Масони

Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
сакаш да ми кажеш дека се работи за хуманитарна организација...or something
Хуманитарноста е само еден аспект од работите кои ги практицираат масоните,во УСА се регистрирани како хуманитарни организации и на крајот на секоја фискална година не смеат да имаат повеке од 2500$ на својата сметка и затоа редовно донираат средства во своето окружување(местата во кои живеат масоните).Да се биде масон во УСА е респектибилна работа и претставува чест и обврска за масонот да внимава на своите чекори бидејки е будно следен од заедницата во која живее.Значи да парафразирам масонеријата е здружение,братство на луѓе со слични(да не речам исти) погледи на животот.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Сомотеитбе не знам на кој левел си ти???Дали се имаш до сега декларирано на кој левел си??
Ајде кажи да знаеме кој левел си ти?Мислам дека си на доста поголем левел од Зидарски а и сакам да знам и он на кој левел е.Можеби имате кажано ама јас немам прочитано на кој левел сте.И ако може да кажете вие како веќе декларирани масони до кој левел може да се надоградуваш а и кои се бенифициите на поголемиот левел.
 
Го имам веке кажано оваа но сепак еве уште едно потсетување-основата на масонеријата е третиот степен понатаму секој индивидуално решава дали и во која насока ке се надоградува.Условот да одиш понатака е да си докажан посветен брат во својата ложа и да имаш желба .Имаш Шкотски и Јорк ред.Јас го избрав Јорк-от и чекорев по тој пат.Се разбира дека на тој пат се стекнуваш со нови знаења.И да не должам за сега сум 32 КТ и Шрајн но верувај ми тоа ниту ме прави поголем масон од масонот од третиот степен ниту поважен оти во основата во сината ложа може да биде изберен масон од 3ти степен за старешина за сметка дури и на некој кој е 33ка.Знам дека ке ти звучи чудно но тоа е така оти основата на масонеријата е еднаквоста на индивидуите.Ке речеш оти тогаш би одел понатака па одговорот е прост и гласи отприлика вака -масонот кој не е соодветно ниво(левел) не може да присуствува во соодветните ложи.Значи не можеш ако си трет левел да присаствуваш во црвената,пурпурната,црната ложа(боите се чисто симболички и говорам за УСА класификацијата).И за крај секогаш кога ке се претставува масонот во јавноста ке каже јас сум мајстор масон(значи 3 степен )иако истиот може да е и 33ти.Земи ги повисоките степени чисто како надоградба на базата(како кај софтверот )
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
114
Поени од реакции
34
ИНТЕРВЈУ СО ГОЛЕМИОТ МАЈСТОР НА ГОЛЕМАТА ЛОЖА НА МАКЕДОНИЈА
Живко Груевски: Масоните не се безгрешни
Живко Груевски е единствениот македонски масон што одлучи да го сподели со јавноста она што сите мислат дека е тајно и мистериозно - членството во масонска организација. Масон е скоро 17 години, од кои голем дел и Голем мајстор на Големата ложа на Македонија. Повод за интервјуто со Груевски беше неговата книга "Масонски мозаик", во која тој се обидува да го разоткрие и објасни масонството и да ги разбие стереотипите дека тоа е една тајна и мистериозна организација која владее со светот.
Вели дека секој масон, по своја волја, може јавно да се произнесе дека е член на ваква организација, но не смее да зборува за неговите браќа од масонскиот ред. Масонското движење не сака да го нарекува тајно туку движење кое има свои тајни.
Тој е основач на поранешната авиокомпанија МАТ, како и на компанијата ЈУКАН, а сега предава на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.
- Кој ви беше основниот мотив да ја напишете книгата "Масонски мозаик"? И зошто "Лични погледи"?
Целта на вака конципираната книга е да понуди лично видување фокусирано на големата слика или во една сублимирана форма да претстави што е можно пореална, генерална претстава за комплексниот мозаик на масонството - овој мистичен, безвременски феномен на хуманата цивилизација. Во таа смисла, искрено се надевам дека таа ќе придонесе за (барем делумно) разбивање на вкоравените предрасуди и первертираното толкување на суштината на овој древен масонски ред.
Масонеријата е организирана форма на слободномислечки индивидуи, и токму затоа поднасловот потенцира дека изнесувам лични погледи, а не некакви официјални ставови на организацијата. Со тоа безрезервно го нагласувам високиот респект кон неприкосновената индивидуална слобода и можна различност во ставовите на другите браќа масони.
Целото интервју е објавено во печатеното и во електронското издание на Вест.
Текст: Дарко Дуридански
Фото: Борис Грданоски
Сподели
Не го лајкувам, најмалку сакам него да го гледам во јавноста со чудни изјави, незнам каде прочитав дека носел незнам какви часовници,одела и сл. Каква врска има тоа со масонеријата? Демек ете го он е успешен? Живко Груевски е далеку од успешен бизнисмен, МАТ пропадна(патем има уште еден куп нерешени судски спорови) и тоа не е успех, Јукан се затвори и тоа не е успех, нема ништо создадено и развиено во успешна организација, се е украдено и присвоено на нелегален начин, а тоа неможе да води кон добра и соодветна личност за зачленување во масонеријата, а да биде поинтересно овој смрдлив лик објавува книги за масонеријата во кои ќе прочиташ НИШТО(исто како што беше со првото книгиче), незнам кој го зачлени и кој го процени дека е соодветен да стане масон, а да не зборуваме за податокот дека предава на факултет, свашта!
Само во Македонија е успех да ја заебеш и покрадеш сопствената држава и тоа на големо да се слави.
Овој Груевски е исто што и еден Трифун Костовски, Минчо Јорданов... се се тоа успешни транзициски лопови бизнисмени. Нема еден податок за создавање на компанија или било што друго што они го потикнале во минатото и низ годините тоа да стане успешно(со парите што ги украдоа денес и те како создаваат фирми), да се разбереме, перење пари,криминал невиден, лопови, тоа се најчестите зборови со кои се поврзуваат овие ликови, како тогаш го поминаа филтерот на масонеријата, да бидат добри,чесни и угледни личности во општеството!
--- надополнето: 2 април 2012 во 01:55 ---
Хуманитарноста е само еден аспект од работите кои ги практицираат масоните,во УСА се регистрирани како хуманитарни организации и на крајот на секоја фискална година не смеат да имаат повеке од 2500$ на својата сметка и затоа редовно донираат средства во своето окружување(местата во кои живеат масоните).Да се биде масон во УСА е респектибилна работа и претставува чест и обврска за масонот да внимава на своите чекори бидејки е будно следен од заедницата во која живее.Значи да парафразирам масонеријата е здружение,братство на луѓе со слични(да не речам исти) погледи на животот.
Донирате само затоа што законот така ви налага? Да речеме со измените на законот во Македонија ваквите здруженија што ќе создадат профит ќе си платата давачки и данок соодветно како фирма, значи глупаво би било само затоа што законот така налага и вие мора да донирате, тоа не е хуманитарно и не би требало како такви да се декларирате:)
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.524
Поени од реакции
22.172
Би ме интересирало како стојат Масоните со религиите.
Знам дека до пред неколку години на пример Католичката црква не дозволуваже да се биде и Католик и Масон. Иако сега повеќе не постој таква забрана сепак има Католички кругови и здруженија/братства итн. кој имаат доста лошо мислејне за масониериата.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Донирате само затоа што законот така ви налага? Да речеме со измените на законот во Македонија ваквите здруженија што ќе создадат профит ќе си платата давачки и данок соодветно како фирма, значи глупаво би било само затоа што законот така налага и вие мора да донирате, тоа не е хуманитарно и не би требало како такви да се декларирате:)
Никаде не реков дека тоа го правиме затоа што мораме или затоа што законот така ни наложува,реков дека масонските ложи се регистрирани како хуманитарни здруженија а според УСА законот ниедно хуманитарно здружение на крајот на фискалната година на својата сметка не смее да има повеќе од 2500 долари.Никој никому не брани да се регистрира како компанија и да си прави профит доколку сака но изборот на масоните е дека делуваат хуманитарно и затоа се регистрираат како такви.Не сакам да ги коментирам моите македонски браќа од проста причина што јас припаѓам на друга јурисдикција и не сум соодветен за да коментирам што и како се случува овде(од стручен аспект реално и вистинито).Кај нас во МК многу работи се поставени наопаку пример многумина од довчерашните членови на сојузот на комунистите (кои не веруваат во господ) денес се најголеми верници(барем пред камерите).Многу од луѓето тежнејат да бидат дел од некакви си елити и себично да ја чуваат таа привилегија само за себе оти КУЛ е да си елита нели?-а во УСА портирот во една холдинг компанија може да е голем мајстор за сметка на сопственикот или директорот на истата таа компанија кои се членови во истата ложа.Дали ова е возможно кај нас незнам-а дали би сакал да е така се разбира ДА оти тоа се изворните принципи на масонеријата СЛОБОДА НА ИНДИВИДУАТА И ЕДНАКВОСТА МЕЃУ СИТЕ.Погледнете кај нас дури и кај главните политички партии постојат разлики едните уште фураат елитизам(и по тато -синот) а другите дозволуваат кариери на анонимуси кои според нив имаат потенцијал.Тоа е МК сакале ние да го признаеме или не ,но дека се менуваат работите се менуваат факт е и затоа сите прогресивни сили без пардон треба и мора да дадат свој допринос за државата ни наша а не да чекаме од некој надвор тоа да го стори.
Позз и среќен велигден за сите оние кои го слават!!!
--- надополнето: 2 април 2012 во 10:29 ---
Би ме интересирало како стојат Масоните со религиите.
Знам дека до пред неколку години на пример Католичката црква не дозволуваже да се биде и Католик и Масон. Иако сега повеќе не постој таква забрана сепак има Католички кругови и здруженија/братства итн. кој имаат доста лошо мислејне за масониериата.
Имало и сеуште има високи католички свештеници кои се членови на масонеријата исто како и православни свештеници.Дури се шпекулира дека и некои од папите биле членови.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Фала за одговорот.
Прашање- Како се полага за повисок левел?Какви ви се погледите за политика,филозофија,религија??Што треба да направиш за нареден левел,на кој начин контактирате ложа Мала ложа Голема и останати ложи.Кој има право да прави собири помеѓу вас??
 
За повисок степен треба желба и напорна работа,за политиката е оставено на секоја индивидуа самостојно да одлучува дали ке ја упразнува,каде ,како и сл во ложите не се занимаваме со политика(веке е кажано на форумов барем 100тина пати),сите членови мора да веруваат во Господ Бог значи да се верници а на која религија конкретно ке и припаѓаат е исто индивидуална работа.Комуникацијата помеѓу ложите е административна внатрешна работа и за тоа нема да коментирам што и како.Собирите ги правиме самите ние со наша заедничка одлука иако може истите да се и традиционални.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
ОК. Знам дека после 3от степен ви го поставуваат прашањето за тоа кој сектор на масонеријата треба повеќе да се проучува, политиката, религијата или филозофијата. Ти на кое одговори?
 
Одамна беше сум заборавил...(n)
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Фала за одговорот.
Прашање- Како се полага за повисок левел?
Има испит, прашања кои треба да се одговорат пред целата ложа, како и дел од ритуалот да се научи напамет - за што треба доста работа. Исто така се бара редовно присуство на состаноците на ложата.
Реално, нема никаква пречка било кој од членовите да напредува до највисок степен - тоа не е нешто што е достапно само за одбрани.
Какви ви се погледите за политика,филозофија,религија??
Секому различни. Во мојата ложа има членови на различни политички партии (и тоа активисти на соодветните партии), има симпатизери на најразлични партии, има луѓе со најразлични религии и филозофски погледи. Политика и религија не се дискутираат во ложата.
Што треба да направиш за нареден левел,
Објаснив погоре.
на кој начин контактирате ложа Мала ложа Голема и останати ложи.
Нема "Мала ложа" :icon_lol:.
Големата Ложа е административното тело кое ја води масонеријата во една земја. Комуникацијата е многу едноставна - е-маил, телефон, писмо. Еднаш годишно има собир на Големата Ложа, на кој присуствуваат претставници на сите поединечни ложи, на кој собир се носат главните одлуки околу работењето, се гласа за признавања итн. Секоја ложа има по неколку претставници и секој од нив има еднакво право на глас.
Кој има право да прави собири помеѓу вас??
Ако имаш во предвид состанок на ложата - само ложата има право да организира собир - не може тоа да се прави од страна на поединечни членови. Ако мислиш на генерални собиранки - секој може да организира - многу често се собираме на вечери и дружење.
--- надополнето: 3 април 2012 во 19:41 ---
ОК. Знам дека после 3от степен ви го поставуваат прашањето за тоа кој сектор на масонеријата треба повеќе да се проучува, политиката, религијата или филозофијата. Ти на кое одговори?
Нема такво прашање. Политиката и религијата не се "сектори" на масонеријата.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Одамна беше сум заборавил...(n)
Не се сеќаваш или имаш дадено збор ветено дека не смееш да кажеш.
Зидарски мајсторе а ти кој левел си??Можеби си кажал ама јас сум го скокнал тоа предавање?
Ако си ти над 3 левел на што се одлучи ти ?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Зидарски мајсторе а ти кој левел си??Можеби си кажал ама јас сум го скокнал тоа предавање?
Ако си ти над 3 левел на што се одлучи ти ?
Масонеријата има само 3 степени! Секој муабет за тоа дека има повеќе степени е или лаичко објаснување или непознавање.
Се што се смета за "повисок" степен во масонеријата, е всушност задлабочување во симболиката на третиот степен. Некој што има 33-ти степен (по Шкотскиот Ред) или 13 степен (Темплар во Јорк Редот) е на апсолутно исто ниво со некој што е трет степен, затоа што масонеријата има само 3 степени.
Така што - јас сум 3 степен (така се вика, а не левел). Во моментов сум Старешина (Worshipful Master) на мојата ложа (со мандат од една година). Сите останати придружни редови и афилијации, во контекст на темава се апсолутно небитни.
 
Зидарски пак мора да расправаме отколу твоите сеанси на оваа тема, Господинот Ж.Груевски јавно во книга и во весник изјавува(напишал) дека му се јавиле по телефон и го поканиле да стане член, што комплетно се коси со твоите мизерни ставови и проповедања дека на тој начин функционираат само нерегуларните масони(т.е. лажните масони), шириш невидени лажги и ставови кои само на тебе ти се праведни.По твоите ставови големиот мајстор на Македонија е поканет на неправилен начин,начин кој не е дозволен во масонеријата...(како ти што напиша, секој треба сам да се заинтересира и да праша некој масон брат дали може да му помогне околу зачленувањето или да се обрати директно во ложата,како така овој ваш брат некој го поканил по телефон без он претходно да пројави желба,како?)
И онака човеков е ѓубре(Ж.Груевски), но барем јавно ги искажува сите неправилности кои постојат и кои вие не си ги почитувате, а на големо трубите како сите останати ложи што вие не ги признавате дека функционираат на истиот овој начин и затоа не треба да им се верува.
По се изгледа сосема е легитимно се што работат нерегуларните и непризнатите ложи во целиот свет, затоа што тоа го научиле од вас регуларни лажговци.

П.С. Со степените текстот ти е без врска, има повеќе степени од третиот и сосема е неважно дали 33 степен е помоќен од 3 степен, важно постојат повеќе од три степени. И логично е некој со 33 степен да делува помоќно од некој со 3 степен, затоа што далеку повеќе и се посветил на проблематиката и ја усовршил и има многу поголеми познавања, а со самото тоа го прави подобар и помоќен масон од некој со 3 степен.
Исто што и со факултетот. Сите се економисти, но тие со магистратури и докторати се далеку по стручни во самата област... исто е и со вас:) И секако дека како 33 степен масон имаш одредени предности, ништо не се добива за џабе!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom