Млада нула култура

Член од
28 март 2015
Мислења
4.684
Поени од реакции
9.546
Пред Јане Сандански/паркот на езерата повеќе се собираат и секоја вечер џандари ги замараат. Пред Бисер се собираат ради Силбо... Да ти ебам искачањето кога настанот на вечерта е кога ќе си земеш вртена пита со месо. :)
Ова со џандариве гледам е спомнато и погоре. Џандари од секогаш доаѓале и замарале, не гледам никаков проблем во тоа. Ти бара документ, може да те претресе и тоа е тоа не гледам што е проблемот во тоа? Во секоја држава го има ова, не само кај нас.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
5.247
Поени од реакции
7.894
Пред Јане Сандански/паркот на езерата повеќе се собираат и секоја вечер џандари ги замараат. Пред Бисер се собираат ради Силбо... Да ти ебам искачањето кога настанот на вечерта е кога ќе си земеш вртена пита со месо. :)
Епа другар глаамевте у темата за коронавирус и надвор од неа, нормално дека сеа џандари ќе ги бркаат и врвот на вечерта им е вртена пита со месо. Не им остаивте баш некој избор на младите.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
4.590
Поени од реакции
4.558
Сега се брка култура која што е во доменот на западна митологија и за чие што имплементирање овде ние немаме стандард. Затоа што целата таа култура кон која што се стремиме е создадена врз постулатите на „конзумеризмот“. Тоа е во целост материјална култура која што промовира прекумерно трошење, животен стил кој што ретко кој овде може да си го дозволи и кој што кај нас раѓа несигурности и фрустрации.
Порано со сто денари во џеб се шверцувавме низ сите кафичи и збиралишта за ноќно излегување во градот. Мотивот беше добар „провод“ и ретко кој излегуваше со повеќе. Истото ќе ви го кажат и постарите, со нивните фамозни „корза“. Може да се каже дека сите горе-долу сме биле еднакви по сиромаштија, транзициски деца кои што импровизирале со она што го имале или повеќето со она што го немале.
Сега зборот „нема“ тежи повеќе од кога било а се настојува да се вулгаризира и да се скрие под тепих, да не се спомнува воопшто, или тивко со шепот, оти дојде такво време да биде срамота да се нема или да се покаже немаштијата, што е тотален социоекономски парадокс на државата и времето во кое што живееме.
Во принцип највеќе се сложувам со твоето мислење ама не целосно, на запад имам разговарано со луѓе (не само хипстери) што ми зборувале дека не носат дури ни облека од познати брендови, затоа што не поддржуваат империјалистички фирми... Кај нас и општо на Балканот е ниска свеста и културата па во главно се копира само луксузната шема на западното живеење (што се и социјалните мрежи малку криви), додека таму во тие земји имаат места за забава за секакви категории на луѓе, е тоа ни фали култура и себепронаоѓање. Со делот од мислењето каде пишуваш, дека како некогаш што било треба повторно да си создадеме свој свет за забава, според наш стандард и култура скроз се согласувам. Малку атмосферата ја гуши искрено, и ова што последнава деценија за ноќен живот земаа замав и малцинства ама тешка е таа тема. И дефинитивно фали македонска музика по локалите, ако се пушта сѐ повеќе наша домашна музика и се поддржуваат македонски артисти, па и повеќе ќе се снима македонска музика со тоа што повеќе ќе настапуваат и ќе бидат барани по локалите и медиумски ќе бидат поддржани. Тоа е тој себеразвој, така ќе се враќа сјајот на нашата домашна сцена и квалитетот на ноќниот живот.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.347
Поени од реакции
9.124

Разликата е тоа што велиш, во изборот. Тоа што на Запад изолирана група одлучила да бојкотира одредени брендови кои што прават тешки милијарди врз грбот на некој работник во Камбоџа, на пример, тоа е повеќе мотивирано од идеолошки причини, не толку заради немаштија или не знам што. Кај нас „немаштијата“ не остава простор за некој избор, затоа што кога живееш опкружен во немаштија не си баш во позиција да бираш што да јадеш, облекуваш, возиш, каде да шеташ...мораш да правиш компромиси, да кратиш од една ставка и да префрлаш на друга, а со тоа и да го редефинираш значењето и распоредот на твоите базични егзистенцијални приоритети, со цел да исполниш некакви си новокомпонирани општествени норми, кои што во многу случаеви не кореспондираат во целост со реалната социоекономска ситуација и нивото на примања од кои што се дефинира стандардот во државата и оној на поединецот.

Попластично земено, еден пример. Другар купува iPhone 12. Ја знаеме сите цената. Работи во ТИРЗ гулазите за нешто над минималец. Живее во карабина со дограма и ентериер од времето на бивша ЈУ, но на кафе излегува со најновиот модел на iPhone на кој што му става кредит од 100че и му „титка“ на овие што имаат „бесплатни“ за тие да му се јават.
Луѓе кратат на леб, но носат брендирана облека. Некој не го пушта детето на екскурзија а плаќа регистрација за две крнтии во дворот...и куп други примери за кои што ако почнам да ги редам постов ќе отиде во недоглед.

Ја копираме „луксузната“ шема од Запад затоа што три децении таков мит ни се продава, за беспрекорниот и совршен Запад каде што улиците се поплочени со злато а низ славините им тече мед и млеко. Ако кон тоа го додадеме и нашиот комплекс на „пониска вредност“ со вградена мисла на културолошка инфериорност, ќе ни стане јасно зошто ни се случува културолошка декаденција на сметка на туѓи културни влијанија за кои што се промовира мисла дека се супериорни во однос на нашата култура и начин на живот.
 
Апсолутно точно, не може да види народ дека на некој му одговара 30 години да живееме во општа мизерија и дека пола сами сме си криви пола светската политика ни го прави овој квази капитализам и оваа квази демократија. П.С. Најјаки се луѓето од дијаспората што го подгреваат тој оган овде, дека таму се живее совршено и лесно :D а на страна од тотален материјализам, најхаотичното што стана шаблонска мода последниве години кај младината е што машките држат филм на криминал а женските филм на старлети :pos:
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.184
Поени од реакции
2.111
Кога ја видов темава мислев за општата култура на младите ќе се збори, не само за сценска култура. Затоа ќе се надоврзам со моето мислење.

Ужасно ми смета што најголем дел од младите се невоспитана багра. Влагаат во просторија и не знаат едно ебано здраво да кажат. Не знаат да се претстават, не знаат една речениа да сврзат за да одговорат на прашање "што правеше денес" или "како е во школо". Една порака не знаат да напишат, ти пишуваат за услуга (на месинџер, маил не знаат да отворат) и ни здраво, ни да те замолат да им помогнеш, туку директ "ај види ова кога ќе можеш", ко господари да ти се.

И не се они криви, родителите им се за тепање. Ама родителите им се тие што шмраат кока у вц у кафана, што едвај завршија средно, а мислат господ го виделе што се пикнале во државно за 25к.

п.с. мислењево не ми е формирано на база на 2-3 вакви случаи, туку сум во професионален контакт со луѓе на возраст 16-25 и мнозинството се вакви ко што пишав за жал.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.557
Поени од реакции
3.959
Во Кочани се седеше главно во паркот (пред или зад киното) или во дворот на гимназијата
На клупа на кејот, одма после раскрсницата кај оние степеници до факултетот што водат... со цимер ми 5 години ја искрививме секој вечер...
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
3.104
Поени од реакции
6.430
На клупа на кејот, одма после раскрсницата кај оние степеници до факултетот што водат... со цимер ми 5 години ја искрививме секој вечер...
Не те разбрав тука... Пошто си ме цитирал, зборуваш за Кочани? Пошто факултет веќе нема тука а не ми текнува на некои вакви скали што водеа кон Правниот...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.557
Поени од реакции
3.959
Не те разбрав тука... Пошто си ме цитирал, зборуваш за Кочани? Пошто факултет веќе нема тука а не ми текнува на некои вакви скали што водеа кон Правниот...
Да бе за Кочани правам муабет, степениците од центар што одеа до правниот веднаш после паркот.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
3.104
Поени од реакции
6.430
Да бе за Кочани правам муабет, степениците од центар што одеа до правниот веднаш после паркот.
Океј, да, сега ми текна за кои скали збориш. Кај раскрсницата спроти трговски. Да, и тука се седеше многу. Исто и во малото паркче на раскрсницата.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.557
Поени од реакции
3.959
Океј, да, сега ми текна за кои скали збориш. Кај раскрсницата спроти трговски. Да, и тука се седеше многу. Исто и во малото паркче на раскрсницата.
да да, тука редовно се пиво пиеше во вечерни часови, дури и во зима блеевме... луѓето кога незнае каде да не најдат тука не тражеа.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
315
Поени од реакции
393
Ne moze da ima kultura koga pola kosovo go sobra, pola makedonija, i glumi nekakva gnasna zagadena amalgamacija na siot dzgan.
Вистината !!!!

За другите градови ... и таа малце алтернатива (урбана екипа) што постои , или фаќа магла за странство или у Скопје. Генерално, по другите градови останаа сељачишта и чат пат пристојни луѓе што не успеале да се снајдат за горниве две опции.

За Скопје ... ко што кажа членот погоре. Дефинитивно класи над другите градови, ама сепак "урбаниот народ" е тешко малцинство, како што секогаш и бил впрочем. Само што во последниве 20тина години се зголемува градот, па сељачизмот многу полесно испливува на површина :)
 
Член од
15 ноември 2018
Мислења
73
Поени од реакции
43
Се сложувам со многу мислења на темава ама никој не спомна за локалите кој се понудени како опција.Треба да се најдат неколку паметни луѓе што ќе го разработат ноќниот живот во Скопје.Дебар маало како најактуелно има два или три асални кафича а другите се преплавени со фаци симнати од планина.Во локалите како интермецо имаш курви и стари чичиња кој живеат во некаква илузија.Башка ова што е сега до 9 е тотална заебанција немаш време ни да се напиеш 2 пијачки па мора набрзина да се здрвиш и после да се чешаш за глава кај ќе идеш.Ретко каде се пушта македонска музика што е многу срамота според мене, па дури и кафаните не се тоа што треба да бидат.Кога сме веќе кај младите можам да ви потврдам дека 70% се за греота или се коцкаат или се дрогираат а сите до еден пушат.
 
chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
670
Поени од реакции
668
Пишав еднаш и ке напишам уште еднаш која култура бараат низ форуми семинираски и прерасажани лектири и што очекуваш на крај од таква тиква дека биде човек нормално дека нема.Оно основото го нема а ке се градел како човек седи со 90 посто од нив нит знае да размислува нит па да развие тема на разговор.Прво и важно за младината е nike air и оние гомна од мушами да се облече и да се копира онаа стока и говеда од Белград и што може да биде од него кога е копија на друг систем место да се бара самиот себеси и да се пронаоѓа исто важи за оние да се рекламира на инста и што е можно помалку облека и да ми изиграва некоја си инфлуесерка или манекенка 99 посто кога одиш ке ги видиш како copy paste.Неспособно е за живот за создавање и градење на нови работи како паразит на грб од родители.Живеење во свет на илузии без желба и нагон да смени нешто.А за вкус да не се збори апсолутна нула однесување како во прв стадиум на еволуција.И што е жално овој циклус трае и се пренесува ако не е некој дел од ова индивидуата се смета за ненормална сељак отфрлана е од друштво.И не ми кењајте демек немало место да се искочи има само што тие се затвораат после некој месец пошто од овие што ги набројав не идат а не може да опстане локалот од нормалните кои ке отидат 4 пати во недела и ке му е полн 40 посто со гости.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom