Се`уште стојам зад ставот дека масонеријата е, de facto, псевдо-религија. Причините ги изложив во претходните дискусии. Се исклучив од дискусијата со одередената личност поради процедурални причини. Ама гледам се осилија слободниве зидари со „З“ и се распашаа небаре форумов е нивни. Многумина (многу добро информирани) покажуваат дека масонеријата е култ и е неспоива со исповедувањето на еден личносен Бог кој нема (ама баш никаква!) потреба да се именува со супститути како „голем архитект. “Освен за масоните, разбира се, пошто не им ујдисува муабетов. Исто како што Македонија има свое име и е навредливо е да се именува како „бивша Југословенска република.“ Nomen est omen = Имињата се знаци. И тоа многу јасни. А „слободните зидари“ можат да „дрват“ за атрибути за Бога исто како и Грците со атрибутите (или додавки!) за „Северна“, „Горна“,„Нова“, итд. Македонија.
Да појаснам веднаш: постов е наменет за мнозинството на форумов кое бара одговори на многу суштествени прашања и кое не е дел од масонската организација. Бидејќи масоните се` знаат ним по дифолт не им се обраќам. Арно ама се изначитав масонски ЕПП пораки за фантастичната , „непрецелнилва вредност“ (wow!) на масонската награда. Оние што сакаат сериозно да ја видат таа „непрецелнилва вредност“ нека ги погледаат фактите за ложата П2 , Алистер Кроули (33ст. масон) и сличните „непpeценливи вредности“ на „слободното зидарство“. Она де, контемплативното, фраерско зидарство, со „З“. Во Македонија (според стандардот и слава Богу!) има се`уште обични, неслободни ЅИДАРИ – со уникатно, македонско „Ѕ“. Да, македонските ѕидари (со „Ѕ“) ептен не се слободни! Глава не можат да кренат и бел ден не можат да видат. Зависат од многу фактори. Најповеќе од тоа дали ќе најдат работа да си ги прехранат фамилиите. И бааѓи ми се посимпатични од оние „зидари“ со „З.“ Можеби дека нашиве обични, зависни ѕидари не комуницираат со ракавици, а особено не бели. Онака голораки баш ги сакам повеќе! Башка, бели ракавици носат само батлери и слуги. ОК, и Тито. Е добро, еве се исправам – слуги и хохштаплери.
Би сакал да ги охрабрам оние кои на форумов бараат одговори да ја проверуваат секоја информација и да ја бараат вистината со чисто срце и совест, без страв, и секако без никакво чувство на инфериорност! Особено кога масоните (кога ќе им снема аргументи) нервозно ретерираат дека „Вие не сте масони па не знаете!“. Демек, „Мал си па не разбираш“. Фала многу за таквите „факти,“ дечки со „З“
Поздрав до сите НЕМАСОНИ на форумот!
lee:
lee: