Моменти од детството што ќе ги паметите

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
У ствари во стварноста која секој миг поминува во минато - нема подобра алтернатива освен да се старее.
Од сеќавање најубави спомени се оние од детството, тогаш невиноста и наивноста ни пружала многу поубаво доживувања на стварноста. Бескрајните безгрижни игри.
Јас посакав никогаш да не пораснам како Петар Пан, не читав книги но на најдобра етика и морал не учеа правдата која ја делеа Блек Стена, Загор,Командант Марк... Обожавав стрипови.
Од детството имам премногу спомени на кои носталгично се сеќавам како неповратно време потсетувајќи се на изреката дека Она што времето ќе го однесе, тоа НИКОЈ не може да го врати!
Кога јас бев дете највеќе задоволство ми правеше одењето во природа, во шума, летањето змаеви, гледавме и филмови и истите ги игравме во наша режија како каубојци и индијанци, арапските приказни од илјада и една ноќ кои идеа секоја недела. Сега се присетив на еден прекрасен стих од песната ,,Било једном у СФРЈ,, на музичката фолк н ролл група ,,Нервозни Поштар,,-.,,И добро је говорио мој дебели стриц ...Кужио је он то још и тад...,,Е моја дјецо будаласта дјецо, никада вам неќе бити као сад!,, А да је све само шарена лажа појма с појмом ми нисмо имали,,
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
479
Поени од реакции
140
Ги има премногу, сега ми текна само дзвонење или тропање на вратите и бегаш колку можеш побрзо , го правевме често ова со другарите.... имаше една случка со другар бевме кај мене и одам јас на комшиите спроти мене дзвонувувам и мавам 2-3 бокса на вратата и бегам да флезам дома и само што пробувам да ја отворам вратата гледам заклучено и другарот се смее одвнатре , а на последен спрат сум и немаше каде да бегам на друго место xD многу чудно беше кога излезе комшијата :D
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
Sobiranje 10 kopiljaci, naogjanje kanta od boja ili prazen tetrapak, mocanje vnatre koj kolku moze i na najgadniot komsija sto ni gi busese topkite mu go potpirame na vrata! E sea racunaj deka vratata mu se otvara navnatre!!! I zvonenje kao budali i tropanje i dim da ne nema:):):) Sledna scena on i zena mu so tepihot zavitkan u kesi go pikaat u kola i go nosat negde, valjda na perenje!!
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Крадење цреши ... играње граница качување по куќи глумење џандари стопирање коли ... :)
еехх овие времиња да се вратат кога за ништо не ни беше грижа туку само како да добиеме нешто што сакаме
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.621
Поени од реакции
31.460
,,,,,mnogu ubai spomeni ,,,samo tripati krpen ,,,:pos:,,, arkadata ,,, gornata usna ,, i stopaloto po cela dolzhina ,,,,,:pos:,,,abe mnogu miren ,,,:LOL:,,,prosto ne znaea sho da pravat so mene ,,,,,:icon_mrgr:
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.137
Поени од реакции
8.091
дури сега сваќам колку убаво сум врвел тогаш..
најдобриот другар(тогашен(во последните две години го имам видено два пати)) секој ден навика му беше да ме викни од дома кај 11 сато...арно ама еднаш ни самиот незнаеше како му се случи...кај мене пред врата во 6 и пол сатот..само баба ми станата...најверојатно рутината и желбата за дружење..само станал го видел сатот си мислел таман е
можи не е убо доловено ама за мене е значајно и интересно :)
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
igranje dzamlii, bunkeri pravenje, sobiranje slikicki album NBA (sega nema), sekoj den igranje fudbal...poveke drustvo imase, zmurki, granica..Buli Buli...
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Кога живеев со баба на село во нејзината трошна куќа, таму имаше еден огромен бел петел од нејзиниот кокошарник што многу ми се имаше замерено. Секој ден додека баба одеше на работа во комбинатот јас не смеев ни глава да протнам низ вратата бидејки тој стално беше таму за да ми ја исклука. Доколку поради некоја причина би се имал најдено сам надвор во дворот, секогаш се враќав трчаеќи назад кон дома со петелот цврсто закачен со неговите оштри канџи врз мојот грб, удараеќи врз моето кревко чело со неговиот пожолтен тап клун и постојано кокодаеќи луто кон моите уши. Колку пати и да и имав кажано за сировите напади на баба ми таа не ми веруваше велејќи дека е сето тоа дел од мојата имагинација и ке ме завлечкаше цврсто накај кокошарникот за да ме увери дека петелот е мирен. Но петелот беше лукав. Во нејзино присуство тој се однесуваше најнормално постојано клукајки ја пченката што му беше фрлена на земјата. Кога баба ке ме кренеше на своето рамо за да ме понесе накај дома насмеана дека сме ја расчистеле ситуацијата, петелот само ке упатеше поглед накај мене со неговите крваво налудничави очи, ке го поткренеше едното крило до неговиот пердувест врат и ке направеше спори движења од лево кон десно како да сече нешто, сигналирајки ми дека мојот крај се ближи. Секој нареден ден ситуацијата стануваше се понеподнослива, од лошо кон полошо се додека еден ден не кажав доста е, ми преќипе! Јас овој ден ке ја имам својата одмазда спрема тој пердувест кокошкин син, па по ѓаволите нека идат и последиците што би следеле од таа одлука. Отидов до вратата, ја кренав раката нагоре кон кваката но во истиот тој момент раката ми се закочи и остана во место фиксирана. Сигурно сум стоел во место половина саат со очите заковани кон кваката собирајки сила за да ја отворам вратата, на моменти помислувајки и да се откажам од својата намера. Но си кажав на себеси не! Ја фатив кваката цврсто и решително и ја потегнав кон надоле отварајќи ја вратата.​
Петелот стоеше на камената патека што 50 години претоа дедо ми сам ја изградил со свои раце како он да ја поседува. Тоа само дополнително ја разгоре желбата во мене да ја имам својата одмазда и повеќе не се двоумев. Погледите ни се вкрстнаа и се гледавме така неколку секунди. Можеби беше трик произведен од сонцето што силно запекуваше горе од небото но и ден денес би се заколнал дека еден краток момент го видов како лукаво ми се насмевнува. Одеднаш со секавична брзина се здаде накај мене при што и јас набрзо се затрчав накај него. Се залетавме премногу брзо при што се лупнавме гради во гради и обајцата бевме кутнати кон бавчата зашеметени од силниот удар. Брзо успеав да се вратам во контрола и посегнав кон неговите нозе и почнав да го удирам силно од земја. Но и он не остана должен, еден момент додека го фрлав тој го искористи моментот кога малку бев заморен и мојата рака трепереше и успеа да се отргне од мојот стисок и да летне позади мене и кукавички да ме нападне од позади грб. Од тој напад паднав на колена додека он силно продолжуваше да ме клука. Како што клечев на мократа почва почнаа да ми доаѓаат темни мисли дека ова е крајот на битката, он е победникот. Но што би им кажал тогаш на своите деца ако некој ден сум решен да им ја кажав оваа случка. Дека сум бил совладан од еден стар петел? Не сине, тоа нема да дозволам да се случи. Со последни сили што преостанаа во моето веќе измрцварено тело успеав колук кон напред да направам, да се свртам и да упатам едно силно мајагери кон неговото тело при што следеше набрзо и едно маваши кон неговата глава. Иако ударците упатено кон него беа силни тој сепак успеа да се додржи на нозе. На момент престанавме со борбата и се погледнавме себеси знаејки дека крајот веќе се ближи, само еден од нас ке излезе победник. Повторно скокнавме еден на друг, со напади поостри од било кога. Пердуви и заби летаа насекаде. Иако борбата траеше неколку минути мене ми се чинеше како саати да поминале. Но конечно среќата ми се насмевна. Во текот на битката он стана непретпазлив, ми се укажа можност и ја искористив за да го стегнам со обете раце цврсто за врат со намера шијата да му ја свиткам. Иако сеуште даваше отпор веќе немаше бегање од ова и он како да го сфати тоа. Почна полека да се смирува и ми делуваше како да се помирил со тоа што следуваше. Но колку и да сакав, колку и да ми куцаше силно срцето желно за одмазда едноставно не можев да се доведам себеси тоа да го остварам. Го подослобив стисокот од неговата шија и го фрлив на земја. Без да се сврте наназад oн се упати кон зидот препелкајки се што побрзо да избега. Се искачи на врвот од зидот и одлета отаму. Повеќе не го видов. Цел потечен и раскрварен упатив поглед нагоре кон небесата со рацете испружени и од себе извадив нечовечки победнички урлик. Од тогаш спомени од детсвото повеќе немам затоа што тогаш моето детство заврши. Од тој момент натака, во бавчта на мојата баба јас станав МАЖ.​
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.759
Поени од реакции
8.178
Еве нешто од детството

Книга Касни Порасни ,која јас ја имам прочитано за еден ден и тоа во еден здив ,научив неколку песничиња напамет бидејќи во училише не задолжија да научиме и да ги изрецитираме на час :) ,првата моја книга прочитана за на училиште


Мастики (гума за џвакање) Минт во кој имаше сликички со познати личности ,актери , пеачи ...


Мастики (гума за џвакање) Чунга Лунга со интересни сликички со балончиња и деца



Сега вам ви е редот :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ја не би на тоа да удрам, пошто тоа не е ни 1% од детсвото, ма да и тој 1% е подобар од ова сега овие што го имаат пред ебаниве компјутери.
Главна точка би стајл на уличните игри, си излегувавме со точаци, фудбал на отворено си игравме, ќе се испотевме, ќе се извалкавме, не бараа навечер низ маало, а не сега по телефони...ако можам нешто да заклучам, е тоа што сум среќен што го фатив последниот воз од таквото детство.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
За ова со касни порасни,на некој и последна книга прочитана :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
AAAAAAAAAAAAA ете ја книгата над книгите заедно со зоки поки
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Ја не би на тоа да удрам, пошто тоа не е ни 1% од детсвото, ма да и тој 1% е подобар од ова сега овие што го имаат пред ебаниве компјутери.
Главна точка би стајл на уличните игри, си излегувавме со точаци, фудбал на отворено си игравме, ќе се испотевме, ќе се извалкавме, не бараа навечер низ маало, а не сега по телефони...ако можам нешто да заклучам, е тоа што сум среќен што го фатив последниот воз од таквото детство.
Па не баш,јас сум роден 96та па сум ги правел истиве работи.
Брканица,граница,жмурка,џамлии,по цел ден фудбал,кошарка точаци,па ајде во 10 саат или порано,мајками ќе викнеше ГООООООООООРАN врќај се дома :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom