Да не се правиме сега луди, ЕУ
(а со тоа и Бугарија) неопосредно пред имигрантската инвазија донесе такви регулации и нови правила за добивање на азил - да секоја будала може да каже „
јас ги изгубив документите ама верувајте ми - јас сум од таа и таа вукојебина од каде бегам заради војната, итн, итн“...

Да не донесоа такви регулации и закони, имигрантите немаше да тргнат кон ЕУ во милионски бројки. Уште па Меркел кога јавно ги повика... Се беше јасно што ќе се случува. И сега е јасно, ама некои се прават (или се) глупи.
Ретките свесни луѓе како Најџел Фараж, со години предупредуваа на неизбежната претстојност на сегашнава имигранска инвазија. Ама сеедно е тоа кога нема кој да слуша, и
силите одозгора непречено си ја буткаат агендата, ги влечат конците, а марионетите во ЕУ парламентот само ја играат зададената улога.
Јасна е агендата, денешната имигрантска инвазија е планирана и поттикнувана. Од една страна се произведуваат бегалци преку рушење на режими, од друга страна се носат лабави регулативи за азил кои практично ги повикуваат не само тие бегалци, туку и сите економски имигранти, во Европа.
Еве кратко излагање на Најџел Фараж, при расправа за резолуцијата за нови регулации за барање азил во ЕУ.
Многу поучно: