На темава можам да пишувам до утре без прекин и пак се нема да напишам.. од најмало до најголемо 24/7 на улица бевме сите за јадење не молеа дома да си одиме. И штом заврши една игра одма се почнува друга, нема шанси за запирање
- Правевме штаб/куќа во една напуштена куќа каде што постарите беа главни “шефови“ и они ни кажуваа кога ќе можеме да влеземе внатре а кога не, секако за да добиеш чин на член во куќата мора да им носиш јадење, кремови, леб, сокови итн. ѓ
- Собирање на полжави па после да ги продадеме и нормално да си купиме нов фудбал и сокови за пиење ..
- Игравме фудбал скоро цело време а улиците наши со коцки, ридче-долче што се вика едвај се трча на нив а не пак фудбал да играш.. ако случајно топката ти отиде по сокачињата трчаш најмалку уште 600 метри надоле да ја фатиш топката.
- Кога возевме со велосипеди обавезно по ред да се оди, да се знае кој ќе оди прв а кој втор и кој последен (обично по големина имаа предност) а да и обавезно кога пиеме вода од маалската чешма да се знае редот кој прв, кој втор итн.
- Игравме кутија ти го шутираат фудбалот се враќаш откако ќе го земеш и потоа ги бараш другите (како крижи мижи) но треба да пазиш и на топката да не ти ја шутнат па пак одново да ги бараш, и се адешваше често пати помаливе да ги зафркаваме ние дома да си отидеме они бараат и бараат по пола саат ќе испаднеш и они уште таму. Ако случајно се откажат тие што се тука им маваат клоци додека бегаат до дома
и пак кога ќе испаднат исто дневна доза оти избегале кога “лежеле“ на кутија.
- Имаше еден комшија не бркаше кога игравме фудбал оти сме му тропале и ако ни фати фудбали ни ги сечеше и ние како да му вратиме купување 1-2 табли јајца и цела куќа со нив, а кога не е дома во клучалката со лепило и дрва малечки.
- Пари или паричник врзување на живо влакно навечер и кога ќе помине некој кога ќе се обиде да ги земе да ги потегнеш, или пак полнење на фудбал со камења/песок и кога мине некој да му речеш да го шутне.. ако се залета малку повеќе отиде ногата.
- Маало vs маало играње на ракомет, фудбал па и тепање.. искрено ни немаше рамни секогаш победувавме. Исто така играње кошарка без кош туку кој успее да мавне на таблата за улицата што ја пишуваше добива поен исто како кош
- Крадење на цреши, зелени сликиви беше една од полесните работи.. а да и ѕвонење по куќи и бегање ..
Тоа е тоа накратко што ми текнува во моментов, инаку која екипа сме биле уште не ми се верува, цела улица бевме закон.