Бидејќи често одам за Хрватска знам дека се претворени во Германска колонија, буквално во сите сектори им се навлезени Германски фирми, процентот на германски автомобили е поголем отколку во Германија, се користат германизми, Германците имат инвестирано во приморјето, а летово кога бев на Крк малку пред почетокот на Сезоната 80% од гостите им беа Германци. Европа пред се Германија многу добро ја иработи Хрватска им навлегоа банкарски и ги задолжија скоро како Грција сега враќање назад нема.
Многу нормално кога 4-5 века биле дел од Австро-Унгарија.Малку ли е тоа........види ние колку сме под турско влијание ден денес.
Иначе германизмите се таму како турцизмите кај нас,башка и ние добар дел од тие изрази ги користиме.
На германските фирми им е блиску Хрватска и на Австријците исто-така и инвестираат често таму.
Хрватите беа први од југа на гастарбајт што имаа отидено таму.
Германците и Австријците се традиционални гости на морето веќе 50 години.Од секогаш биле најбројни и најдобри гости на Јадранот.Сеа и ти претеруваш 80%,али накај 20% може да биле шваби.Луѓе од Германија знаат и по 20 и кусур години да идат по ред таму на море.Дел имаат идено и за време на војната дури.
Има многу работи кои ги поврзуваат тие 2 земји.Хрватска и те како има профитирано од Германија.Прва од ЕУ што ја призна Хрватска како независна беше Германија.Германија лобираше за Хрватска кога беше војната,германците инвестираат многу пари во Хрватска,најбројни и најпожелни туристи им се,најголем трговски партнер им се.Баш од швабите не можат многу да се пожалат.
Иначе не знам што толку драматизираат со ова ЕУ и Хрватска.
Хрватска веќе профитираше од ЕУ.Да не им текна сами на хрватите да си ја средат државата или некој ги притисна ? Бивш премиер уапсија,сите големи афери излегоа на виделина, министри се апсат, високи државни и владини службеници,фудбалската мафија ја удрија сега,во универзитетите пред некое време испоапсија,во ХДЗ дур беше на власт уапсија многу луѓе поради финансирањето на кампањите.Веќе никој што украл или платил и земал мито не е сигурен.Не им беа тие апсења само мачкање на очи,има и многу пресуди и многу влијателни личности во затвор.Многу јака порака имаат испратено со апсењето на Санадер.Човек кој што таму палеше и гасеше,кој што никој ништо не можеше да му пререче сега го судат.Секој сега ќе размисли таму 2 пати пред да земе мито или да пере пари.Да не збориме што до некаде и се враќа доверба на граѓаните кон институциите.Сите сега чекаат кое ќе биде следното апсење и следниот осуден и за секој што е вмешан во афери се има чувство дека кај и да е ќе му дојде редот.
Тоа секоја земја од регионот ја чека ........ И кај нас,се надевам,ќе дојде време кога ќе почнат да се средуваат работите.Хрватска го почна сега последнава година тоа.
Сега поминуваат низ една фаза на чистење. Корумпираните се апсат,се воведува ред.Исто и со економијата,мислам дека кога ќе пројде кризата малце повеќе ќе размислуваат како ги трошат парите и колку се задолжуваат.