Мандиќ:Подобро нова Југославија отколку кираџии во ЕУ

Дали сте за повторно создавање на Југославија на некој друг начин?

  • Да

    Гласови: 59 57,8%
  • Не

    Гласови: 43 42,2%

  • Вкупно гласачи
    102
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Писателот Игор Мандиќ смета дека Хрватска нема да има голема полза од влезот во Европската унија (ЕУ) и дека единствена можност е повторно обединување на јужнословенските народи, но не стариот начин.

„Ние влегуваме во ЕУ како кираџии, мораме да ја поднесеме судбината дека ќе бидеме третирани како резервна станица за келнери и проститутки и не верувам дека тука нешто посебно ќе профитираме“, рече Мандиќ во интервјуто за „Нови лист“, со оценка дека за Хрватска најдобро решение е повторно обединување на јужнословенските народи, но не на стариот начин.

„Тврдам дека единствена можност е повторно обединување на јужнословенските народи. Никако на стариот начин и никако еднопартиски како стара Југославија, но јас не сум институција да можам тоа да го разработам“, рече Мандиќ.

Тој денешна Хрватска ја опишува како алкохоличар кој се тресе во апстиненцијална треска.

„Сè пропаѓа, сите институции отидоа по ѓаволите, сè е распродадено, искрадено, подарено и зошто да се продолжува со непотребниот труд“, заклучува Мандиќ. /крај/б/ст


http://www.time.mk/read/1e1ada9fe3/e0efcb882e/index.html

Што мислите околу ова прашање???
Можно ли е воопшто???
И ако да под кои ислови и на кој начин би се спровело тоа.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Не е можно..барем не во наредните 100 години,после тоа ќе видиме.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Невозможно. Од неколку причини.
Прва причина е тоа што национализмот е толку распространет што на социјален план соживот би бил скоро невозможен.
Југославија беше возможна само со комунизмот, тогаш имавме доста јака индустрија и не зависевме од други држави многу. Сега, кога пропаднаа скоро сите поголеми индустриски гиганти, немаме автомобилска индустрија, немаме јаки рафинерии и многу други индустриски гранки пропаднаа и тотално замреа. И да се случи овој сојуз повторно многу ќе зависиме од Западот.
Али сами си избравме капитализам, нема назад.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.280
Против !!! Ова е невозможно. Прва причина национализам кој го имаат некој држави и се зајадени помеѓу себе ,не би сакал повторно после некој 30 години крв до колена и армија да ми шета на северна граница со свртени тенкови према нас. Секоја држава сама нека си функционира во своите граници и нека соработува со тие кој мисли дека и се од интерес и корист. Писателов нека престане да пишува научна фантастика, ако не ја сака ЕУ нека гласа НЕ на референдум.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Екс-Југословенските народи се како рака со пет прста РАЗДЕЛЕНИ, ама ако дојде некој окупатор тогаш тие 5 прста се спојуваат и станува ТУПАНИЦА.
Ако дојде некој од странство и се умеша за*бал работа...
;)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Мое мислење е дека нема никаква потреба од физичко обединување и создавање на заедничка држава. Она што може да ни помогне на сите е создавање послини економски врски, поголема трговска размена, соработка во инфраструктурата, спортот, железниците и се останато што ќе ги зајакне меѓусебните врски.
Југославија требаше да се растури по мирен пат а со тоа ќе останеа сите погоре набројани работи што ќе овозможеше поголема независност од арогантната Европа.
Затоа после 2 децении кога сите увидоа дека се направи голема грешка полека но сигурно довербата треба да се врати.
Инаку на пример дијаспората никогаш не престанала да го живее Југословенскиот филм што значи оние кои биле далеку од случувањата и ден денес останале добри пријатели па така Српските клубови во Швајцарија се полни со Хрвати и обратно.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Ек-Југословенските народи се како рака со пет прста РАЗДЕЛЕНИ, ама ако дојде некој окупатор тогаш тие 5 прста се спојуваат и станува ТУПАНИЦА.
Ако дојде некој од странство и се умеша за*бал работа...
;)
нема врска, србинот никогаш нема да му помогне на босанецот како што ни хрватот нема да му помогне на босанецот а словенецот никогаш нема да му помогне на хрватот - македонците се од сите страни на ignore..
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Словенците може слободно да ги исклучиме од темата.
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Сакам да видам како е, јас сум од помладата генерација, ама кога ги слушам постариве ко носталгија ме фаќа...со голема љубов зборуваат спрема тоа. Ама да не се повтори она кога се делеше Југославија :/
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Yeah right и потоа ќе дојде некој фанатик како Милошевиќ и ќе бидат сите земји српски бановини.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Yeah right и потоа ќе дојде некој фанатик како Милошевиќ и ќе бидат сите земји српски бановини.
Исто што се случува во ЕУ сега, само што Милошевиќ се вика СаркозиМеркел. Би било добро да може да се обедини Југославија само не политички туку луѓето, да немаат заеднички политики или да настапуваат заедно како заедница, едноставно да може луѓе и стока (тука се и политичарите) да се разменува слободно, сите да си го задржат суверенитетот, валутата и останатите симболи на независноста, нешто како сега што се прави со лична карта да може да се поминува граница тоа би било добро, бидејќи Балканот ако сам се организира би биле некоја сила во светот, бидејќи за јадење имаме, паметни луѓе имаме, само голем национализам е проблемот.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
42
Поени од реакции
3
убо би било ако се соедини ама тешко БиХ е пред распад, ситуацијата на Косово е многу лоша, во Македонија не е ништо подобро од Косово..Словенија може слободно да се исклучи од овде оти е веќе во ЕУ и не би се враќала во т.н. Нова Југославија...а исто така Хрватите-Србите се мразат..нема можност да се соедини..може само да се распаднат некои држави да излезат нови земји или да се соединат со др.пр Р.Српска да е независна или да се соедини со Србија,Косово да се припој кон Албанија,Босна би била разделена на многу делови и на крај можен распад на Македонија..:P
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
убо би било ако се соедини ама тешко БиХ е пред распад, ситуацијата на Косово е многу лоша, во Македонија не е ништо подобро од Косово..Словенија може слободно да се исклучи од овде оти е веќе во ЕУ и не би се враќала во т.н. Нова Југославија...а исто така Хрватите-Србите се мразат..нема можност да се соедини..може само да се распаднат некои држави да излезат нови земји или да се соединат со др.пр Р.Српска да е независна или да се соедини со Србија,Косово да се припој кон Албанија,Босна би била разделена на многу делови и на крај можен распад на Македонија..:P
Дете..имаш ли ти вујна?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom