Масони

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ipsissimus - ниеден сериозен историчар одамна веќе не тврди дека Колумбо ја открил Америка. За тоа има доволно цврсти (и записи и материјални) докази веќе добри 30-тина години и сериозната наука го потврдува тоа.
Што се однесува до името - да, доста интересна теза е тоа со Мерика... но е само тоа - теза. Освен обична логична претпоставка, нема ниеден единствен доказ за точноста на тоа тврдење. Дури и да е точна (иако и јас лично сметам дека е доста веројатна), не значи апсолутно ништо за масонеријата и по никаков начин не докажува, ниту пак го поврзува потекло на масонеријата со Египет.
Благодарам на одговорите!
Поздрав. :smir:
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Zidarski, дали навистина масонеријата помеѓу вас браќата ја нарекувате уште и "Кралска уметност" и зошто ?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130

Не е тоа само меѓу нас - општо прифатен термин за масонеријата е "Кралска Уметност", исто така се користи терминот "Наука". И двете - наука и уметност, се користат, затоа што се битни за масонеријата - а терминот "кралска" потекнува уште од легендата за Соломон и градењето на Храмот.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034

Ајде.... ти си Масон а?Ама ваљда џабе ќе те прашувам пошто не смееш да кажуваш нели све.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ајде.... ти си Масон а?Ама ваљда џабе ќе те прашувам пошто не смееш да кажуваш нели све.
Читај наназад и ќе видиш што смее да кажува а што не, нека не се повторува човекот :)
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Читај наназад и ќе видиш што смее да кажува а што не, нека не се повторува човекот :)
Читав ама немора да си масон за да даваш ограничени одговори.Портпаролот на МВР може да ти одговара вака на прашањата - цел саат ќе ти збори и ништо нема да ти каже.

Напишано од Ipsissimus
Дали е точна мојава претпоставка?
Звуците кој му се соопштуваат на кандидатот при посветувањето во третиот степен - "Ma-at-neb-men-aa, Ma-at-ba-aa" Се староегипетски и во суштина значат "Голем е озаконетиот мајстор на масонството, голем е духот на масонството"
И уште ова да прашам! Дали големиот мајстор Хирам Абив е назив кој значи "Загубениот крал" - Hiram (на Иврит означува благороден - кралски) и Абиф (на старофранцуски - загубениот). И дали овој назив се однесува на Последниот египетски крал од Старото кралство - Секененре Тао, кој одкако бил убиен со него исчезнале и тајните со кој кралевите добивале божествен авторитет на владеење, Станувале "Hor" Одкако Предходниот крал се претворал во "Oziris"?

И двете се погрешни. Првата - зборовите се погрешни (иако доста често сретнувани кај некои автори, но не се тоа зборовите во ритуалот), но се разбира, нема да ги коментирам вистинските зборови, затоа што се наша лична работа. Преводот на вистинските зборови е исто така сосема различен од преводот кој го посочуваш.
Хирам Абиф - исто така има сосема друго значење - а конкретниот превод кој го даваш е последица на пишувањата на Најт и Ломас и сличните ним, но е исто толку погрешен. Симболиката на Хирам е далеку поедноставна од тоа, но далеку позначајна.
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Zidarski
Тоталитарен режим
целосен, што опфаќа се, сеопфатен, севкупен;

што ги прифатил методите на отворената терористичка диктатура, на фашизмот.

Догма
во античкото време: одлука, наредба на власта;

темелна точка во верското учење;

мислење што се усвојува како сигурно, без критичко проверување и без оглед на конкретните можности за негова примена;

мислење или тврдење изнесено решително, но без докази;

воопшто: неповредлив, некритичен, апсолутизиран став, учење, суд.

-Oвде на балканот многу комунистички лидери биле масони, како и пошироко на пример и во Куба се шпекулираше дека Фидел е масон но на крај испадна дека тој не бил, но неговиот брат е голем мајстор на Куба.
Тито, член на ложата Либертас во Загреб, чиј голем мајстор бил тогашниот полковник Славко Кватерник, подоцна маршал Кватерник, за време на т.н. Независна Држава Хрватска на Анте Павелиќ - Формирана од усташите, значи усташка држава.
Значи во тоа комунистичко водство на поранешна Југославија постои присуство на масоните во самиот врв.
Србија во времето на Џинџич, беше демократска држава. Но во 2003 година кога е извршен атентатот врз него, уапсен е големиот мајстор на српската ложа сликарот Тапи, кој во неразјаснети околности загинува во затворот во Белград.

Кога масонеријата се спротиставува на догматскиот и тоталитарниот режим како може да си дозволи такви нејзини членови да раководат со високи финкции, со врвот на едно општество? И воопшто како можи тие истите да се масони ?

Се надевам сега дека го гледаш прашањето...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34

Samo zaradi tvoja informacija vo svetot sto znaci i kaj nas i okolu nas osven regularnite lozi ima i instant takanareceni lozi i luge koi si zamisluvaat deka se masoni.Tuka treba da go baras odgovorot na tvoeto prasanje.Toa e kako da se soberat 20-30 dushi i da si formiraat zdruzenie na gragjani koe ke go narecat masonska loza a sebe si masoni.
 
Таа информација тука на темава ја имам сретнато повеќе од сто пати. Јас споменав конкретни личности и ако имаш нешто да кажиш или да негираш нешто во врска за нив во ред ...
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Кога масонеријата се спротиставува на догматскиот и тоталитарниот режим како може да си дозволи такви нејзини членови да раководат со високи финкции, со врвот на едно општество? И воопшто како можи тие истите да се масони ?
Масонеријата не си дозволува нејзини членови да бидат во врвот на едно тоталитарно општество - и до сега нема пример на некој кој е активен масон, да биде диктатор.
Во Куба - Раул Кастро беше масон, но по револуцијата напушта (никогаш не бил Голем Мајстор на Куба!). Сепак, на негово инсистирање, Фидел дозволува ложите да продолжат со работа, и не ги забранува - и е единствениот пример на комунистичка земја каде масонеријата легално постои.
Истото се случува и со Тито и со многу други комунистички лидери во Југославија- ниту еден од нив не е активен масон, ниту пак член на регуларна ложа по нивното доаѓање на власт. Само за пример - масонеријата во Југославија е дури забранета од страна на истите тие поранешни масони. Тоа што Зоран Ненезиќ пишува разно разни трилер-фељтони, без да има грам докази за своите пишувања, е сосема друга работа - човекот треба да ги продава своите приказни, па не бира средства, но тоа е и една од причините заради кои не е повеќе масон.
Прашањето - дали масонеријата дозволува тие да дојдат на власт? Масонеријата нема никаква врска со тоа - ама веќе станува досадно да го повторувам истото на сто и триесет страници... луѓе секакви, не значи дека некој што бил добар и примерен човек, нема да се промени и да стане тиранин во еден момент. Власта речиси секому му удира во глава и е најголемиот непријател на човечноста... во секое едно општество.
 
Значи
Сакаш да кажеш дека Фидел и Раул Кастро не се масони ?
Дека Ј Б Тито не бил масон или дека не бил член на регуларна призната ложа, и дека Либертас е нелегуларна ложа ?
Дека Ненезич( голем мајстор ) е избркан од масонеријата поради тоа што " продава " трилер-фељтони, без грам докази ?
А можеби заборавивте на Тапи ? или и тој е вмешан во тие трилери ?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Значи
Сакаш да кажеш дека Фидел и Раул Кастро не се масони ?
Фидел никогаш не бил масон, никој никогаш не тврдел такво нешто. Раул бил масон - но никогаш не бил Голем Мајстор. По револуцијата, нема евиденција дека го продолжил своето членство (иако продолжил да има позитивен поглед на масонеријата - заради што Фидел никогаш не ја забранува).
Дека Ј Б Тито не бил масон или дека не бил член на регуларна призната ложа, и дека Либертас е нелегуларна ложа ?
Никогаш ова не го реков. Тито бил масон во пред-воена Југославија, но во по-воена Југославија не може да бил масон - затоа што не постои Голема Ложа (приспиена е во 1940-та година, и не е реставрирана се до 90-тите). Ако нема Голема Ложа - не може да има масонерија.
Дека Ненезич( голем мајстор ) е избркан од масонеријата поради тоа што " продава " трилер-фељтони, без грам докази ?
Ненезиќ е избркан од масонеријата не заради фељтоните, а заради многу посериозни проблеми, уште во 90-тите, а актуелните фељтони се негова освета кон Регуларната Голема Ложа на Србија - одејќи дури до таму, што во последната своја книга (пред неполна месец) ги објави имињата на речиси сите нејзини членови - нешто што ниеден воспитан човек (а камо ли масон) не би го направил.
А можеби заборавивте на Тапи ? или и тој е вмешан во тие трилери ?
Тапи не беше регуларен масон, туку беше Голем Мајстор на една од нерегуларните ложи во Србија. Ова е барем лесно да се провери. Не знам каква врска има неговиот случај со другите спомнати погоре.

И воопшто - што точно е прашањето во врска со сево ова? Дали во масонеријата се случува да влезат погрешни луѓе кои при доаѓање на власт стануваат тирани и диктатори? Да - има такви случаи - но ниеден од нив не останал член на ложата. Дали ложата има некакво учество во нивниот политички живот? Не - едноставно не се занимаваме со таква работа, ниту пак некогаш сме се занимавале со такво нешто (освен во споменатите трилер приказни на З.Н.).
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Не - едноставно не се занимаваме со таква работа, ниту пак некогаш сме се занимавале со такво нешто (освен во споменатите трилер приказни на З.Н.).
Еве еден нов почеток - едно прашање од мене: Со што се занимавате? Масонеријата како Кралска Уметност би требало да ги изучува со нешто нејзините членови......за што истите би биле Масони........Што е тоа што може човекот да го направи од добар, подобар, најдобар.........Едноставно ако е Уметност би требало нешто да се изучува, нели , секоја уметност си има своја филозофија.............Ако е можно малку од малку да се разглобува на форумов?..........сватете ме колку што можете повеќе во позитивна смисла............Поздрав
 
За почеток, погледни овде: http://forum.kajgana.com/showthread.php?834-Масони&p=2941978&viewfull=1#post2941978

Утре ако имам повеќе време, ќе пишам подетален одговор, ако не деновиве...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom