зашто бе такви хардкор ставови имате не ми е јасно о вие стара гардо.
И постарите за нас викаа буквално "боље да ве свршев на карпа" и такви некои заебанции, со разни такви термини за нас (од нив помладите)... па што ни фали нам сега толку како генерација?
Значи ние (зборувам од 88-94та), не растевме скроз со технологија, бевме полу-полу генерација.
Овие денес се израснати со интернет и инвазија на технологија, и на пример, многу едноставно и лесно можат да научат ствари за разлика од луѓето кои се над 45 години да речам на кои послабо им оди со технологија. Има апгрејд у тој сегмент. Мислам ова се плус поени за секој што е млад и што е израснат во доба на мас технологија.
Дека се нешто понеморални од оние што во 90тите биле "млади", или од нас не се нешто драстично повеќе. Сега ги гледаме само ниските ствари, не се насочуваме кон нешто продуктивно. Денес ги гледаш стварите директно и поексплицитно.
Што знам, денес кај младите се прават некои луди комбинации - де креативни, ама најмногу и најчесто тоа се комбинации на лоши идеи. Но тоа е во склад со самата средина во која што растат и она што ние го креираме за нив како реалност. Како да кажам, ние пак сме растени во средина на остатоци и сеќавања кон "релативната еднаквост"... ама новиве мене ми делуваат на прагматисти и опортунисти, како што кажав, 1/10 креативна идеја ќе избие, другите 9 или neutral или штета.
Како да кажам, они и те како го имаат сватено сиот неморал на ова општество, и немаат некоја одбивност или револуционерност/бунтовност, него само се адаптираат на него. Нема кај нив "како нештата треба да бидат" или "како е правилно", туку гледаат на нештата и процесите на "какви што се", многу повеќе отколку ние.
Нивниот идеал е личен и индивидуалистички, а не колективен. Такво нешто не постои за нив.
Го сфаќаат и општеството како "синџир на исхрана" и тоа е тоа. Нема кај нив, да бидам културен со продавачката или што и да е, него они по цел ден си ги пимплаат тие нивни луди комбинации на идеи. Секој што не е близок со нив го перцепираат како статист буквално, а не како човек со свој живот и длабочина и што све не.
И во нашата генерација да речам касни миленијалци го имаше тој момент и кога бевме 15-21, само што беше посуптилен, не беше видлив. И сега го има ден денес на наши веќе 30-ish години.
Мислам, не е се толку црно ако видиш индивидуално... Да, празни лејки кои живеат материјално подобро од претходната генерација. Душевното во минус, пошто како што растат примањата и евентуално стануваш нивен роб, се чини дека се губи и она бунтовното и идеалот во тебе, туку стануваш "системски" човек - мое мислење.