- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Системот на моќните кои ги насочуваат работите според нивните замисли, успеаа во одреден момент во значителна мера „да не спакуваат“ и да ги уредуваат нашите држави и нашите животи според потребите на нивната моќ. Сега цело време работиме и треба да работиме, некаде да се пронајде и направи отвор во тој систем. Само еднаш да се направи отвор во тој лажен систем кој не потчинил и да пројде вистинскиот македонски народен интерес за тоа како сакаме да живееме и каде ќе одат плодовите на нашиот труд.Проблемот со овие држави беше што они(нивните владетели) тргуваа со националните интереси, не дека не можеа, туку немаше политичка воља да се создаде одбранбен механизам.
После ќе им требаат децении на заведување, залажување, поткупувања за повторно да не стават в пакет. Но ако има совесни поединци и во идните поколенија, тие можат и понатаму да ги одржуваат национални интереси настрана од надворешно подчинување. Затоа што едно е почитувањето на силата на посилниот, ама друго е покорување кон посилниот до степен на телиња кои служат само за ефтино производство на пиперки, домати, вино и се што е потребно за нечие уживање во обилен и пребогат живот.