Млада нула култура

Член од
14 јули 2017
Мислења
154
Поени од реакции
117
Читав пост на @Црноризец Храбар објавен во 2015та.
Речиси скоро сите го опишуваме истото сценарио, а релевантно е денес колку што било тогаш.

На тоа што сакам да дојдам е...
Немаме некоја младинска култура, кога и да го видам Скопје, главен град, празни улици, полни кафичи, ме разочарува.
Дали јас не сум запознаен, но не би рекол, се уште сум млад но еве, не гледам млади.
Не гледам некое движење, не гледам некоја креација, некоја глазба. (како што го слушам стариот во минатото со панк/рок сцени и колку само кул живот воделе)

Градот, не ми изгледа поразличен од некоја си сива далеку-источна рускоговорителна вукојебина. (зборам за јавните места)
И ова не го кажувам сега, ради вирусов, вирусот не е темата тука, ова го гледам уште предтоа.
Единствените излагања се(биле и се надевам барем тие пак да бидат) МКЦ, кафич, во клуб, или наједноставното што сите млади го правиме социјалка надвор в парк.
И тие евенти се супер, но дали може некој евент да произлезе од младите за младите без да чекаме големиот чичко да ни направи да ни е забавно?

Дали може да се развие некоја култура меѓу младината?
Како можеме да го направиме тоа?
 
Член од
17 март 2015
Мислења
1.236
Поени од реакции
4.558
од велес сум и скоро ич да нема дружби у парк, ние едно време локавме пиво/вино у младински, ама цела екипа се разотиде на сите страни, летно време знам често да си седнам со пивце у младински, но за жал сам. да има уште тројца ко мене, шо не сакаат да испаѓаат по кафичи, туку у парк, нема да ме извадат од таму. :)
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
9.474
Сега се брка култура која што е во доменот на западна митологија и за чие што имплементирање овде ние немаме стандард. Затоа што целата таа култура кон која што се стремиме е создадена врз постулатите на „конзумеризмот“. Тоа е во целост материјална култура која што промовира прекумерно трошење, животен стил кој што ретко кој овде може да си го дозволи и кој што кај нас раѓа несигурности и фрустрации.
Порано со сто денари во џеб се шверцувавме низ сите кафичи и збиралишта за ноќно излегување во градот. Мотивот беше добар „провод“ и ретко кој излегуваше со повеќе. Истото ќе ви го кажат и постарите, со нивните фамозни „корза“. Може да се каже дека сите горе-долу сме биле еднакви по сиромаштија, транзициски деца кои што импровизирале со она што го имале или повеќето со она што го немале.
Сега зборот „нема“ тежи повеќе од кога било а се настојува да се вулгаризира и да се скрие под тепих, да не се спомнува воопшто, или тивко со шепот, оти дојде такво време да биде срамота да се нема или да се покаже немаштијата, што е тотален социоекономски парадокс на државата и времето во кое што живееме.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
6.776
Поени од реакции
11.501

Тргнав да напишам нешто од кога го прочитав мислењето на членот што ја отворил темата, ама веќе си кажал се што мислев да напишам, дури и повеќе од тоа.

Жално е многу и сето ова од ден на ден оди на полошо ниво.
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
2.506
Поени од реакции
6.010
Сега се брка култура која што е во доменот на западна митологија и за чие што имплементирање овде ние немаме стандард. Затоа што целата таа култура кон која што се стремиме е создадена врз постулатите на „конзумеризмот“. Тоа е во целост материјална култура која што промовира прекумерно трошење, животен стил кој што ретко кој овде може да си го дозволи и кој што кај нас раѓа несигурности и фрустрации.
Порано со сто денари во џеб се шверцувавме низ сите кафичи и збиралишта за ноќно излегување во градот. Мотивот беше добар „провод“ и ретко кој излегуваше со повеќе. Истото ќе ви го кажат и постарите, со нивните фамозни „корза“. Може да се каже дека сите горе-долу сме биле еднакви по сиромаштија, транзициски деца кои што импровизирале со она што го имале или повеќето со она што го немале.
Сега зборот „нема“ тежи повеќе од кога било а се настојува да се вулгаризира и да се скрие под тепих, да не се спомнува воопшто, или тивко со шепот, оти дојде такво време да биде срамота да се нема или да се покаже немаштијата, што е тотален социоекономски парадокс на државата и времето во кое што живееме.
Инстаграм генерација, за појадок карнекс паштета а вечерта флаша џони на маса за инстаграм стори
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
3.369
Поени од реакции
7.108
Во сите градови е така. Ги нема повеќе седенките на отворено, пијуцкањето пиво и зезањето по цели вечери. Нешто што беше сосема нормално кај мојата генерација. Во Кочани се седеше главно во паркот (пред или зад киното) или во дворот на гимназијата. Сега ептен е реткост да видиш млади дечки да се забавуваат на овој начин.

Исто имав и пост во ДК за тоа, денес ретко кој од младите се декларира како металец/панкер/рапер и сл. и живее во тој стил. Ретко кој сака да биде различен од толпата. Напротив, сите сакаат да бидат дел од тоа што е актуелно, што е тренд во тој момент. Што знам, веројатно секое време си го носи своето. А за ова би рекол најголем удел имаат интернетот и социјалните мрежи кои не беа ни приближно толку распространети пред 10-15 години.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
18.782
Поени од реакции
39.338
Иначе во Скопје поише луѓе искачаат во парк сега (корона период aside), отколку било кога порано. Баш здравиот живот, малце поголема релаксираност и чил аут стилот преовладуваат над тие искачања у дискотеки што удрија пред 10тина години. Барем у моја околина, повеќе гледам интерес за во парк, планина, пикник кулирање нешто, отколку на некои турбо ствари.

Али ова е бумерски форум, такада не очекувам некој да укапира "what those darn kids these days do...".
 
Можеби е и така, и јас иам слушнато за ова, но сепак мислењето на Далтон е повеќе од реално и точно.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
6.934
Поени од реакции
12.185
Ако мислите дека нема седенки на отворено, панкери, рапери, скејтери и сето тоа, не сте прошетале доволно низ темните збиралишта навечер.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.167
Поени од реакции
1.455
Социјалните мрежи ја искривија работата тотално, сите сакаат да бидат перцепирани дека се ин, богати, моќни, кул, итн...иако 99 % од тоа е глума...тој што стварно има пари и моќ не му е баш дојдено да позира за да прикаже некоја нереална слика за себе, тој веќе има пари, и гледа утре да има повеќе пари од денес.

Друго колективно вредностите се многу паднати, јас кога бев средношколец, најголемите сељаци слушаа турбо фолк, кичерајски музики, и сл. Денес кошо гледам тоа е повеќе тренд него исклучок...скоро и да нема средношколци што слушаат метал или рок...ваљда одма се црнат дека се наркомани или сл...

А најтрагичното е што наркоманијата никогаш не била повеќе распространета него денес. Последниве 10 години, може слободно да се каже дека Македонија доживеа хероинска револуција.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
18.782
Поени од реакции
39.338
Можеби е и така, и јас иам слушнато за ова, но сепак мислењето на Далтон е повеќе од реално и точно.
Јас сметам дека тоа мислење преовладува баш поради тоа што луѓето судат според она што го гледаат на социјалните медиуми, а не според тоа што е реално надвор. Пошто повеќе тракција и внимание добиваат оние за кои што збори Далтон, а оние што чилаат не се замараат со истото.

А можеби и не е така, ама мене ова ми е мислењето :)
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
339
Поени од реакции
576
Кај мене во населба паркот крцаше летово и покрај короната.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.497
Поени од реакции
14.928
Од овде треба да се почне, иако е страхотно комплексно прашање. Штом почнеш да употребуваш поими како: почитување закони, контрола, страхопочит, колектив, срам и сл. тогаш вршиш супресија на нагони и ствараш огромно поле за манипулација односно зло.
Она што треба и е потребно е медитативни индивидуи....ама тоа е far away, и надвор од умот....особено што никој не знае што значи медитација и што значи да се биде индивидуа.
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
154
Поени од реакции
117
Сега се брка култура која што е во доменот на западна митологија и за чие што имплементирање овде ние немаме стандард. Затоа што целата таа култура кон која што се стремиме е создадена врз постулатите на „конзумеризмот“. Тоа е во целост материјална култура која што промовира прекумерно трошење, животен стил кој што ретко кој овде може да си го дозволи и кој што кај нас раѓа несигурности и фрустрации.
Порано со сто денари во џеб се шверцувавме низ сите кафичи и збиралишта за ноќно излегување во градот. Мотивот беше добар „провод“ и ретко кој излегуваше со повеќе. Истото ќе ви го кажат и постарите, со нивните фамозни „корза“. Може да се каже дека сите горе-долу сме биле еднакви по сиромаштија, транзициски деца кои што импровизирале со она што го имале или повеќето со она што го немале.
Сега зборот „нема“ тежи повеќе од кога било а се настојува да се вулгаризира и да се скрие под тепих, да не се спомнува воопшто, или тивко со шепот, оти дојде такво време да биде срамота да се нема или да се покаже немаштијата, што е тотален социоекономски парадокс на државата и времето во кое што живееме.
Се согласувам со тебе и жал ми е што лесно подлегнуваме на западот во секој можен аспект. Но, сепак ќе го надоврзам ова со мислењето на @Bodhidharma

...

Од овде треба да се почне, иако е страхотно комплексно прашање. Штом почнеш да употребуваш поими како: почитување закони, контрола, страхопочит, колектив, срам и сл. тогаш вршиш супресија на нагони и ствараш огромно поле за манипулација односно зло.
Она што треба и е потребно е медитативни индивидуи....ама тоа е far away, и надвор од умот....особено што никој не знае што значи медитација и што значи да се биде индивидуа.
До некаде се согласувам со Мкена особено последните зборови ''There are no group decisions, those things come later. The genius of creativity and of initiation of activity always lies with the individual.'' Ова е добро кажано, и тоа во општество со висока индивидуалност како САД (не зборам политички него од искуство, луѓето таму многу полесно си ја изразуваат својата индивидуа). Кај нас..некако сме...снегулки... каде ќе дувне ветрот..И ова со @Joe Dalton што кажа, ветерот на консумеризмот е силен и ја дувна скоро цела младина.

Во зборовите на Мкена, дали тука индивидуа може да се роди и да иницира некоја активност?

Во сите градови е така. Ги нема повеќе седенките на отворено, пијуцкањето пиво и зезањето по цели вечери. Нешто што беше сосема нормално кај мојата генерација. Во Кочани се седеше главно во паркот (пред или зад киното) или во дворот на гимназијата. Сега ептен е реткост да видиш млади дечки да се забавуваат на овој начин.

Исто имав и пост во ДК за тоа, денес ретко кој од младите се декларира како металец/панкер/рапер и сл. и живее во тој стил. Ретко кој сака да биде различен од толпата. Напротив, сите сакаат да бидат дел од тоа што е актуелно, што е тренд во тој момент. Што знам, веројатно секое време си го носи своето. А за ова би рекол најголем удел имаат интернетот и социјалните мрежи кои не беа ни приближно толку распространети пред 10-15 години.
1613039893470.png
Oва е списание ММ, рок списание почнато 1989, пред интернетот. Секако сигурно има други фактори што постојат но еве пишаното тука во списание не е ништо поразлично од денес. Не дозволувам да верувам дека интернетот и социјалните мрежи се главниот кривец тука, наспроти тие можат да помогнат во креирањето на културата.
Автоматски споено мислење:

Јас сметам дека тоа мислење преовладува баш поради тоа што луѓето судат според она што го гледаат на социјалните медиуми, а не според тоа што е реално надвор. Пошто повеќе тракција и внимание добиваат оние за кои што збори Далтон, а оние што чилаат не се замараат со истото.

А можеби и не е така, ама мене ова ми е мислењето :)
Би се согласил. Ги замислувам како стадо овци, што групата мисли дека е кул тоа навистина им станува кул. Што ако тие што чилаат или пак помалце мрзливите што би сакале, се потрудат да направат некое 'автентично кул'? Јас мислам стадото овци ќе се замисли и ќе рече Хм, можеби и ова е кул.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.497
Поени од реакции
14.928
Во зборовите на Мкена, дали тука индивидуа може да се роди и да иницира некоја активност?
Ние се раѓаме индивидуи(поточно човечки индивидуи), ама со прв здив ни даваат име, религиска определба, како треба да бидеш во однос на таткото мајката, во однос на околината, државата, светот....можеби и понатака хахах.
Ако малку нешто не ти штима додека си дете тогаш бараш алтернативи, па ќе станеш некој панкер да речеме.....тоа е веќе посуптилно идентифицирање со група. Хипстериве да речеме се углавени многу очигледно во такви магични кругови.
Како и со егото кое секогаш наоѓа backdoors така и идентификацијата. Не можеш да избегаш од ова, затоа што не постои ништо у твојата суштина со кое си едно.... или што би рекол Lao Tzu:
The nameless is the beginning of heaven and earth.
The name is the mother of the ten thousand things....

Теренс Мекена зборува за нешто што е многу ретко, што се случува толку ретко како супернова на небото. Тоа е права ствар, се друго е глумење лудило.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom