Млада нула култура

Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.728
Поени од реакции
1.111
Немаме некоја младинска култура, кога и да го видам Скопје, главен град, празни улици, полни кафичи, ме разочарува.
И тие евенти се супер, но дали може некој евент да произлезе од младите за младите без да чекаме големиот чичко да ни направи да ни е забавно?
Карпош ноќе 23 часот, пред полицискиов час, полно групи млади луѓе имаше.
Окулу Електро, по тоа паркчињата меѓу зградите, окулу Универзална, Силбо...
По 5, 7, 15, 23 луѓе, групи...
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.083
Поени од реакции
2.571
Култура не е само алтернативната сцена, туку ги сочинува сите социјални елементи. И седење у кафичи е дел од културата. Има култура, дури и повеќе подкултури, само со COVID-19 сѐ се умртве. Пред COVID-19 имаше дури и мал бум.

За алтернативци имаше доста места, некои се затворија, ама се појавија нови. Такви беа Апсинт Бар кој се затвори, ама се отвори Апсинт Галери. Менада затвори, ама се отвори Котур. Ла Кања, МКЦ, Шортбас, Паблик Рум, Бруклински за џезери и многу други места правеа дешавки. Скопски Филмски Фестивал, Филозофски Филмски Фестивал, Земјотрес, настани на Школка, Под земја полесно се дише - се неколку примери за настани на алтернативната сцена. 103 организираше милион ствари, во радио и надвор од радио. Парк, Плочник, Соборна, Форум, СФ, итн., вриеа (и вријат). Има и алтернатива кафани, ко Куќа и Барик (со џез музика, Дејвид Боуви и Стинг! :D ). Имаше и доста изложби/проекции. Врвот на афтерскиот постмодернизам беше 50-60 - на една маса седат Давид, Ѓорѓи 103 и Иван; на друга маса имаш некои сумњиви фаци од Кисела Јабука со транџа проститутка, на трета маса мафијаши од Германија - у 3 саат сабајле. Кога сме кај афтери, Балет, Браво (ова и за рокенрол фаци си беше стандард) итн. А кога сме кај рокенрол, Биртија Паб, Браво, Олд Скул, Лед Цепелин, Круг, Ван Гог, Гарсон итн.

Дебар Маало си го има и алтернативниот и шабанскиот вајб. За фенси фаци Каза, Кино Карпош итн. Боеми и алтернативци на Боемската, со све Наџак, Лајка, Барик и др. Чаршија имаше секакви места, од латино дешавки у Алур, до Ракија Бар и Пивница фазон.

Техно сцената почна да зима замав. Од кич техно клубови ко 12-12 и Станица 26, до -1, Шортбас и Епицентар - викаа артисти ко Мис Китин и Деди Џи. Транс сцената почна да пркнува - Форестделик правеа журки у Грув Кафе, Козјак, Охрид итн. И у Капан Ан имаше транс. Баслаб правеа ДнБ журки.

Трап не слушам, ама глеам дека имаше доста трап настани. За нормална раја си имаше Маракана, Хавана, кеј... Имаше и настани за поширока публика ко Земјотрес, Таксират, Пиво Ленд, Виноскоп...

Поентата е дека имаше култура, само треба да знаеш каде да излагаш. Ако вака само си шеташ и глеаш како младите само седат у кафич - ќе ти изглеа дека нема култура.
 
Член од
9 мај 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Читав пост на @Црноризец Храбар објавен во 2015та.
Речиси скоро сите го опишуваме истото сценарио, а релевантно е денес колку што било тогаш.

На тоа што сакам да дојдам е...
Немаме некоја младинска култура, кога и да го видам Скопје, главен град, празни улици, полни кафичи, ме разочарува.
Дали јас не сум запознаен, но не би рекол, се уште сум млад но еве, не гледам млади.
Не гледам некое движење, не гледам некоја креација, некоја глазба. (како што го слушам стариот во минатото со панк/рок сцени и колку само кул живот воделе)

Градот, не ми изгледа поразличен од некоја си сива далеку-источна рускоговорителна вукојебина. (зборам за јавните места)
И ова не го кажувам сега, ради вирусов, вирусот не е темата тука, ова го гледам уште предтоа.
Единствените излагања се(биле и се надевам барем тие пак да бидат) МКЦ, кафич, во клуб, или наједноставното што сите млади го правиме социјалка надвор в парк.
И тие евенти се супер, но дали може некој евент да произлезе од младите за младите без да чекаме големиот чичко да ни направи да ни е забавно?

Дали може да се развие некоја култура меѓу младината?
Како можеме да го направиме

Како можеме да го направиме тоа?
За жал М нема од денешнава младина. Скроз го имаат изгубено чувството што значи да си млад и да уживаш у секој момент од тој период. Не знаат дека низ тој дел од животот се поминува само еднаш.
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.619
Поени од реакции
5.544
Јас сум роден точно 90та година во Тетово. 200та и некоја година тоа е кога јас сум бил дете малечко и потоа неколку години кога јас потпораснав 13, 14, 15, 16.. години имаше едно две, три улички кој беа буквално чаршијата за младите преку лето. Гужви и седење потпрен на колите, седнати на клупите задскриени друштва за пијанки пивце, винце, дружби, заљубувања, зезанции дури и фрки со тепачки имало.

Кој е од Тетово знае. Тоа веќе го нема и таму сега навечер е пусто долги неколку години.
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2017
Мислења
18
Поени од реакции
11
Каде е пусто на вечер секаде се полни парковите со млади/стари, се се затвори ама забавите по парковите почнаа да функциониратт, во сите градови низ Македониија дури не работеа кафичите полни беа парковите, излетнички места шти се секаде беше полно
 
Igorcemk

Cogito ergo sum
Член од
17 јануари 2008
Мислења
11.332
Поени од реакции
14.695
Pogresen pristap. Nema mladinska kultura znaci edna pod koja mozat site da zastanat ili da se identificiraat, denes imas razni subkulturi, mladinata e podelena. E sega ne pravime muabet za nekoi mladinski dvizenja pod koja moze pogolem del da zastane, primer nastanite 68ma niz Evropa ili novo Fridays for Future za ekologija. Subkulturite cesto i ne se vidlivi sto ne znaci deka ne postojat.

E sega deka vo del (za zal golem) pomesteni se vrednostite e drug problem. Konzumizmot, pominuvanje so lesno (sve dadeno od roditelite) i drugi raboti se opst problem vo opstestvata. Sekojpat go imalo, mejnstrim i subkulturi samo sto denes drugo e IN nego porano. Inace za mene izlaganje denski na kafe i na vecer vo kafic ne e nekoja kultura. Normalno e ili bese, vo pomali mesta mozebi edna o retkite moznosti da se pravi nesto.

I na kraj denes covekot ne se ceni tolku poradi obrazovanije, talenti, maniri i vrednosti tuku dali ima ili nema. Izceznuva gragjanstvoto na smetka na sabanerijata. Turbofolkizacija na opstestvoto ako sakate.
Автоматски споено мислење:

Кое Скопје, во Кичево, значи малку поголемо село, во 2000-та на сред плоштад дојде Електрични Оргазам, и предгрупа им беше никој друг туку Стринг Форсис, убедливо една од нај-јаките свирки што ги имам видено...и сега некој нека труби дека било носталгија, ова она...ми се плаче до каде пропаднавме.

Во Кичево денес освен митинзи пред избори, ништо друго не се организира на плоштад.

Зборов ми е, имаше за секој по нешто, не беше толку вештачка младината, се знаеше кој што е и каков е... не дека денес не се знае, ама јбг мора да се тера приказната за моќ, пари и успех во се на социјалните мрежи, лол, 30 % од нив да беа вистински толку паметни и успешни, данбетер од Јапонија ќе бевме досега.
Kicevo vo 90tite bese, ne znam kako da kazam, mnogu sovremen i progresiven i mladinata i ponudata i lugjeto. Za zal ako sporedime so toa sto e denes, toj e umren grad. Zrtva na tranzicijata so site negativni posledici. Veruvam ima i drugi gradovi so slicna sudbina.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom