Мигрантите низ Македонија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Имам впечаток дека по прашање на бегалците постои политички консензус на Македонците. Мислам дека ова на некој начин би можело да биде клучно за излез од политичката криза и согледување на реалната состојба во Македонија. Само така би можеле реално да излеземе некако на крај со оваа ситуација или пак да ги намалиме негативните ефекти.

Све што треба е да се остават на страна дневнополитичките игри и сериозно да се стави на дневен ред иднината на државата.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Русија го изгради првиот странски бегалски камп внатре во Сирија.
Добра постапка што нема да го спречи бегалскиот бран. Затоа што не е стихиен, туку испланиран.
„Чекајте, сега Србите се добрите момци?“
Тапкања и залажувања за србите додека не им влезе чивијата во здраво месо, што би имало последици и за нас. Српскиот Премиер е во САД за понатамошни упатства, односно, заведувања за да им ја исполни агендата. Српскиот Претседател во прво време не знаел за посетата на Премиерот Вучиќ на САД. Дознал од гласилата.

ТМРО: „Губернаторoт Хан протекторатот Македонија го подготвува за бегалски камп“
...„Без да го каже името Македонија, ова лице ословувајќи не како вашата земја, безобразно ни најави дека Европа ќе ни даде помош за да се прават бегалски кампови, како и парични средства за останување на мигрантите во Македонија“, реагира ТМРО и ја повика македонската влада веднаш да почне со поставување ограда на потегот од Дојран до Гевгелија. „Во спротивно владата ризикува да ја сноси историската одговорност за губењето на македонскиот карактер на оваа земја“, соопшти ТМРО.“
 
Последно уредено:

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Имам впечаток дека по прашање на бегалците постои политички консензус на Македонците. Мислам дека ова на некој начин би можело да биде клучно за излез од политичката криза и согледување на реалната состојба во Македонија. Само така би можеле реално да излеземе некако на крај со оваа ситуација или пак да ги намалиме негативните ефекти.

Све што треба е да се остават на страна дневнополитичките игри и сериозно да се стави на дневен ред иднината на државата.

Никад ВМРО и СДСМ нема да седнат на маса и да решаваат за доброто на Македонија.Апсолутно сум сигурен дека оној ден кога ќе седнат на маса и ќе донесат едно единствено ебано добро решение за Македонија и Македонецот,ќе не снема како држава.

Да му ебам мајката,да се одигра утакмица меѓу тенисер и зид,едните ќе бидат за тенисерот а другите за зидот.Никогаш,ама баш никогаш нема да има слога меѓу македонецот
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Никад ВМРО и СДСМ нема да седнат на маса и да решаваат за доброто на Македонија.Апсолутно сум сигурен дека оној ден кога ќе седнат на маса и ќе донесат едно единствено ебано добро решение за Македонија и Македонецот,ќе не снема како држава.

Да му ебам мајката,да се одигра утакмица меѓу тенисер и зид,едните ќе бидат за тенисерот а другите за зидот.Никогаш,ама баш никогаш нема да има слога меѓу македонецот
За жал тоа е многупати докажана и неизменлива работа. Само што не се работи за неслога меѓу Македонецот, туку за неслога меѓу поделените во разни партии. Што побрзо сфати народот и се откаже од очекување некое национално добро од партиите, толку побрзо ќе почне да размислува за други начини за национално себеодржување.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
За жал тоа е многупати докажана и неизменлива работа. Само што не се работи за неслога меѓу Македонецот, туку за неслога меѓу поделените во разни партии. Што побрзо сфати народот и се откаже од очекување некое национално добро од партиите, толку побрзо ќе почне да размислува за други начини за национално себеодржување.

Многу има да се разглаба околу тие скапани политички партии и зошто е тоа така.Секаде има политички партии,ама ретко која држава забегала како нас и да ја гледа само партијата,а да не гледа дека државата оди во мајчина.

Затоа велам,ако се случи некогаш да седнат на иста маса двете партии и најдат едно решение добро за Македонија и Македонецот,ќе не снема следниот ден.
Газовите си ги дале под кирија пред долго време и двете партии,поточно од бегалската криза.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Никад ВМРО и СДСМ нема да седнат на маса и да решаваат за доброто на Македонија.Апсолутно сум сигурен дека оној ден кога ќе седнат на маса и ќе донесат едно единствено ебано добро решение за Македонија и Македонецот,ќе не снема како држава.

Да му ебам мајката,да се одигра утакмица меѓу тенисер и зид,едните ќе бидат за тенисерот а другите за зидот.Никогаш,ама баш никогаш нема да има слога меѓу македонецот
Треба да го прекинеме еднаш веќе тој стереотип. Никој народ нема слога, секој народ е поделен на одредени прашања. Дури и Евреите се длабоко поделено општество кое во моменти на национална безбедност седнуваат на масаи забораваат во тие моменти на непријателствата.

Нормално е да има политички недоразбирања, политичка поделеност. Нема ништо лошо во тоа. Нормално е да има кавги со политичка основа. Доколку нема такви кавги и расправии, тоа значи дека има некаков проблем во самото општество. Кога е во прашање националната безбедност, мора да ги оставиме на страна сите политички недоразбирања, сите лични кавги, и да застанеме сложно во одбрана на татковината.

За кавгите има време кога да ги продолжиме.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

До некаде си во право. Ама по мое мислење не само во Македонија туку и во светот поделбите во самите општества се многу многу големи и растат. Како да нема допирни точки и како да се чека едниот што ќе каже за другиот да почне со скроз обратни предлози. Ти викаш целосен стоп за мигрантите они вадат банери добредојдовте.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Разбирам што сакаш да кажеш и се сложуваме околу тоа.Но од друга страна,претставници на една партија не одат кај мигрантите со кесишта храна и со насмевка на лицето,како да се работи за нивни блиски роднини.Им даваат храна и вода,ги тинтраат како што нив дома не ги тинтрале,се тоа поради тоа што сакаат да соберат бедни политички поени бидејќи на друг начин не знаат како.

Претставници на една партија,најголема опозициска не го вреѓаат својот народ и не одат со глупави изјави против полицијата за време на полициска акција за сузбивање терористи.

Има уште многу да пишувам,а немам живци.

Сериозна партија и владеачка и опозициска ќе седнат на маса и ќе ги решат проблемите што се најголеми и најштетни во државата,а партиските препукувања ќе ги остават за некои подобри времиња.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Доколку не ја надминеме поделеноста во критични моменти, тогаш сме осудени на пропаст. Ние како народ имаме доста искуство со поделби и братоубиствени војни и во далечното и во блиското минато, можеби највеќе од сите народи. Затоа треба да бидеме свесни дека само доколку престанеме со тие поделби ќе можеме да опстанеме како народ и како држава.

Колку и да не сакаме, тоа е едниствената патека која треба да ја изодиме и за која нема алтернатива. Ако повеќето Македонци личната гордост ја стават пред гордоста на нацијата, тогаш сме осудени на пропаст.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Многу има да се разглаба околу тие скапани политички партии и зошто е тоа така.Секаде има политички партии,ама ретко која држава забегала како нас и да ја гледа само партијата,а да не гледа дека државата оди во мајчина.

Затоа велам,ако се случи некогаш да седнат на иста маса двете партии и најдат едно решение добро за Македонија и Македонецот,ќе не снема следниот ден.
Газовите си ги дале под кирија пред долго време и двете партии,поточно од бегалската криза.
Оние народи/држави кои постигнале напредок се оние кои нашле политички или културни облици кои ќе им одржуваат повисоко ниво на единство. Кај повеќето од најсилните држави разградувачката страна на партиското соперништво како и партиската поделеност на граѓаните, правно-политички го решиле со контролата на партиските закони од Горен Дом (надпартиски) организиран различно според потребите. Горниот Дом ги прифаќа или отфрла законите кои се донесуваат во партиското Собрание и со тоа значително го намалува законското своеволие на партијата на власт и ја обезсмислува протестирачката деструктивност на партијата во опозиција. Иако имаат неслога, тоа не е неслога за стратешките прашања. Тие народи преку избраните делегати во Горниот Дом не си дозволуваат поединци, поради лична лакомост, потпаѓање на странски влијанија или какво и да било забегување да им ги наруши национално-стратешките интереси. Може ќе направи материјална штета, но не и пореметување на националните интереси.
При обликувањето на посткомунистичките држави во источна Европа, ниедна не создаде (или не им беше дозволено) и Горен Дом. Освен Русија.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Оние народи/држави кои постигнале напредок се оние кои нашле политички или културни облици кои ќе им одржуваат повисоко ниво на единство. Кај повеќето од најсилните држави разградувачката страна на партиското соперништво како и партиската поделеност на граѓаните, правно-политички го решиле со контролата на партиските закони од Горен Дом (надпартиски) организиран различно според потребите. Горниот Дом ги прифаќа или отфрла законите кои се донесуваат во партиското Собрание и со тоа значително го намалува законското своеволие на партијата на власт и ја обезсмислува протестирачката деструктивност на партијата во опозиција. Иако имаат неслога, тоа не е неслога за стратешките прашања. Тие народи преку избраните делегати во Горниот Дом не си дозволуваат поединецот, поради лична лакомост, потпаѓање на странски влијанија или какво и да било забегување да им ги наруши национално-стратешките интереси. Може ќе направи материјална штета, но не и пореметување на националните интереси.
При обликувањето на посткомунистичките држави во источна Европа, ниедна не создаде (или не им беше дозволено) и Горен Дом. Освен Русија.
Проблемот со овие држави беше што они(нивните владетели) тргуваа со националните интереси, не дека не можеа, туку немаше политичка воља да се создаде одбранбен механизам.
 
Последно уредено:
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
Доколку не ја надминеме поделеноста во критични моменти, тогаш сме осудени на пропаст. Ние како народ имаме доста искуство со поделби и братоубиствени војни и во далечното и во блиското минато, можеби највеќе од сите народи. Затоа треба да бидеме свесни дека само доколку престанеме со тие поделби ќе можеме да опстанеме како народ и како држава.

Колку и да не сакаме, тоа е едниствената патека која треба да ја изодиме и за која нема алтернатива. Ако повеќето Македонци личната гордост ја стават пред гордоста на нацијата, тогаш сме осудени на пропаст.
Imashe i takvi momenti koga sednaa se dogovorija i napravija " vlada za nacionalno edinstvo"...se sekavash kako i so shto zavrshi toa?
Ne ne biva ni taka ni taka!
Nego koga severno ke gi zatvorat granicite, grkot ke ni trupa a nazad nema da prima, koj ke bide najzaeban? Site okolu se posilni i sposobni da si gi kontroliraat t.e. hermetichki da si gi zatvorat granicite...Nie sme za nikade u toj pogled i ke naebeme najjako!
Taman im se gleda povrshinata na zemjava nasha za eden gooolem kamp begalski...taka mi mirisa!
Iskreno se nadevam deka mi e zatnat nosot.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576

Словачка денеска.Протест против исламизацијата на Европа.

Само македончето седи дома и гледа турски серии и слуша што ќе му кажат од партија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom