посебно ме разочара Камка, ликот што го играше воопшто не ме придоби
Камка ја глумеше Камка. Воопшто не ни очекував нешто повеќе од неа. Мене освен Сара ми се допадна Симона Спировска - пристојно си одглуми девојчето, особено во сцените пред да дојде (ј)Ана во нивните животи. Ама еден филм не го прават само една улога или една глума. Ова беше тотална калакурница, што рече
@Anon - колку само да се земе пари и филм да се направи. Милчо ко да сака да каже милион работи истовремено, се расплинува во недоглед и на крај не кажува ништо. Сфатив дека тука е градот, тука е времето во кое живееме, тука беше и пандемијата, и поделеноста во општеството со длабоките јазови меѓу буквално соседи кои живеат во него, тука беше и мајчинството (една од неговите омилени теми), и љубовта, судбината или што и да симболизираше пердувот кој си го подаваа (ама колку само знаев дека ќе се случи таков крај! Тотално предвидлив), тука е и недостигот на емпатија кај народот во дигиталната ера во која живееме во која се чини срцата ни се заробени во екраните (на Камка не и беше добро, тие место да и помогнат, ја снимаат, на крајот убиство се случува, двете девојки што „искачаат“ си прават селфи пред куќата на убиениот)... И уште еден милион работи што Милчо ги начнува, ама не кажува ништо со нив. На крај испаѓа ко оној вицот:
Влегува тип во аптека и ја прашува продавачката:
-Имате ли бурек?
-Не, ама имаме тетратка со коцки.
-Нема врска, со точакот сум.
Е, баш вака ^^, тотално бесмислено. Смешно е од што е бесмислено.
Друго: камерата навистина беше екстремно лоша. Не само гро-плановите, цело време беше вон фокус и со заматени кадри во кои не се распознава ништо, имаше периоди од по десетина и повеќе секунди каде буквално не се гледаше што има на екран. Е, до таа мера! Кастингот стварно многу утнат за некои ликови. Пр. (ј)Ана глумеше жена која била долго време во брак, веројатно патела многу и останала (веројатно) вдовица. Ма немој? Тотално не ме убеди. Ана може да глуми курва, на пример, или травестит, или не знам, нешто урбано, а не некоја ваква напатена душичка каква што требаше да биде нејзиниот лик. Не се вклопи во светот на Микиќ и Симона. Трето: ова не беше комедија. Се насмеав повеќе пати на глупостите на режисерот отколку на што и да се случуваше во филмот. Сосема несмешно. И последно - приказната беше out of this world, тотално! Немам ни нерви да објаснувам колку се беше лошо поставено, колку сценариото немаше стожер кој ќе го држи, колку репликите беа нереални и површни... Милчо, земи брат напрај порнич ако сакаш да им ги видиш гениталиите и цицките на Камка и (Ј)Ана, и не ја тупи веќе со вакви квази-филмови.
И за крај: кој кур беше кајмакот поврзан со цела оваа калакурница па за да го носи тоа име?
Само 3/10 од мене за оваа глупост. И тоа само дека сум попустлив кон македонските филмови па им давам повисоки оценки од што заслужуваат. Ова е еден од најлошите македонски филмови на сите времиња. На рангот на оној, на Митриќески мислам беше, кај што најдоа гомна од диносаурус во Охридско или Преспанско езеро, не се сеќавам, мислам Деца на сонцето беше. КАТАСТРОФА!