Масони

Член од
16 ноември 2011
Мислења
117
Поени од реакции
35
А како инаку би го поврзал со масоните твоето добротворно делување? На кој начин добротворноста на еден немасон има врска со масоните?!


Интересно... каде точно го посведочи тоа? Во која ложа си присуствувал на таква ситуација?

Навистина не можам да ја разберам потребата на членовите на форумот да се претставуваат за тоа што не се.
Помагам затоа што сакам,а ти како сакаш поврзи го тоа.Ти стана масон само за да помагаш?
Начинот на кој комуницираш со мене не е соодветен, верувам си свесен за тоа.
Како можеш да знаеш дали сум или не сум? Темава не е дали Тубал е масон или не.
Јас не се сомневам дали си или не си, гледам дека имаш големи познавања и прашувам.

П.С. Многу итересен момент, читатели на форумов се уште се убедени, а верувам ќе бидат и во иднина дека во масонеријата има триста ѓаволи, а ти пак се сомневаш дека може да се случат такви работи кај масоните(што ги наведов во погорните текстови), дури и бараш да посведочам „тука„ како би се уверил...
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Многу сакам софизми, ама не помагаат многу многу во дискусијава.

Помагам затоа што сакам,а ти како сакаш поврзи го тоа.Ти стана масон само за да помагаш?
Не. Прашањето е како твоето помагање можеш да го врзеш со масонеријата (што произлезе од коментарот дека "Кога можам помагам и тоа не го поврзувам со масоните") - со оглед на тоа дека не си масон?

Начинот на кој комуницираш со мене не е соодветен, верувам си свесен за тоа.
Начинот на кој комуницирам е многу соодветен. Не употребувам никакви навреди, ниту пак употребувам вулгарен јазик, ниту пак се исмевам на нешто што си рекол. Напротив. Но - отворено те напаѓам за твоите обиди да се прикажеш како масон, затоа што не си, а тоа ме води да мислам дека имаш лоши намери или се обидуваш да подведеш некого да мисли дека си масон, за да извлечеш лична корист. Ако грешам - длабоко се извинувам, но за да потврдиш дека грешам, мораш да објасниш зошто се прикажуваш како масон.
Како можеш да знаеш дали сум или не сум?
Ако беше масон, ќе знаеше како можам да знам. Како што знаев дека Somoteitbe е масон, и како што тој знаеше дека јас сум. Многу лесно се проверува тоа и уште полесно се потврдува. Ти дадов многу шанси да ми докажеш дека си член на братството и ако беше, ќе го направеше тоа на пропишаниот начин.
Темава не е дали Тубал е масон или не.
Не е. Но е неопходна забелешка кога Тубал се обидува да се прикаже како масон, а не е.
Јас не се сомневам дали си или не си, гледам дека имаш големи познавања и прашувам.
Еден масон препознава друг не врз основа на познавањата кои ги има, а врз основа на утврдени методи за распознавање, кои постојат во цел свет.
П.С. Многу итересен момент, читатели на форумов се уште се убедени, а верувам ќе бидат и во иднина дека во масонеријата има триста ѓаволи, а ти пак се сомневаш дека може да се случат такви работи кај масоните(што ги наведов во погорните текстови), дури и бараш да посведочам „тука„ како би се уверил...
О да, инсистирам дури да посведочиш во која точно ложа си бил "сведок дека лугето и во масоните нудат пари за да напредуваат, затоа што ги мрзи да ја совладаат проблематиката и сите тие состаноци,работилници и симболики и сл...". Затоа што знам дека не е возможно да си бил во ложа, бидејќи таму присуствуваат само членови... а ти не си.
Ако беше член, ќе знаеше малку повеќе за методите и начинот на напредување низ степените и ќе знаеше дека ова што го имаш напишано е апсурдно.

Како што реков - немам проблем со тебе како личност. Имам проблем со твоето лажно претставување, затоа што ме води да мислам дека имаш лоши намери и сакаш да подведеш некого да мисли дека е масон, за да извлечеш лична корист од тоа по некаков начин (дали е тоа материјална корист или е тоа растење на егото, не знам, но е некаква корист). Многу е лесно да кажеш на која ложа си член (без да си го кажуваш името, како што јас тоа го имам веќе пишано) и сето тоа лесно да се провери.
Патем, не си прв кој што лажно се претставувал тука на форумов.
 

zok

Член од
27 октомври 2008
Мислења
36
Поени од реакции
16
Тубал, во основа ми се допаѓаат добар дел од твоите постови и воопшто не е спорно да го искажуваш твоето мислење за најразлични прашања поврзани со темата, но сепак кога ќе напишеш дека си сведок на нешто, тоа подразбира дека си бил присутен .
Твое интимно право е да се декларираш дали си масон или не, исто така твое интимно право е и воопшто да не се декларираш без разлика дали си или не си, но сепак недореченоста остава простор за заблуди.
Надвор од ова, не гледам зошто некој би нудел пари за да напредува побрзо низ трите степени на плавата ложа затоа што секако би требало да помине низ ритуалите?
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
@Trubal, како прво многу лесно пресуди за мојата информираност околу масонијата која секако не е базирана на неколку книги и видеа, но тоа на самобендисани персони без сопствено мнение немам намера да го објаснувам бидејќи се гледа нивото на интелектуална зрелост и способноста да разменуваат мислења. Сепак тоа оди во прилог на оние кои што сакаат да видат како изгледа смиреноста и просветленоста на еден масон. Знали тоа што не го познаваш тоа “фино масонче” не ти дава за право да му го дадеш и епитетот ФИН. И што ме заболе мене уво дали е грк или не, кога сите такви на крај излегуваат дека биле со еврејско потекло. IИ што, ве построја? Да не ви ја прати Mi6 да ве заштитува од интелектуалното вандалство со кое неможете да се справите? Ако ако, грб секогаш ви треба некој да ви го чува, поготово кога не ви се шисти рацете.
Што се однесува до вечното извитоперување на вистината од страна на масоните (секако кон нивна полза) во врска со именувањето на познати личности и дејци од историјата како масонски членови е една од клучните замки на масончеросите. Сите знаеме дека мртвите неможат да го докажат спротивното па ајде сите биле масони. Докази имате дека револуционерите наши биле масони? Па нормално дека немате ама ајдеее, сте начекале село без кучиња за да грабате што ви се може. Ама ќе ви дојде крајот, лажговци едни безобразни. Безобразие во сето велелепие сте вие масоните, ви нема равен во таа подлост. Сите рака ви даваат, дури и евреоционистите пошто они се борат за сопствени цели, а вие за нивните мајката и родената вера си ја продавате. Што се однесува за македонските тајфи кои граделе цркви, морам да признаам, првпат слушам за таква глупост и за малку да паднев од столчето. Значи стварно сте доказ дека на човечката глупост и нема крај. Па и врапчињата знаат дека нашите тајфи оделе во епир и дека галичката, заедно со крушевската градба е наследство од епирските власим кои се врвни мајстори за градење со камен и ден денешен. Не ќе да е белќим дека секој што знае да гради е масон? Па вие и самите велите дека градителството на масоните одамна е стар напуштен занает и дека сега се бавите исклучиво” со духовната надградба! Каде се масонските знаци (кои нели се знак на распознавање на масоните) при изградбата на овие цркви и тајфите кои ги наброја? Или е уште една од безбројните шпекулации ваши масонски. Идете сокријте се негде, да не се резилите… не за друго… Вака ако продолжите ниту еден озбилен член нема да уловите, што е за поздравување.
--- надополнето: 31 јануари 2012 во 15:00 ---
@Korka младичу, добро си ги измешал работите, можеби твојот предлог да си гледаш ракомет и кошарка ти е најпаметниот. Немој да мешаш баби и жаби во врска со Бога, пошто, како што и самиот кажа, си доволно збунет и некомпететнтен да говориш на таа тема.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
34
Информација до сите на форумов-чисто за да им укажам на некои ДОБРИ познавачи на масонеријата во Македонија од кога датира,дали ја имало или не,за градбите коишто моите браќа ги оставиле тука во МК ке кажам само да ги посетите црквите во Битола (во една има што да се види),манастирите (посебно манастирот помеѓу Кичево и Битола) ПРЕКРАСЕН МАСОНСКИ ХРАМ од 18ти век и ред други вакви места и со свои очи ке видите дека ние со право можеме да се гордееме на нивните дела.До оние кои подзаборавиле што всушност значи во превод зборот масон нека се подсетат и уште еднаш по незнам кој пат правете разлика помеѓу масоните пред 1717 и после тоа кои и какви се професии биле.Горд сум како македонец-масон на моите браќа од Виничко,Вевчани коишто оставиле белег на своето време како извонредни мајстори уметници и се надевам дека и денешниве мои браќа на свој начин ке успејат зад себе да остават белег за успешна креативна позитивна работа во средините во кои живејат и творат,оти малите луѓе ги прават големите нешта.За браќата револуционери коишто биле масони има докази,документи,слики и сл оти после смртта на масонот право е на друг масон да каже или не дали бил масон умрениот.Тоа е протоколарно било и ке остане така.На секој состанок си има евиденција така да ако некој бил во ложата оставил траг,потпис,име и презиме така да паѓаат во вода сите инсинуации од личности како некои тука на форумот кои сами ке се препознаат во оваа.Знаењето е сила ,знаењето е моќ и водилка кон просветлувањето и само така се спознава светлината.Нека биде светлина!!!
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
117
Поени од реакции
35
Многу сакам софизми, ама не помагаат многу многу во дискусијава.


Не. Прашањето е како твоето помагање можеш да го врзеш со масонеријата (што произлезе од коментарот дека "Кога можам помагам и тоа не го поврзувам со масоните") - со оглед на тоа дека не си масон?


Начинот на кој комуницирам е многу соодветен. Не употребувам никакви навреди, ниту пак употребувам вулгарен јазик, ниту пак се исмевам на нешто што си рекол. Напротив. Но - отворено те напаѓам за твоите обиди да се прикажеш како масон, затоа што не си, а тоа ме води да мислам дека имаш лоши намери или се обидуваш да подведеш некого да мисли дека си масон, за да извлечеш лична корист. Ако грешам - длабоко се извинувам, но за да потврдиш дека грешам, мораш да објасниш зошто се прикажуваш како масон.

Ако беше масон, ќе знаеше како можам да знам. Како што знаев дека Somoteitbe е масон, и како што тој знаеше дека јас сум. Многу лесно се проверува тоа и уште полесно се потврдува. Ти дадов многу шанси да ми докажеш дека си член на братството и ако беше, ќе го направеше тоа на пропишаниот начин.

Не е. Но е неопходна забелешка кога Тубал се обидува да се прикаже како масон, а не е.

Еден масон препознава друг не врз основа на познавањата кои ги има, а врз основа на утврдени методи за распознавање, кои постојат во цел свет.

О да, инсистирам дури да посведочиш во која точно ложа си бил "сведок дека лугето и во масоните нудат пари за да напредуваат, затоа што ги мрзи да ја совладаат проблематиката и сите тие состаноци,работилници и симболики и сл...". Затоа што знам дека не е возможно да си бил во ложа, бидејќи таму присуствуваат само членови... а ти не си.
Ако беше член, ќе знаеше малку повеќе за методите и начинот на напредување низ степените и ќе знаеше дека ова што го имаш напишано е апсурдно.

Како што реков - немам проблем со тебе како личност. Имам проблем со твоето лажно претставување, затоа што ме води да мислам дека имаш лоши намери и сакаш да подведеш некого да мисли дека е масон, за да извлечеш лична корист од тоа по некаков начин (дали е тоа материјална корист или е тоа растење на егото, не знам, но е некаква корист). Многу е лесно да кажеш на која ложа си член (без да си го кажуваш името, како што јас тоа го имам веќе пишано) и сето тоа лесно да се провери.
Патем, не си прв кој што лажно се претставувал тука на форумов.
Никаде не тврдам дека сум масон, а уште помалку го тврдам спротивното.
За балканската масонерија немаш добри познавања,а премногу си уверен дека тука функционираат ложите исто како во Канада или Америка. Не е така.
Да сведочам тука немам намера. Чисто споделувам информации кои за мене се вистинити и мислам дека другите на форумот треба да ги осознаат.
Ако можеш преку форумов да подведеш некој да мисли дека си масон и притоа да заработиш...сигурно тебе зидарски тоа повеќе ќе ти успее одколку на мене!
Незнам кој и како се претставувал на форумов, јас никаде не сум се претставил како ваков или таков.
Низ степените се знае како се напредува и пак ќе повторам ова е балкан!

Зидарски што имаш да кажеш за скорешната невидена фрка во Франција и затворањето на ложата... криминал невиден, срам за масонеријата уште поголем!
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Информација до сите на форумов-чисто за да им укажам на некои ДОБРИ познавачи на масонеријата во Македонија од кога датира,дали ја имало или не,за градбите коишто моите браќа ги оставиле тука во МК ке кажам само да ги посетите црквите во Битола (во една има што да се види),манастирите (посебно манастирот помеѓу Кичево и Битола) ПРЕКРАСЕН МАСОНСКИ ХРАМ од 18ти век и ред други вакви места и со свои очи ке видите дека ние со право можеме да се гордееме на нивните дела.До оние кои подзаборавиле што всушност значи во превод зборот масон нека се подсетат и уште еднаш по незнам кој пат правете разлика помеѓу масоните пред 1717 и после тоа кои и какви се професии биле.Горд сум како македонец-масон на моите браќа од Виничко,Вевчани коишто оставиле белег на своето време како извонредни мајстори уметници и се надевам дека и денешниве мои браќа на свој начин ке успејат зад себе да остават белег за успешна креативна позитивна работа во средините во кои живејат и творат,оти малите луѓе ги прават големите нешта.За браќата револуционери коишто биле масони има докази,документи,слики и сл оти после смртта на масонот право е на друг масон да каже или не дали бил масон умрениот.Тоа е протоколарно било и ке остане така.На секој состанок си има евиденција така да ако некој бил во ложата оставил траг,потпис,име и презиме така да паѓаат во вода сите инсинуации од личности како некои тука на форумот кои сами ке се препознаат во оваа.Знаењето е сила ,знаењето е моќ и водилка кон просветлувањето и само така се спознава светлината.Нека биде светлина!!!
Мило ми е што моите постови пројавуваат интерес и некои дури се обидуваат да возвратат на нив, но секогаш без факти. Значи, ако имаш што да кажеш потврди го со факт, слика, документ. Ако имате докази во вашите анали слободно извадете ги оттаму и дајте ги во јавноста, или се плашевте па се криете? Или незнам тајните не ги кажувате а членовите ги кажувате... абе турли-тава. Без факти сте само зборови. Џабе ви е, кратки ви се лагите. Јас сум горд на моите браќа кои оставиле православни храмови уште од првиот век и се насекаде по целата земја и насекаде во балканот. Да не кажувам колку се побројни од оние "на твоите браќа". кои се без доказ масонски, само кај вас се шпекулира со инфформации, ама таква ви е религијата. Не сте вие криви.
Што се однесува до трубал и ајварски, нека си се расправаат на приватен а не на форумов. Резил сте за ионака изрезилената масонерија.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Никаде не тврдам дека сум масон, а уште помалку го тврдам спротивното.
Токму во тоа е проблемот! Останатите членови на форумот остануваат со впечаток дека си масон и твоите постови се гледаат од аспект на масонеријата. А не се... единствено се погледи на човек кој има некаква доста непристојна агенда.
За балканската масонерија немаш добри познавања,а премногу си уверен дека тука функционираат ложите исто како во Канада или Америка. Не е така.
Имам многу солидни познавања за ложите на Балканот. Имам редовни контакти и масонска комуникација со браќа во Србија, Македонија, Бугарија, Турција... За разлика од тебе.
Да сведочам тука немам намера. Чисто споделувам информации кои за мене се вистинити и мислам дека другите на форумот треба да ги осознаат.
Кога велиш "сведок сум" на нешто - тогаш не е веќе вистинито само за тебе, и претендираш дека си бил присутен во ложа кога тоа се случило. А не си. Тоа веќе има друг назив.
Ако можеш преку форумов да подведеш некој да мисли дека си масон и притоа да заработиш...сигурно тебе зидарски тоа повеќе ќе ти успее одколку на мене!
О, видовме веќе такви примери.
Јас за разлика од сите такви претенденти, отворено зајавувам дека не сум тука за некому да му помогнам да се зачлени, или по било кој начин да искористи нешто од масонеријата. Можат да потврдат повеќето учесници во форумов кои веќе ми имаат пишано лични пораки по една или друга причина.
А ова посокоро ми мириса на Чеда Вукиќ филм - дај ми ти илјада евра, ќе те направам масон.
Незнам кој и како се претставувал на форумов, јас никаде не сум се претставил како ваков или таков.
Напротив - цело време алудираш (иако мислиш дека доста вешто го правиш тоа, па не си го кажал во директен текст) дека си масон. Токму во тоа е проблемот. Лажното претставување е секогаш со некакви лоши намери.
Низ степените се знае како се напредува и пак ќе повторам ова е балкан!
Нема разлика во начинот на напредување на Балканот и на друго место. Процесот е ист. Ти, воопшто не знаеш како се напредува низ степените, и затоа и во претходниот пост напиша такви небулози.
Зидарски што имаш да кажеш за скорешната невидена фрка во Франција и затворањето на ложата... криминал невиден, срам за масонеријата уште поголем!
Ложата во Франција не е затворена. Има проблем со моменталниот Голем Мајстор - но тој е привремена фигура. Ќе му помине мандатот (а многу веројатно дека и претходно ќе успеат да го тргнат), и се ќе се врати во нормала. Ложите како такви не се воопшто засегнати од тоа што се случува. Единствено што има проблем е работењето на Големата Ложа, затоа што делегатите се против Големиот Мајстор, а (заради апсолутно нивна грешка!) немаат механизам да го сменат во меѓувреме. Мандатот му истекува скоро, ќе биде сменет, ништо од тоа што го има купено до сега (станови, возила и слично) нема да му остане нему, затоа што е сопственост на Големата Ложа, која пак е "сопственост" на сите членови. Така да - џабе му беа сите исфрлања.
Така што - пак ќе речам, ако имаше познавања - ќе знаеше дека масонеријата во Франција воопшто не е засегната од ова. Ложите си работат, се спроведуваат степени, добротворната работа продолжува, ништо не се случило, што смета на нивната работа. Масонеријата постои стотици години и ќе постои уште стотици - вакви минијатурни инциденти доаѓаат, си одат и ништо не произлегува од нив.
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
117
Поени од реакции
35
Токму во тоа е проблемот! Останатите членови на форумот остануваат со впечаток дека си масон и твоите постови се гледаат од аспект на масонеријата. А не се... единствено се погледи на човек кој има некаква доста непристојна агенда.

