Моменти од детството што ќе ги паметите

Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
еее коа ќе ми текне, фудбал маало на маало во пепси.
со секоја победа ги чувавме празните испиени шишиња,
кој ни значеа трофеи.:)
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Какво време дојде,да неможеш да слушнеш дете како плаче оти коленото си го направило ренде...подобро ренде одошто реахитис уште на 20 години од седење пред компјутер и играње виртуелни игри.
Мноогу многу убави спомени имам...секој ден охридска на улица игравме,криенка,пипни стој,имаше една игра и кого го барате,па после КУКУ план,па тоа со квадратите шо се црташе по улица што се скока незнам како се викаше,гоненица,штркот има капа,глув и глупав телефон ....ехеее и безброоој игри.Најинтересно беше што нашето маало дури и ден денес не е заинтересирано претежно за некој спорт како фудбалот или кошарката,додека омилено е пливање и ракомет секако.Сите тие спомени ми се од Берово таму најголем дел од детството поминав.Имаше едно место го викаат андакот,секој ден се капеа во него а денес канализација испуштаат преку него ....
Какви времиња беа уф...
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Многу спомени ми текнува со неколку женски и неколку машки се собиравме во подрум и си игравме професорки, па во 15 часот кога сите одмараат ние надвор со стапови во рацете и кутија си игравме тапанари и пеевме па сите се жалеа од нас многу сме биле гласни, па ми текнува кога му ја скршив главата на еден другар па после имаше кавга со неговите родители па се скаравме, потоа си игравме криенка покрај една кафана па нагазнав на стакло и си ја исеков ногата и си дојдов дома целиот крвав ма имам многу спомени тие времиња беа итересни.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
Ха, играјки "Планови" , тим 1 се крие , тим 2 ги бара , незнам уште какви имиња има играта, џандари и крадци..нз.. Одлучивме да се скриеме во Касарната, рипајки ограда скокнав во Натовската бодликава Жица, со ножчиња таа опасната.(Кфоровци ја бомбардираа Србија во тоа време) Крв еден тон... имам по 1 белег на двете нозе...Ах, детство :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Ха, играјки "Планови" , тим 1 се крие , тим 2 ги бара , незнам уште какви имиња има играта, џандари и крадци..нз.. Одлучивме да се скриеме во Касарната, рипајки ограда скокнав во Натовската бодликава Жица, со ножчиња таа опасната.(Кфоровци ја бомбардираа Србија во тоа време) Крв еден тон... имам по 1 белег на двете нозе...Ах, детство :)
Ние имавме една „Криенка на план“, Тим 1 се крие Тим 2 бaра ама пред тоа Тим 1 им црта мапа као каде се наоѓаат :D
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
Ние имавме една „Криенка на план“, Тим 1 се крие Тим 2 бaра ама пред тоа Тим 1 им црта мапа као каде се наоѓаат :D
Баш така, цртавме на патот со креди каков е планот.... за истата игра зборуваме... една од подобрите може да кажам. Заедно со крива коза , јанино анино , долго магаре :ROFLMAO:
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Јас кога ги гледам децата како си играат пред мојата улица ,се чудам што им фали на денешниве деца,воопшто не знаат да си играат,се нешто се гонат меѓу себе се теглат ,испуштаат некои чудни звуци и крикови како да се несалам не дај боже.Јас паметам кога бевме деца како само добро сме си играле разни игри,миж дупка ,челик чемак,абе дома не сме се прибирале ,денешниве деца не можеш од дома да ги истераш буквално спијат пред компјутерот и искрено се плашам за иднината на овие деца
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Баш така, цртавме на патот со креди каков е планот.... за истата игра зборуваме... една од подобрите може да кажам. Заедно со крива коза , јанино анино , долго магаре :ROFLMAO:
Шо е ова крива коза? Сме го немале ние или другше сме го викале :D
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Спомени ли се спомени.. :D
Стално се собиравме дечурлана со пушки на дијаболи,и се пуцавме,војни си праевме..Коа ќе снемаше дијаболи пиштолите со џагали ги пуневме..А пошо иам брат ненормален,он у зададената ситуација снема дијаболи и џагали,па зема тегла,и му ја дупна главата на тој еден со кодно име "Јајчарот"..
Нормално,кога почна Јајчар да рика,ние тоа го проследивме со победнички извици и аплауз!Брао Пецо!Му еба мајката!!
Имаше едно место голубарникот(На Љупчо),и таму се одвиваше војната..Терен у пичку матер,одма до тоа имаше скривница..Па таму се пикавме,а у тоа скривницата киселини од втора светска војна ебате..Коа ќе искочиш надвор патиките ти ги нема.(Ги изела киселината)..Па моравме да крадеме ќеси од пазар,за да си ги заштитиме патиките..
Исто на тоа место имаше многу диви краставици,тие коа ќе ги пипнеш пукаат многу јако,и лоооом!
Ако фатевме некој непријател,го фрлавме у дивите краставици,па то ко ќе почне да прска да пукаа!!Јаооо!
Имаше исто така едно пожарникарско црево со многу јак притисок у местото што го викаме (Градинка),погодете зашо се вика Градинка?xD..
И тој дебелиот чувар у градинката Панче стално знаеше да го пушти цревото да се наводнува тревата у градинката,и да си отиде кај Зоки у скара на кило да бута ќебапи..
Ние нормално по сигналот од Буљар(шипатар курир :D) дека територијата е слободна,право у градинка по гаќи,и се прскавме со тоа цревото..Нормално,јак притисок кога мава у гз е смешно,така да не беше пожелно да се тртиш многу,зашо цревото сушеше..А пошо ја стално го имав у раце цревото,гзоите на тие што ми ги крадеa џагалите од шорците што ми беа остаени на ѕидче,им ги праев пуздер..xD
Исто така имаше еден Фиц што имаше едно раскантано пони,па се кладевме да се пуштаме по удолница кај амбуланта..
Ја тогаш искусив болно искуство,искршив лева рака,и си го напунив челото со камења и со трева..Ама буквално си го напунив..Раните пуни со крупен песок и со трева..
Исто така имаше една запустена кола Цитроен "ајкула",па влегуавме стално у неа,ама изглеа не беше запустена колата као што си мислевме,па коа не зарита газдата..Толку јака клоца сум попил тогаш,цел живот ќе ја памтам..
Ама ние убао му вративме..Фино си се измочавме у колата 4 души..
Исто штом спомнав за на Љупчо голубарникот,имаше еден стап со црна ќеса за мафтање..Тоа коа ќе ги пушти гулабите,пафта со тоа стапот врска неам зашо..И стално му го криевме...Ама нели,не би било смешно ако не видиш како ќе реагира..Па така ние се праевме многу паметни,и му "помагавме" на Љупчо да ги најде крадците на неговиот пафтачки стап.. xD
Има милион бе,ама нема да ми стигне место.. :D
 
Г

Гучи

Гостин
Незнам дали сте играле камај-камај :pos: колку е ретардирана играва, се делите у 2 групи и треба да ги убиете противниците. За оружје ја имаш раката како пиштол направена :LOL: е сеа кој прв пукнал, кој умрел прв не ми текнува како ни беа правилата.

Игравме многу игри и не ми текнуваат сеа како беа. Може зошто ја имам дупнато главата точно 6 пати до сеа :X3: А чудно, рака/кога немам скршено никад :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Исто штом спомнав за на Љупчо голубарникот,имаше еден стап со црна ќеса за мафтање..Тоа коа ќе ги пушти гулабите,пафта со тоа стапот врска неам зашо..
Тој стапот колку што знам се вика „Серак“ :pos:
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Најинтересна случка ...
хмм...секако тоа кога игравме игри и се тоа..вистинско детство..
Ама најинтересни случки
1.Купување на точак.
Една година го чекав првиот брзинец...ми го купија и после 1 месец го разглобив скроз и до мутерче и штравче го наредив у дворот тато кога се врати се фати заглава и ми рече,нема точак да ти купам а камоли мотор :D
После научив однего како се прави точак,сеа миженката можам да склопам и расклопам точак,
2.Кршење рака.
Ај да испаднам џенталмен едно девојче ја шутна топката на тераса и ја да испаднам џенталмен отидов да ја земам,и ја земав и ја пуцнав ама таман да се симнам си ја закачив ногавицата од тренерките на шипка (арматурна) и паднав ама останав да висам....и кога се распаараа тренерките паднав нарака и ја скршив..и плаченката дома (и до ден денеска мама и тоа незнаат како ја скршив раката,уствари знаат ама погрешно,они мислат дека сум ја назгазил топката и сум паднал..лажев секкако :D
3.Кршење ретровизор.
Си купуваат комшиииве така така нова кола во тоа време 25-30 илјади евра,ја носат со пајак ја оставаат пред дворот а ние играме фудбал..пуцам и им го скршив ретровизорот...и ја си знам како ми беше кога ме потфати тато дома :D
4.Мавање со санка у јавор..
Како помал живеев на една угорница..а најздоле имаше јавор многу голем...и беше зимно време се лизгавме (имав санка со рачки и можеше да се врти) правевме скокалници и ја криво ја погодив и наместо на патот се удрив во јаворот...и си го изгребав носето :( и плаченката дома..


Не ми текнуваат други..ако ми текнат ке ви постирам,а да и како помал 6-7 години сум фрлал бежични телефони и далечински управувачи (пилоти) низ прозорец а некогаш и во тоалет..:D
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.382
Шо е ова крива коза? Сме го немале ние или другше сме го викале :D
Се обележува поле за играње, колку повеќе играчи толку поголемо поле се црта/замислува, 1 е Крива Коза обично најмалиот почнува на почеток , и мора да оди/трча на 1 нога , бркајќи ги останатите играчи, кој фати прв станува Крива коза и тој продолжува, најинтересно е ако стапне Кривата коза на 2 нозе сите останати имаат право да го мавааат со клоци до безбедното место, кое е нацртано,тоест куќичката на Кривата Коза :) .
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Возење точак
спомени од детството се претвори во „нашите игри во детството“
А јас пак сакам да ве однесам во едно минато време од моето детство,
за кое многупати пишувам а кое за вас е „неверојатно но вистинито“
А има многу:одењето на бања.(дома се немаше вода) Уличен водовод.
Плажите на Вардар. Какво доживување,цел град на Вардар.
Парадите и топовите на Кале. Поплавата и земјотресот.
Детските игри: Фота, Челик, Колце, Жмурки, Цуцулиги и Каамааааај.
Ама сега за возење точак.
Не секогаш децата како денес имаат свој точак, и кога сакат може да возат.Тогаш во моето детство беше права реткост (дури и незамисливо да имаш детски точак) бар не во овие стари Скопски Маала.А баш јас кај што го поминав детството имаше две продавници за точаци,а на излогот
ги ставаа дечките убави точаци. Колку ли часови сум поминал така со залепен носот на излогот да ги гледам.Додека нашите татковци скоро сите имаа од оние старине црни точаци и со нив одеа на работа и пазар.Ние ги чекавме понекогаш и бевме задоволни ако само го буткаме точакот до дворот.Многу ретко ќе ни се пружи прилика и малку да го украдеме и возиме под рам,некое крукче ама ако не откријат паѓаа чврги и клоци.
Во Скопје стариот детски парк „луна е по ново“ беше со доста реквизити за тоа време, и беше добар а и местоположбата е одлична.Кога ќе не носеа родителите таму,а тоа се практикуваше почесто,ние деца ги влечевме со купените карти право кај точаците, а ги имаше два склопа,
право кај нив да повозиме некое крукче точак и тоа со карта т.с. со пари.
Тоа беше вака. На еден столб, со метални држачи беа прицврстени 5-6
точаци од најголем до најмал.Најголемиот на надворешната страна, и така се до налмалиот на внатрешната страна. Секој си го врти-вози својот точак а тој пак се врти во круг околу средишниот столб.Многу не смееш да ја дигаш главата зошто ќе те чукне некој ако те претрка. Секое дете си имаше свој омилен точак и по секоја завршена игра беше права турканица да си го заземеш својот точак. ( како сега што се прави со малине електрични автомобили).Ова го пишував и порано во темата за
зоолошка градина. Во слики и видеа од старо Скопје го покажаа паркот и чамците-лулашките на кој исто така многу се лулавме „за пари“ но не ги видов овие точаци за кој зборам. Добро би било и сега да се направат
вакви на неколку места во градов за мали деца.(а не шмизли и бикови)
Тоа е историја на градот и спомени од некое време.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Многу добра тема :)

Интересни случки еден куп... како дете бев навистина немирна.. се сеќавам додека седев кај едната баба имав една другарка, дење ноќе со неа.. бесни, луди... како во струја уклучени... така една вечер додека ни седеа дедовците на маса и се мезеа.. ние околу маса се бркавме и по пола саат бркање веќе ми здодеа да ја бркам и не знам што ми текна, ја повлеков покривката од масата (ваљда мислев дека ќе падне кај неа :D) али не само шо падна врз мене.. туку и фин ќотек изедов за тоа:D за потоа следниот ден да се намачкаме и двете од глава до пети со боја за чевли (моја идеја :rolleyes:) :D па уше една партија ќотек.. али тешко дека тоа промени нешто :D..
подоцна некако почнавме да се собраме сите на маало.. едно 10на женски, па се тепавме со машките од другото маало... затоа што ни беше досадно нон стоп да си играме теткиџок... :D
Кога се преселивме бев поблиску до другата баба а таму машки само.. глупости сакаш ли... од кршење точаци,фудбал,кошарка,крадење (цреши,кајсии и останато овошје) по дворови, играње комај комај, крижи мижи (стрикно навечер :D) ..
Кога ќе помслам што сум им правела на моите стари... ја да сум била на нивно место веројатно во бардовци ќе сум отишла... затоа што многу добро се сеќавам како имам фрлено цела табла јајца на гаражата на дедо ми, бркајќи едни досадни мачки... и како јас и братучедите сме им местеле балони со вода под перница и сме ги трошеле боите на дедо ми за да му ја исфарбаме гаражата во сите можни бои... и уште ред други глупости.. :oops::D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom