испресечени патишта.

Во комплицираниот мозаик на таа цикцак-историја, сé уште има камчиња што недостигаат. Тие, според управата на Музејот, дополнително ќе бидат вградени во поставката.

Засега во рамките на поставката што почнува со периодот на ајдуството и завршува со жртвите на комунистичкиот режим посетителите ќе се соочат со многу важни настани од македонската историја што се прескокнати во учебниците. Такви се Тиквешкото востание (1913 г.), Виничката провала (1897 г.), Битката кај Криволак (1915 г.), специјалниот затвор „Петрова дупка“ на Голи оток, побуната на македонската војска во 1945-та на Скопско кале со пораката „Не сакаме на Срем, туку на Солун“...Сите тие се претставени на маркантни уметнички платна.

Највозбудливи се средбите со восочните фигури, меѓу кои се и горостасните Јане Сандански и Борис Сарафов и изненадувачки малиот по раст Гоце Делчев. Гемиџиите се претставени како копаат дупка до Отоманската банка во Солун, Владо Черноземски е претставен со букет цвеќе пред да го изврши атентатот на српскиот крал во Марсеј, а Ристо Шишков како ја крши сликата на Јосип Броз Тито. Александар Турунџев е прикажан на бесилка. Посетителите може да ја видат и ретката фотографија од мртвото тело на Даме Груев, кое било ексхумирано и фотографирано од турските
власти.

Го „згрешиле“ Тито, ќе пристигне нов

Музејот во најскоро време го очекува пристигнувањето на восочните фигури на Јосип Броз Тито, на Киро Глигоров и на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Фигурата на Тито не се нашла во поставката на отворањето на Музејот, бидејќи, како што велат оттаму, воопшто не личела на Тито, па поради тоа била вратена назад. Новата фигура на југословенскиот маршал ќе биде сместена покрај Лазар Колишевски, Цветко Узуновски Абас и Страхил Гигов, во позиција како дискутира со нив и како им дава насоки.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92411859406&id=16&prilog=0&setIzdanie=22389
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom