Добро е што одма се вратени на грчка територија, новинарите што нелегално ја преминале границата за да снимаат се казнети со 200 до 300 евра (околу 30-тина од нив биле грчки новинари). Некои од мигрантите преноќиле во прифатниот центар Винојуг, али и тие очекуваат денес да бидат пренесени на грчка страна во Идомени.
5 минути беа на наша територија, и одма пустош направија во Моин... селаните кои чесно со своја пот си ги вршеа работите за да се прехранат, се им отиде во вода за пола ден. Срце ми се корне кога ја гледам бабичкана како плаче пред камери... имаат ли овие "хуманитарциве" во земјава малце жал кога ќе видат како НАШИ луѓе страдаат од тие кои упорно и упорно ги штитат на граница?
Треба владава да им даде паричен надоместок на селаните за претрпените штети од мигрантиве... дека како и да ја вртиме, ова е пропуст на македонската гранична полиција, што дозволија лица без дозвола да ја преминат границата нелегално. Срам и арам нека им биде на двете партии (кои секоја ден се препукуваат преку медиумите) ако не им дадат помош на селаните од Село Моин