Македонски филмови

Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
„НЕМА ДА СИ САМА“ НА ГОРАН СТОЛЕВСКИ Е АВСТРАЛИСКИ КАНДИДАТ ЗА ОСКАР

Агенцијата за филм требаше порано да го препознае и искористи неговиот потенцијал... Во 2020 добил средства за "дебитантски" филм „Домаќинство за почетници“ за кој сега прочитав дека е квир драма. Тешко дека ќе има добар прием таков филм :cenzura:
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Жанр: научна фантастика, значи.
Хахаха современо општество раѓа современи филмови.
Уште еден квир ќе се снима кај и да е за скоро, а за некоја година ќе се снима и за трансџендер особа...
Идеме у Европа.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Како куриозитет, во две држави во кои аплициравме за финансиска поддршка за малцинска копродукција вработени во нивните филмски фондови ни побараа мито.
Зошто ли не сум изненаден?!

 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Филмот имаше премиера на Филмскиот фестивал во Загреб каде што публиката коментираше дека станува збор за „најдобар филм за босанската војна направен од македонски автор“.
Битно е да си најдобар, па и доколку во конкуренција си само ти, така?! Ќе помисли човек секоја година вадиме по филм-два за босанската војна. :pos:

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.634
Битно е да си најдобар, па и доколку во конкуренција си само ти, така?! Ќе помисли човек секоја година вадиме по филм-два за босанската војна. :pos:
Истовремено е и најдобар филм за босанската војна направен од жена од Македонија, најдобар филм од македонска жена во кој не се зборува на македонски, најдобар македонски филм за војна која не се случувала во Македонија... Ехеееее, така има многу категории во кои е најдобар.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.296
Поени од реакции
45.862
Ме интересира ако знае некој, со колку пари точно учествува државата во проективе на Милчо?
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.133
СЕ ПОДАРУВА!

Оригинално ДВД од филмовите на Браќа Манаки
manaki.jpg

ДВД-то ќе го добиете ново, неупотребувано, од прв газда, чувано во домашни услови, вакцинирано и прочистено од паразити. Се подарува ислучиво на вистински филмомани кои ќе го чуваат и негуваат. Доколку не ви значи ништо, а сте муфтеџии да ќарите нешто гага тогаш огласот не е за вас.

Цена: Инбох. Бесплатно.

Пријавување: CV, крвна слика и мотивационо писмо на тема "Зошто баш јас треба да го добијам ова ДВД" не подолг од 300 зборови во Инбох.

Напомена: Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ме интересира ако знае некој, со колку пари точно учествува државата во проективе на Милчо?
Според него со малце. :angel:
Кајмак - 30 милиони денари + додатни средства од МРТ
Врба - 76 милиони 875 илјади денари (и мислам МРТ пак имаше вложено)

За Пред дождот, Прашина, Сенки и Мајки само ако најдеш исечоци од стари весници, зашто се снимени/доделени парите пред формирањето на АФМ и нема податоци за нив.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.296
Поени од реакции
45.862
Според него со малце. :angel:
Кајмак - 30 милиони денари + додатни средства од МРТ
Врба - 76 милиони 875 илјади денари (и мислам МРТ пак имаше вложено)

За Пред дождот, Прашина, Сенки и Мајки само ако најдеш исечоци од стари весници, зашто се снимени/доделени парите пред формирањето на АФМ и нема податоци за нив.
А во проценти, колку би дошле овие суми во вкупните трошоци негови од прилика ?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
А во проценти, колку би дошле овие суми во вкупните трошоци негови од прилика ?
Еве ти за Кајмак.
- Кајмак - 30 милиони ден. од Македонија + непозната сума од МРТ + 5.288.819 ден од Хрватска + 12.005.205 ден. од Данска + 11.083.535 ден. од Холандија + 11.084.842 ден. од Еуримаж

По мои пресметки ова е 43 % од Македонија + 57% од страна.

За Врба немам проверено колку дале Албанија и Унгарија, али гарантирам дека заедно не се ни половина од тие 76 милиони денари од Македонија. Процентуелно без да барам бројки од Албанија/Унгарија би рекол 75% Македонија + 25% од страна.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Едино добро во новиов филм на Милчо ко шо видов од трејлерот, беа неколку цицки и ништо друго.
Макар шо не знам дали и ова со цицкиве ќе е добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom