Лошото за Груевски постојано го игнорираш,имаш еден куп работи на форумот кој ги игнорираш и кој комплетно се косат со твоите проекции за масоните кои постојано се обидуваш да ги наметнеш. Моето мислење за нерегуларните е исто што и за регуларните, по тој основ моето мислење за масонеријата не се променила.
Но кај тебе не е ист случајот, кога некој ќе ти ги побие твоите предавања на оваа тема, ти или се повлекуваш или менуваш тема.
Апсолутно сите прашања до сега сум ги одговарал - ако нешто сум испуштил, постојано велам - потсетете ме, ќе одговорам.
За Груевски немам мислење - не го познавам лично, ниту пак сум се обидувал да се распрашувам кој е и што е. Од релевантни извори до сега не сум чул лоши работи, така што не можам да имам лошо мислење.
Спонзор или не спонзор, некој му се јавил по телефон, т.е. агитирал и ловел нови членства по телефон, исто што се случува и кај нерегуларната масонерија, значи и по тој основ сте исти!
Ова по којзнае кој пат се повторува, но ти упаѓаш како падобранец на двестота страница, без да читаш многу многу наназад, па после цацко е крив...
Без некој да пројави интерес, не може да биде поканет во масонеријата (исклучок е Турција, има малку поразлични правила таму). Откако ќе пројави интерес - не значи дека автоматски му се назначува спонзор. Напротив - случајот се разгледува и ако се прецени дека човекот има квалитети - тогаш се поканува да стане член (и му се назначува спонзор). Така што - секој член на масонеријата е де факто поканет, но само откако сам ќе пројави првичен интерес.
Ќе додадам уште еден пример, Големиот Мајстор на Франција пред две-три години му пратил писмо на Принцот на Монако во кое му нуди итна иницијација во масонеријата и одма да му ја додели титулата Голем Мајстор на Монако,односно одма да се формира ложа на која ќе биде голем мајстор. Само да кажам дека сето ова е одбиено од Монако.
Теории на заговор не љубам да коментирам.
Ајде сега кажи како ова не е агитирање и како ова не е различно од поканата на Груевски. Те молам стани сериозен и доследен на твоите ставови, неможеш да судиш за некој како не е прав масон и да се обидуваш да ги наметнеш твоите правила, кога и вие самите не ги почитувате, и не станува збор за непочитување на обичен масон регрут, туку на масон кој има титула Голем Мајстор! Затоа е смешно да ги делите на регуларни и нерегуларни, впрочем цело време си смислувате работи само за да може да се раздвоите по некој основ од нерегуларните, но по одредено време се доаѓа до заклучок дека по секој основ сте исти и немате никакви разлики, па дури и по некој нов основ!
Апсолутно има разлики. И магарето и коњот имаат опаш и уши - ама има многу карактеристики кои ги одликуваат. Имам објаснето зошто нерегуларните се нерегуларни - ама тоа упорно не го прифаќаш, и се разбира - го игнорираш (а потоа мене ме обвинуваш во игнорирање на теми).
Разликата е што вие неможете докрај да ги контролирати индивидуалците кои го кренале гласот против вас,односно како што вие милувате да кажете слободните квалитетни индивидуии кои вие сте ги сметале за соодветни за зачленување во вашиот ред, по одреден период ќе ви се спротиставуваат и вие ги сметате за несоодветни, а станале несоодветни затоа што по вашите правила секој СЛОБОДЕН, незавизен човек, сам да мисли и создава, значи мисли со своја глава ќе се побуни за дебилните непочитувања на правилата кои вие ги наметнувате и вие го бркате затоа што мнозинството така изгласало!
Нема зошто да се контролираат индивидуалците кои кренале глас. Кога ќе отстапат од правилата за кои се заколнале дека ќе ги почитуваат, не се достојни да бидат браќа.
Како потикнувате демократија и либерализација, кога вие внатре во вашите редови немате демократија, немате слобода на размислување и јавно искажување на сопствено спротиставено мислење!
Демократија и анархија се различни работи. Ако погледнеш по нет, има десетици масонски форуми - на кои се изразуваат најразлични мислења, многу често во конфликт со одлуки на одредена Голема Ложа или Голем Мајстор. Дијалогот и дебатата се добредојдени во масонеријата, се додека може да се спроведат во хармонија.
Работите постојано смрдат.
Само кога мириса некој што не разбира.
И пак ќе кажам ги почитувам и подржувам масоните, но твои одредени ставови не ги подржувам, особено околу некое непочитување на правила и непочитување на нерегуларната масонерија.
Нема потреба да поддржуваш мои ставови - секој има право на свое мислење.
--- надополнето: 6 април 2012 во 02:24 ---
Ауууууу колку работи погрешни зборуваш градежен мајсторе.Другиот масон вика дека е 32 левел а ти викаш дека си 3 левел.
Другиот масон наброја на кои се придружни редови е член (32ри во Шкотскиот, Витез Темплар во Јорк Редот и член на Шрајн). Сепак, другиот масон е само трет степен, како и сите други масони, без разлика на кој ред припаѓаат.
Значи како што го поставив прашањето што ќе одбереш после 3 левел тоа и стануваш,Изгледа ти тоа што си го одговорил на тоа и си останал.
Нема такво прашање во третиот, ниту после третиот степен. Апсолутно секој член (ама апсолутно секој!), може доколку има желба да стане член на Шкотскиот ред (и да дојде до 32ри степен), на Јорк редот (и да стане Темплар), на Шрајн, на Allied Masonic Degrees (не знам точен превод - придружни степени не е баш точното објаснување), на Розенкројцерите, и на уште десетина други редови. Тоа може да го направи веднаш по станување мајстор (трет степен) или по десет, дваесет, триесет години. Никој не одлучува во негово име, ниту ограничува на колку редови може да се биде член, и секој има право и можност да го направи тоа.
Другарче секогаш се напреднува исто и во животот,значи имаме некој од работник обичен станал шеф со реноме а некој работник си е сеуште работник така да и кај вас функционираат исто работите.Размислете пред да тресете зелени.Денес едно утре друго???Па нема на форумов и на темава што се прати тука само зимзелени идиоти ама вие со целовреме дрн дрн јариња не правите зелено.На крај знаеш како сакате да излезе-Остави ги нека си дрнкаат овие и не се замарај повеќе со масонеријава.
Ако сакав да си "дрнкаат овие" и да не се замарам повеќе - немаше да пишувам. Тоа што го пишувам тука е од официјален аспект. Секогаш се обидувам да пишувам од аспект на официјален став на масонеријата, а кога искажувам лично мислење, обично го потенцирам тоа доволно јасно.
Епа комшија сте се заебале јас се борам за доброто и за вистината а не за мачкање очи.Цело време само нешто да се мачка.Нели вие сте зидари????Ама како што гледам вие сте биле молеро-фарбари со боја изгледа.
Бори се за доброто и вистината, тоа е за пофалба. Нема што да те замара што другите прават.
На секое прашање се одговара само со тоа што треба да се одговори.Не се доби конкретен одговор на нешто што е стварно.Се на некои прашања се дава добро конкретен одговор ама секогаш фали тоа финитетот последен.Само се одговара на нешто што ви одговара а на тоа што не го бива го занемарувате.Е де објасни ми како јас да мислам?
А каков одговор сакаш да добиеш? Можам да ти одговорам со тоа што ти очекуваш да ти одговорам, но тоа ќе биде лага - а не сум тука да се занимавам со такви работи. Ако не го прифаќаш мојот одговор за вистинит, тоа е твое право, но јас не можам да го сменам само затоа што тебе не ти се допаѓа. Или е нешто вистинито или не е - а дали се согласуваме што е вистината е друга работа.
Интересно е што човек кој никогаш не стапнал во ложа, ниту пак имал личен контакт со масони тврди дека знае повеќе, само затоа што прочитал два три сајта на нет и некое книџе на темата, од некој кој со години се занимава со оваа проблематика и е старешина на ложа.
Едниот не се сеќава што одбрал а пак другиов ме убедува демек не е така.Пред да одговарате на некои одговори прочитајте што кажал другиот третиот и.т.н
Верувам дека Somoteitbe направи некаква грешка, такво прашање не постои во ниедна масонска јурисдикција, дури ни во неговата.