Имам многу солидни познавања за ложите на Балканот. Имам редовни контакти и масонска комуникација со браќа во Србија, Македонија, Бугарија, Турција... За разлика од тебе.

Кога велиш "сведок сум" на нешто - тогаш не е веќе вистинито само за тебе, и претендираш дека си бил присутен во ложа кога тоа се случило. А не си. Тоа веќе има друг назив.

О, видовме веќе такви примери.
Јас за разлика од сите такви претенденти, отворено зајавувам дека не сум тука за некому да му помогнам да се зачлени, или по било кој начин да искористи нешто од масонеријата. Можат да потврдат повеќето учесници во форумов кои веќе ми имаат пишано лични пораки по една или друга причина.
А ова посокоро ми мириса на Чеда Вукиќ филм - дај ми ти илјада евра, ќе те направам масон.

Напротив - цело време алудираш (иако мислиш дека доста вешто го правиш тоа, па не си го кажал во директен текст) дека си масон. Токму во тоа е проблемот. Лажното претставување е секогаш со некакви лоши намери.

Нема разлика во начинот на напредување на Балканот и на друго место. Процесот е ист. Ти, воопшто не знаеш како се напредува низ степените, и затоа и во претходниот пост напиша такви небулози.

Ложата во Франција не е затворена. Има проблем со моменталниот Голем Мајстор - но тој е привремена фигура. Ќе му помине мандатот (а многу веројатно дека и претходно ќе успеат да го тргнат), и се ќе се врати во нормала. Ложите како такви не се воопшто засегнати од тоа што се случува. Единствено што има проблем е работењето на Големата Ложа, затоа што делегатите се против Големиот Мајстор, а (заради апсолутно нивна грешка!) немаат механизам да го сменат во меѓувреме. Мандатот му истекува скоро, ќе биде сменет, ништо од тоа што го има купено до сега (станови, возила и слично) нема да му остане нему, затоа што е сопственост на Големата Ложа, која пак е "сопственост" на сите членови. Така да - џабе му беа сите исфрлања.
Така што - пак ќе речам, ако имаше познавања - ќе знаеше дека масонеријата во Франција воопшто не е засегната од ова. Ложите си работат, се спроведуваат степени, добротворната работа продолжува, ништо не се случило, што смета на нивната работа. Масонеријата постои стотици години и ќе постои уште стотици - вакви минијатурни инциденти доаѓаат, си одат и ништо не произлегува од нив.
Твое е како ќе гледаш на мене, а на мене останува дали ќе ја споделам вистината, која тебе не ти одговара!
Пари никаде не барам, ниту врбувам некој, незнам како успеа сето ова да го смислиш!
Пак ќе повторам не ти е соодветен начинот и стилот на комуникација со мене!
Неколку членови веќе се обидоа да стапат во контакт со мене и на твоја жалост на дел им возвратив, на дел не сум одговорил. И никаде на никого не сум овозможил никаков контакт со трети лица или пак да им барам пари, напротив целосно сум се оградил од било какви врски со масоните. Член сум тука за да споделам што знам и што мислам дека за мене е вистина. Понатака немам намера да ти објаснувам на твоето неуротично обидување да ме дискредитираш како член на овој форум и на оваа тема. Тубал дали е масон или не, не е темата брате!

Како не се засегнати ложите кога 6-7национални ложи ги повлекоа мегусебните признавања на ложите.Тоа е исто како да имаш нерегуларна ложа-никој не ја признава!
Па поголем удар од тоа неможе да се добие...
Значи тука прифаќаш дека може да се злоупотреби ложата и делегатите да направат грешка во својот избор(како знаеш дека не земале пари за таквиот избор и како дозволиле ваков масон да напредува во масонеријата???)
На балканот допрва му следуваат вакви скандали...
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Токму заради тоа и го пишувам ова - затоа што членови на форумот стапуваат во контакт со такви како тебе, мислејќи дека си масон, а не си. И упорно ќе го тврдам тоа, се додека не напишеш на која ложа си член. Тоа не е тајна, не нарушува никакви правила да се каже јавно, не претставува никаков проблем. Бидејќи не си во состојба да го направиш - треба на сите да им е јасно дека НЕ СИ масон, иако се претставуваш како таков!
Не се засегнати ложите, затоа што сеуште ГЛНФ е призната од повеќето ложи во светот (иако некои го суспендираа признавањето), и единствена регуларна во Франција. Кога ќе се смени Големиот Мајстор, ќе се смени ситуацијата.
Не може да дошол на функција со тоа што платил некому, затоа што за Голем Мајстор гласаат претставници на сите ложи во државата (и тоа не по еден, туку по неколку претставници од сите ложи). Ако беше масон, ќе го знаеше и ова. Ама не си.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
...Масонеријата постои стотици години и ќе постои уште стотици - вакви минијатурни инциденти доаѓаат, си одат и ништо не произлегува од нив.
Оние кои не носат розе масонски очила ваквите инциденти ги нарекуваат скандали. За овој конкретен инцидент, веќе пишав тука во постот бр. 2738. Ако за тебе малверзации на Големи Мајстор на една држава се минијатура, тогаш, ти имаш серозен проблем со перцепција на злоупотребата и криминалот во масонските редови. Ова е логична констатација која се наметнува од твоите романтично-идилични презентации на масонеријата. Секако, твое неприкосновено право е да веруваш во нив и да ги воспеваш дострелите на твојата братија во долги вдахновени постови. Но не заборавај дека постојат информирани луѓе надвор од масонеријата кои имаат доволно факти и информации што ја оспоруваат вашата верзија.

Напротив, зидарски, има нешто многу битно што произлегува од овие инциденти: една покомплексна и избалансирана слика за тоа кои сте и какви сте. Таа слика е битно различна од онаа што ти и брат ти (господарот на извичниците) ја нудите на форумов.
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
117
Поени од реакции
35
Токму заради тоа и го пишувам ова - затоа што членови на форумот стапуваат во контакт со такви како тебе, мислејќи дека си масон, а не си. И упорно ќе го тврдам тоа, се додека не напишеш на која ложа си член. Тоа не е тајна, не нарушува никакви правила да се каже јавно, не претставува никаков проблем. Бидејќи не си во состојба да го направиш - треба на сите да им е јасно дека НЕ СИ масон, иако се претставуваш како таков!
Не се засегнати ложите, затоа што сеуште ГЛНФ е призната од повеќето ложи во светот (иако некои го суспендираа признавањето), и единствена регуларна во Франција. Кога ќе се смени Големиот Мајстор, ќе се смени ситуацијата.
Не може да дошол на функција со тоа што платил некому, затоа што за Голем Мајстор гласаат претставници на сите ложи во државата (и тоа не по еден, туку по неколку претставници од сите ложи). Ако беше масон, ќе го знаеше и ова. Ама не си.
Никаде не сум се претставил како масон, а уште помалку имам потреба да се претставувам по форуми(зашто вакви детски работи). Толку многу си загрижен за членовите на форумов... повеќе отколку самите членови.
Се извинувам што го загрозив твојот комодитет на оваа тема, но очигледно присуството на некој член на форумов кој има спростиставени мислења-длабоко те погодува!
Со сета почит што двоиш време и нерви постојано да пишуваш по форумот и да споделуваш дел од твоите знаења и проучувања,нема понатака да се впуштам во дискусијата дали сум или не сум масон. Не гледам никаква врска со мојот став за неизјаснување и целата проблематика во оваа тема. Но мора да ти повторам дека се што сум напишал е точно и вистинито.

Направи круг околу темава, поклони се и излези...
Јас реков:)
Барам согласност од тебе да прекинеме со нашата дебата.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ако за тебе малверзации на Големи Мајстор на една држава се минијатура, тогаш, ти имаш серозен проблем со перцепција на злоупотребата и криминалот во масонските редови.
И каков е точно "криминалот" што се има случено во Франција? По каков начин ја засега јавноста? Дали по било кој начин наштетило на јавноста, тоа што се случува во ГЛНФ?! Апсолутно по никаков. Тоа е интерен проблем, кој ќе се реши интерно. Сите обиди (!) за малверзација на постоечкиот ГМ, веќе пропаднаа, затоа што во моментот во кој ќе му истече мандатот, нема да има никаква корист од сите трошоци што ги има направено. Тој ги нарушил правилата на сопствената конституција, и ќе биде соодветно казнет за тоа. И пак ќе речам - тоа по никаков начин не се одразува на јавноста, нити пак влијае на самата масонска работа во ложите.

Тубал - нема дебата за да може да прекине. Немам апсолутно никаков проблем со спротивставени мислења. Како што гледаш, со Петар комуницираме со месеци на форумов, без да имам проблем со него и неговите ставови.
Имам проблем со твоето лажно претставување и обидот да се претставиш за масон, кога не си. И нема да престанам да имам проблем со тоа, се додека се претставуваш како таков. А загриженоста за членовите на форумот е објективна, затоа што веќе имаше сериозни обиди за злоупотреба во минатото, токму од вакви како тебе.
Или кажи на која ложа си член или отворено напиши дека не си.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
И каков е точно "криминалот" што се има случено во Франција? По каков начин ја засега јавноста? Дали по било кој начин наштетило на јавноста, тоа што се случува во ГЛНФ?! Апсолутно по никаков. Тоа е интерен проблем, кој ќе се реши интерно. Сите обиди (!) за малверзација на постоечкиот ГМ, веќе пропаднаа, затоа што во моментот во кој ќе му истече мандатот, нема да има никаква корист од сите трошоци што ги има направено. Тој ги нарушил правилата на сопствената конституција, и ќе биде соодветно казнет за тоа. И пак ќе речам - тоа по никаков начин не се одразува на јавноста, нити пак влијае на самата масонска работа во ложите.
Така е зидарски, во право си. Кога се продаваат доверливи информации на клиенти (како што тоа го направил масонот Џонатан Рис во Британија), кога со измами и лажни изјави се добиваат политички избори (како масонот Сулејман Демирел во Турција) се затајува данок (како масонот Жак Ширак), или пак се работи за педофилија (масонски скандал во Британија), се` е тоа интерна работа, нали? За финаниско-политичкиот скандал на П2 во Италија ич да не почињаме. За сите овие примери (и други) пишував на форумов и приложив поткрепени информации. Можеш да глумиш лудило колку сакаш.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Воопшто не глумам лудило - напротив - тоа се криминални пројави, кои адекватно се решени. И ти самиот знаеш за нив, заради судски процеси против истите тие лица - што значи, законот бил применет и никој од нив не бил заштитен заради тоа што е масон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom