Македонски филмови

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Ја прочитав и мислев нешто да му искоментирам, па преќутав. Преблаг ми беше, како одреден Гале што се плаши да не спука нешто со режисериве па после да не добива гага гледање филмови.

Обично се согласувам со неговите рецензии, ама критиката му беше преблага. И со делот „на мене ми се допадна“ ми уништи се` што претходно плукна. Као ова не ваља, ова не е разработено, ова не е добро, ама мене ми се допадна, дајте му шанса, нешто ново е во македонската кинематографија. Го прави истото што Теона го прави во филмот, пу-пу не важи.

Иако не секогаш се сложувам и со Сунчица и со Марина, повеќе ги поштувам отколку другиве што се плашат да исплукаат одреден филм што го заслужил тоа. Ако си критичар биди критичар со јајца, а не да свиваш опаш.
Он беше повеќе афирмативен отколку критички настроен кон филмот. Јас до сега не сум прочитал негативна рецензија од него.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Јас генерално ги подржувам сите македонски филмови со актуелни и теми од животот наместо историски глупости без подлога. Сакам обавезно да го гледам пред поќе да коментирам ама од трејлерот не сум многу задоволен од дел од актерите можда требало малку подобар кастинг ама можда грешам ќе видиме после филмот, исто во последно стана пракса филмот да биде по 2 и поќе години во пост продукција и очекуваш нешто добро ама некогаш не ми е јасно што толку работеле откако ќе го одгледам филмот ќе видиме...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Јас генерално ги подржувам сите македонски филмови со актуелни и теми од животот наместо историски глупости без подлога. Сакам обавезно да го гледам пред поќе да коментирам ама од трејлерот не сум многу задоволен од дел од актерите можда требало малку подобар кастинг ама можда грешам ќе видиме после филмот, исто во последно стана пракса филмот да биде по 2 и поќе години во пост продукција и очекуваш нешто добро ама некогаш не ми е јасно што толку работеле откако ќе го одгледам филмот ќе видиме...
Да не збориме пред време, ама досадно е да ги гледаме само тие 3-4ца актери што ни се вртат во секој филм. Имаме далеку повеќе глумци од тие што ги има во секој филм. Се снимаат доволно филмови за секој од глумциве да добие значајни минути пред камера и арно што разменуваат одредени режисери, наместо едни те исти да се вртат. Уште од кога го снимија филмот, сум скептичен за Веселинов за главна ролја, али да му дадеме шанса, да видиме што знае.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Интересен трејлер, ама насловот Тајната состојка ми се свиѓа повеќе од Исцелител. Иако тој ќе си остане англиски наслов, мене и како македонски ми се допаѓа.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Да не збориме пред време, ама досадно е да ги гледаме само тие 3-4ца актери што ни се вртат во секој филм. Имаме далеку повеќе глумци од тие што ги има во секој филм. Се снимаат доволно филмови за секој од глумциве да добие значајни минути пред камера и арно што разменуваат одредени режисери, наместо едни те исти да се вртат. Уште од кога го снимија филмот, сум скептичен за Веселинов за главна ролја, али да му дадеме шанса, да видиме што знае.
Тој Веселинов воопшто не ми се допаѓа, како прво тој колку што знам не е ниту дипломиран актер, никогаш нема завршено.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Тој Веселинов воопшто не ми се допаѓа, како прво тој колку што знам не е ниту дипломиран актер, никогаш нема завршено.
Колку што знам ни К-15 не беа дипломирани глумци, па беа добри пред камера и сите ги сакаат. Еден куп натуршчици низ светов земаат награди, а не се професионални глумци. Последен пример главната актерка од хрватскиот Не гледај ми у пјат. И не дека го бранам, ама не значи дека ако е дипломиран, знае нешто.

Ќе видиме што ќе одглуми и јас немам нешто верба во него, ал видеќемо.[DOUBLEPOST=1508934448][/DOUBLEPOST]
Интересен трејлер, ама насловот Тајната состојка ми се свиѓа повеќе од Исцелител. Иако тој ќе си остане англиски наслов, мене и како македонски ми се допаѓа.
И мене. Некоја мистерија има зад него. Со Исцелител одма се кажува што ќе се деси во филмот. Како таков го снимаа, сега нек му мењаат колку сакаат насловот за мене филмот ќе остане ко Тајната состојка.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Се сложувам за тоа дека и да е дипломиран па пак може да нема појма и да е тапа, али како особа не ми се допаѓа човекот оти малку се прај нешто што не е, да не велам како да го фатил госпо за м..... али за такви самопрогласени "ѕвезди" не вреди да се зборува а камо ли да се труди некој во филм да ги вика да ти го усерат делото.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Денес почна да се снима и третиот филм за годинава „Happiness Effect“

Филмот е урбана драма, која ја обработува универзалната потрага по среќа и барањето на смислата на животот. Режисер и сценарист е Борјан Зафировски, а соработник на сценариото е Дејан Дуковски.

Во главните улоги се Дејана Поповска, Сашко Коцев и Ана Стојановска, а во останатите улоги се појавуваат Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска.

„Ефектот на среќа“ е во продукција на Ново Македонско Видео, најголемиот дел од буџетот е обезбеден од Агенција за филм на Република Македонија. Копродуценти се Њу Момент, Видео Хаус анимејшн, Национален центар за филм на Република Албанија и Центарот за филм на Косово.

Филмот ќе се снима во следните 30 денови, на локации во Скопје и Охрид.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
UPDATE за „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“
Најновиот филм на Теона С. Митевска, „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ доби 224.000 евра подршка од копродукцискиот филмски фонд Еуримаж.

Со овој грант, како што соопшти продукцијата „Сестри и Брат Митевски“, целосно е затворен буџетот за филмот.

Вкупниот буџет на филмот е 1.300.000 евра. На конкурсот распишан од македонската Агенција за филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ ги доби највисоките оценки и поддршка од 487.000 евра или 36 отсто од буџетот, од Белгискиот филмски фонд и други извори се обезбедија 280.000 евра или 21 процент, од Хрватскиот филмски фонд 102.000 евра, од други извори 10 отсто и од Словенија уште 10 проценти.

Кастингот, изборот на актерската екипа и другите подготовки траат повеќе од шест месеци. Филмот ќе почне со снимање во средината на јануари, и ќе се снима целосно во Македонија, во траење од шест недели, информира продукцијата.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
@filip1975 Едно четиво за тебе, пошто ептен се потиш на режисеркава и сесрето и`.

Незрел и хировит филм

(од премиерата во Берлин, реобјавен сега, а напишан од one and only Сунче)

... ова е најслабиот филм на Теона Митевска. ...

...привлече внимание кај обичната публика, но не и кај новинарите (за премиерата нема да пишуваме, бидејќи тоа се поканети гости и голем дел од екипата, чија реакција секогаш е еуфорична и нема врска со реалноста). Новинарската проекција не исполни ни третина од салата, а многумина и ја напуштија пред време. И со право. Проекцијата ќе ја напуштеше и вашиот новинар да немаше професионална обврска да го изгледа филмот до крај. :pos:

„Кога денот немаше име“ е здодевен филм, без никаква инвентивност и спонтаност, кој се преповторува и во кој дијалозите и сцените се премногу наместени. Тоа е филм кој нема што да каже, освен да ги повторува толку употребуваните фрази (како нема иднина или нема да учам албански) врзани за проблемите и актуелните состојби во Македонија, но не врз основа на филмската игра или издржаната приказна, туку само како истрошени фрази кои треба да ни појаснат што всушност тука се случува. Па, така, имате и графити и „уметнички пози“ (повторно наместени), тотално неадекватни на настаните и дејствието кои дополнуваат нешто што би требало да го сфатиме од филмот, кога тој воопшто би имал идеја, цел и визија.

Однесувањето и дијалозите на момчињата во филмот, кои треба да ја изразат целата безидејност, апсурдност и проблематичност на актуелната стварност во која живеат и која ги демотивира и ги прави бесчувствителни кон другиот, се вештачки, празни, површни и постојано се преповторуваат. Се чувствува дека Митевска се обидува да ги имитира Лери Кларк („Деца“) и Гас Ван Сент („Слон“), но тоа воопшто не успева. Факт е дека не е воопшто лесно да се проговори за „изгубената генерација“ на таков начин, бидејќи како што покажува токму Ван Сент, потребна е зрелост и мајсторство, но и чувство и мерка, за да умеете таа безидејност, тотална празнина и разочараност да ја заокружите и на вистински начин да стигне до гледачите. :cuc:

Овде драмата односно кулминацијата се случува околу една малолетна проститутка, што за жал потсетува на првиот филм на Митевска кој го одликуваше токму крајниот аматеризам. Ликот на Лабина Митевска, која живее со таткото на едно од момчињата, е тотално безизразен и рецитаторски. Николина Кујача добро ја игра мајката која бега од стварноста, само што е ставена во ситуација да повторува многу наместени и неадекватни реченици. Додека, Ана Костовска како продавачка која повеќе не дава да се купува на вересија, ја носи животноста која инаку на филмот во најголем дел му недостасува. Младите момчиња и девојки, кои се натуршчици, сосем добро се снаоѓаат во она што треба да го одиграат.

Природата низ камерата на Ањес Годар е убаво снимена, тоа е неспорно, но не може да ја надополни празнината и бесмисленоста на овој филм, како и бесцелниот начин на кој е воден. Конфликтот со Албанците, кој исто така нема база во ништо и кој треба да се подразбере, не само што е лошо вметнат во филмот, туку е и погрешен. Не смеат проблемите да се сведуваат на такво ниво, а уште помалку на претпоставки или земање нешто здраво за готово, ниту пак смее младите на таков хировит начин да се злоупотребуваат.

Алузијата пак околу тоа кој може да биде виновникот е тотално непотребна, па и опасна. За жал, еуфоричноста, незрелоста и хировитоста нема да допринесат овој филм да има одѕив на каков што се надеваат авторите, затоа што погрешниот приод, злоупотребата и неиздржаната приказна се очигледни. :cuc::cuc:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom