Македонски филмови

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.204
И Панкот ќе биде првпат :)
Да напоменам дека Панкот како филм од 2011, уште во 2012 излезе на ДВД, а негде отприлика 2013 г. започна со емитување на Класик ТВ и останатите канали за екс и пост југословенски филмови. Сигурно едно 3 години се емитува на Класик, така што, кретениве од МРТ малку закасниле со „премиерава“.

Плус да напоменам дека во последните 10-20 години е единствениот филм што прошета на 10тина фестивали и лапна награда во Котбус и во Карлови Вари (еден од најстарите фестивали во свет и дефинитивно најзначајниот во Средна и Источна Европа.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.959
Поени од реакции
8.306
Панкот не е мртов го имаше на Макс тв да се изнајми за гледање за некоја цена на која не се сеќавам.

Сега гледам ги имаат оние стари филмови Мис Стоун, Хај Фај, Република во пламен, Солунски атентатори, Тетовирање, Среќна нова 49-та и други по цена од 69 денари.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
181
Поени од реакции
593
Oд сите овие Лазар. Медена ноќ. Деца на сонцето и Збор не се прикажани на македонска телевизија. Додека за Панкот не е мртов не сум сигурен дали е прикажан на некоја македонска телевизија.

Ќе има и нешто Крв и Мед oд 2-ри до 5-ти 2017 од понеделник до четврток. Дали ова е документарец или серија не знам. Информацијата ја видов на trackermk
Документарен серијал од 8 епизоди од Васко Ефтов оној што ја води емисијата Во центар.
По најавата ми изгледа како добар. Емисиите му се доста интересни за гледање верувам и ова ќе биде исто. :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.959
Поени од реакции
8.306
Се надевам ќе ги прикаже некогаш МРТ 1 Џган и Олободување на Скопје од Шербеџија.

Џган би сакал да го гледам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.188
Поени од реакции
10.204
Се надевам ќе ги прикаже некогаш МРТ 1 Џган и Олободување на Скопје од Шербеџија.

Џган би сакал да го гледам.
Ослободување на Скопје или за 8ми септември или таму ноември кога е ослободено Скопје. :D
 
B

Blade Torch

Гостин
Комплетно заборавив, а сакав Лазар да го изгледам :tapp: Ако се стави филмот на нет, кажете.
 
B

Blade Torch

Гостин
Го изгледав Лазарот. Добар. Глумата добра, после којзнае колку време фин саундтрак во наш филм ( не мислам на кеш-кеш :ROFLMAO:)
Самиот крај според мене малце преиздрамиран. 7ца од мене.

Наташа ми е симпатија, би ја земал за жена. Ама овие трчаа комплет да ја соблечат :( Ај ќе си најдам друга...
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.860
Поени од реакции
1.611
Чисто информативно утре во 20.00 МТВ ќе го емитува филмот Деца на сонцето.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
„Збор“ дефинитивно се искачи на првото место на листата - најлош македонски филм на сите времиња. Зошто ли си потрошив цел саат и пол и тоа баш на Божиќ за ова срање? „Златна петорка“ за ова е „Кум“!
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.971
„Лазар“, прилично добар потенцијал, но имам впечаток на недовршена приказна, финишот некако ко недоречен.

Актерите одлични, посебно Наташа, кај Ведран се чувствува дека не му е мајчин македонскиот ама му простувам заради убавина. :love: Лилиќ почна да иритира откако му се слуша гласот во синхронизации на турски серии, ваму беше солиден.

Доловена современата мизерија на нашево општество (максимално се испровоцирав на сцената со интервјуто за пасошот), но мислам дека можеле да се потрудат повеќе во однос на сценариото, дијалозите ми беа некако штури.

Сѐ на сѐ 7ка мислам дека му е таман.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom