Спомени ли се спомени..
Стално се собиравме дечурлана со пушки на дијаболи,и се пуцавме,војни си праевме..Коа ќе снемаше дијаболи пиштолите со џагали ги пуневме..А пошо иам брат ненормален,он у зададената ситуација снема дијаболи и џагали,па зема тегла,и му ја дупна главата на тој еден со кодно име "Јајчарот"..
Нормално,кога почна Јајчар да рика,ние тоа го проследивме со победнички извици и аплауз!Брао Пецо!Му еба мајката!!
Имаше едно место голубарникот(На Љупчо),и таму се одвиваше војната..Терен у пичку матер,одма до тоа имаше скривница..Па таму се пикавме,а у тоа скривницата киселини од втора светска војна ебате..Коа ќе искочиш надвор патиките ти ги нема.(Ги изела киселината)..Па моравме да крадеме ќеси од пазар,за да си ги заштитиме патиките..
Исто на тоа место имаше многу диви краставици,тие коа ќе ги пипнеш пукаат многу јако,и лоооом!
Ако фатевме некој непријател,го фрлавме у дивите краставици,па то ко ќе почне да прска да пукаа!!Јаооо!
Имаше исто така едно пожарникарско црево со многу јак притисок у местото што го викаме (Градинка),погодете зашо се вика Градинка?xD..
И тој дебелиот чувар у градинката Панче стално знаеше да го пушти цревото да се наводнува тревата у градинката,и да си отиде кај Зоки у скара на кило да бута ќебапи..
Ние нормално по сигналот од Буљар(шипатар курир
) дека територијата е слободна,право у градинка по гаќи,и се прскавме со тоа цревото..Нормално,јак притисок кога мава у гз е смешно,така да не беше пожелно да се тртиш многу,зашо цревото сушеше..А пошо ја стално го имав у раце цревото,гзоите на тие што ми ги крадеa џагалите од шорците што ми беа остаени на ѕидче,им ги праев пуздер..xD
Исто така имаше еден Фиц што имаше едно раскантано пони,па се кладевме да се пуштаме по удолница кај амбуланта..
Ја тогаш искусив болно искуство,искршив лева рака,и си го напунив челото со камења и со трева..Ама буквално си го напунив..Раните пуни со крупен песок и со трева..
Исто така имаше една запустена кола Цитроен "ајкула",па влегуавме стално у неа,ама изглеа не беше запустена колата као што си мислевме,па коа не зарита газдата..Толку јака клоца сум попил тогаш,цел живот ќе ја памтам..
Ама ние убао му вративме..Фино си се измочавме у колата 4 души..
Исто штом спомнав за на Љупчо голубарникот,имаше еден стап со црна ќеса за мафтање..Тоа коа ќе ги пушти гулабите,пафта со тоа стапот врска неам зашо..И стално му го криевме...Ама нели,не би било смешно ако не видиш како ќе реагира..Па така ние се праевме многу паметни,и му "помагавме" на Љупчо да ги најде крадците на неговиот пафтачки стап.. xD
Има милион бе,ама нема да ми стигне место..