Имам многу да кажам на темава, ама ќе отворам со една од многуте теми од детството
Јадењето во основно
Падна муабет пред некое време во друштво, што ни давале за јадење во основно за доручек, ужинка и ручек (за тие што биле целодневна до 4-то), па се потсетивме на некои работи
Прво кога не носеа во школо од сабајле скоро никогаш не одев на доручек. Имаше некои наставнички што одеа по училници и проверуваа кој бил да јаде, а кој не. Знам се криевме позади завеси за да не не најдат
Во глобала даваа зденка, маргарин со мед ако не се лажам, еурокрем (само тоа јадев) со чаша млеко (топло ко мочка). Стандард беа тие металните чаши, затворските
На друго не се сеќавам, многу многу...
Не знам како сум издржувал до 16 часот, со оглед на тоа што само ужинката ја јадев, мада некогаш и тоа не го јадев
Ужинката ја набавуваа од Жито Лукс.
Од 5 дена во неделата, во 3 од нив задолжително имаше некои
сирењаци
Многу ми е смешен зборов, мада поточно име требаше да му биде урдењак, пошто саде урда беше внатре.
Имаше некои различни комбинации на сирењаци. Имаше еден со одвратна урда, што уште поодвратно смрдеше. Единствен сирењак што го јадев беше еден од Жито Лукс, што беше спакуван во посебно пакување...
По ужина ги праќаа тие што се дежурни. Одиш доле и ја земаш ванглата за твоето одделение. Ако има и плус некои работи како чоколадно млеко или јогуртчиња, тогаш одат уште по двајца за да помогнат.
Најмерачки беше кога имавме кифла со чоколадо, и чоколадно млеко. Мераци
Јогурт даваа со ѓевреците и од нив не можам да се пожалам, а некои денови имаме и переци.
Не сум сигурен ама нешто ми се врти дека и со мармалад ни давале некои кифли
Во глобала само на овие јадења за ужинка се сеќавам...
Памтам дека повеќето јогуртите ги ставаа во ранец, и после ќе го наседнеа ранецот, па книгите им пливаа во јогурт
Ручекот ми беше најдебилната работа
Ради месото што ни го давале во основно, имам гадење кон повеќето видови на месо, особено свинското
После ручекот имавме голем одмор во кој се утепувавме од фудбал играње, ама проблемот беше за да отидеш на одмор, мора да изедеш одредена количина од ручекот. Јадеш дури можеш и после одиш да и покажеш на наставничката колку си изел и она или ти дава знак дека можеш да одиш на одмор или те враќа за да изедеш уште некој залак
Месото мораше задолжително да се изеде. На самата помисла на месото ми доаѓа да повратам. Се распаѓаше целото, имаше вкус на умреш глушец
Затоа најчесто го криев во остатокот од јадењето или го фрлав под маса
Од ручекот само памтам дека ги јадев шпагетите, па дури и репете барав. Макароните исто беа јестливи, ама од икс причини ги правеа да бидат потпечени и то ги правеше погрди.
Задолжително во неделата имаше пире со некое грдо месо, ориз и во другата половина имаше зелена салата, и компир манџа, зелка, грашак, леќа, боранија сите со одбратно месо во нив...
Мислам дека имавме и грав во некои од деновите, па веројатно сум го јадел тоа
После некои јадења имавме десерт.
Даваа пудинг со кора на врвот складиран во затворските метални чаши и едно одвратно лебасто колаче, во неколку ниво, горе имаше шеќер, низ нивоата имаше пар мармалад, и задолжително најдолниот дел беше загорен
Покрај овој муабет, се сеќавам дека откако ни ги дадоа оценките во прво одделение, моие ме однесоа да ме частат во Жито Лукс (кај екс Ванила, сегашно Вегера во ГТЦ). Најдобро јадење тогаш беше кроасан со шунка и кашкавал или сирење од Жито Лукс. Многу беа купувани во тоа време, знам дека кошатаа 30 денари